Германскиот шеф на тајната служба бил во Киев, изненаден од инвазијата, и денеска бил итно евакуиран


  Претседателот на германската Федерална разузнавачка служба (БНД), Бруно Кал, мораше набрзина да биде евакуиран од Киев откако рускиот напад врз Украина, наводно, го изненадил. Според германскиот медиум „Фокус“, Кал отпатувал во главниот град на Украина пред неколку дена за да разговара со неговите украински колеги за информации околу ситуацијата. Според извештајот, Кал ја пропуштил […]

Британија воведе санкции против Путин и Лавров


  Велика Британија веднаш ќе воведе санкции против рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, покрај пакетот санкции објавен во четвртокот, им рекол премиерот Борис Џонсон на лидерите на НАТО за време на самитот попладнево, според Даунинг стрит. Џонсон ги повика британските сојузници веднаш да ја исклучат Русија од системот за […]

Русите го „разбудија“ Чернобил, закана и од другите четири нуклеарки во Украина


Украинската потврда дека руските војници ја презеле контролата врз нуклеарната централа во Чернобил предизвика стравувања дека борбите во областа може да доведат до еколошка катастрофа. „Ризикот од случајно гранатирање што ќе предизвика вистинска нуклеарна катастрофа е реален“, рече Ив Марињак, француски нуклеарен експерт од здружението Негават. Нуклеарните реактори во Чернобил, местото на најразорната нуклеарна катастрофа […]

Западот бара од Кина да застане зад суверенитетот на Украина


Во разговорите со неговите колеги од ЕУ, со францускиот и со британскиот, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји посочил дека Пекинг не стои зад руската војна, иако дипломатите предупредуваат дека тоа ќе се види според реакцијата на Кина во ОН. Во разговор со француски функционер за  украинската криза  Ванг рекол дека е  „неопходно да […]

И Фијон се засрами, најави повлекување од позициите во руските компании


Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон изјави дека ќе поднесе оставка од членството во бордот во руските петрохемиски и нафтени компании Сибур и Зарубешнефт, објави „Ле Журнал ду Диманш“. Тој беше критикуван за неговите врски со Русија и за останувањето во бордовите на тие компании откако Русија ја започна својата инвазија на Украина. Тој се приклучи […]

Русија се уште не успева да ги освои украинските градови


Русија денес оствари територијални придобивки, но тие главно беа во руралните области, додека Украина ја задржува контролата врз нејзините клучни градови, проценија западни извори. Сепак,Русите издадоа остро предупредување: Москва може да прибегне кон неселективна употреба на индиректен оган, преку артилериски системи и термобарично оружје, доколку продолжи да не ги исполнува своите временски рокови и цели. […]

Ердоган лут: Западните сили само делат совети на Украина, ова не е солидарност


НАТО би требало поодлучно да дејствува во однос на руската инвазија врз Украина, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган пред медиумите во Истанбул на сличен начин испрати критики и до Европската унија поради „неделувањето“ и отстуството од демонстрација на „сериозен, конкретен став“. „Западните сили само и делат совети на Украина“, рече Ердоган, додавајќи […]

Советот на Европа ја суспендира Русија од членството


Советот на Европа денеска ја почна процедурата за суспендирање на членството на Русија во оваа организација, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Русија е членка на 47-членото тело за човекови права од 1996 година. Таа беше исклучена од Парламентарното собрание на Советот на Европа поради анексијата на Крим во 2014 година, но во 2019 година беше […]

Путин ги повика украинските војници да ја земат власта од „наркоманите и неонацистите“


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го повика воениот персонал на украинските вооружени сили да ја преземат власта во Киев во свои раце.Тој изјавата ја даде на итниот состанок на рускиот Совет за национална безбедност. -Уште еднаш апелирам до воениот персонал на вооружените сили на Украина: не дозволувајте неонацистите да ги користат вашите деца, жени и […]

Гучи мокасините на Италија поважни од животите на Украинците


Украинските медиуми пишуваат дека за 36 часа од војната убиле 2.800 руски војници, уништиле 80 тенкови, 516 воени возила и урнале 10 борбени авиони. Иако бројките се земаат со резерва, и да се приближно точни тие се големи, бидејќи САД за две години војна во Ирак загубиле 4.431 војник.  И покрај ваквите напори на Украинците, […]

Германска иронија – петте илјади шлемови тргнаа на пат кон Украина


  Поминаа добри четири недели откако Германија понуди да и испорача 5.000 воени шлемови на Украина – како придонес за можна самоодбрана, која сега стана реалност. Сега очигледно и тие се на пат – со два камиони кон Украина, како што пренесува германската агенција за печат, без да именува извор. Се вели дека тие се […]

Лавров ќе убива Украинци, па ќе лета за Женева да зборува за човекови права


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по масовните убивања во Украина, најслободно ќе лета за Женева на 28 февруари, за да им држи говор на западните лидери за човековите права. Ова тој го најави на неговиот твитер профил.  Тој ќе учествува на седница на  Советот за човекови права на ОН и ќе зборува на […]

Германија се брани за блокадата на санкциите со SWIFT


„Можам да разберам – се чувствувам на ист начин – дека емоциите се зголемуваат во овие минути и часови, и дека зборовите како договорот за SWIFT звучат многу остро“, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок по пристигнувањето на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.  „Но, во овие моменти, и покрај […]

Економскиот советник на Олаф Шолц го критикува канцеларот околу двоумењето за Свифт


  Моника Шницер, една од најистакнатите германски економисти и членка на германскиот Совет на економски експерти, кој ја советува владата, денеска посочи дека не било во ред канцеларот Олаф Шолц што се двоумел да ја исклучи Русија од платниот систем Свифт. „Неразбирливо е зошто постои двоумење да се користи Свифт како инструмент за санкционирање. Не […]

Поранешeн украински амбасадор во Брисел: Засрамете се, лидери на ЕУ!


„Може ова ми се последни зборови. Затоа, да ви кажам како се чувствував кога ги слушав лидерите на ЕУ како ги објавуваат своите санкции: треба да се срамите до крајот на животот што не оставивте сами во овој момент да се соочиме со руската агресија“, рече поранешниот амбасадор на Украина во ЕУ, Костијантин Јелисиев. „Вчера […]

Стано: Путин се однесува како нацист


Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска во Брисел изјави дека никој не може да ја превиди крајната цел на руската воена инвазија на Украина и ги отфрли објаснувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека се работи за спречување на геноцид и „денацификација“ на Украина. „Тоа е целосно бесмислено, бидејќи тој е оној кој го извршува […]

Путин нема да запре кај Украина, предупредува Ходорковски


  Путин не е чист прагматичар и неговите следни потези ќе бидат обоени со емоции, предупреди денеска на прес-конференција Михаил Ходорковски, протеран руски олигарх и критичар на Кремљ. Една од тие емоции ќе биде да се казни НАТО и за тоа Путин треба да оди подалеку од Украина, предупреди тој. На рускиот претседател сигурно му […]

ЕУ се подготвува да го замрзне имотите на Путин и Лавров


  ЕУ се подготвува да ги замрзне средствата и имотите на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пишува „Фајненшл тајмс“. Министрите за надворешни работи планираат да го одобрат пакетот санкции попладнево, заедно со голем број мерки против руските банки и индустријата, цитира […]

Украински војници му рекле на руски офицер „оди е.и се“ пред да загинат на остров


  Украинските војници кои загинаа бранејќи остров во Црното Море од бомбардирање од воздух и море, наводно, му рекле на офицер на воен брод на руската морнарица да „оди еби се“ кога побарал да се предадат. Имаше 13 граничари стационирани на Змискиот остров, карпест остров од околу 16 хектари во сопственост на Украина, кој се […]

Зеленски остро до Марио Драги: „Следниот пат ќе се обидам да ја сменам агендата на војната“


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски му возврати на Марио Драги, откако италијанскиот премиер им кажа на новинарите дека тој и Зеленски имале закажан разговор за петок наутро, но повикот не може да се оствари бидејќи Зеленски „повеќе не бил достапен“. Зеленски возврати, твитувајќи: „Денеска во 10:30 часот на влезовите во Чернихив, Хостомел и Мелитопол имаше […]