Во војната во Украина досега загинаа 28 деца


 За осум дена, колку што трае руската инвазија врз Украина, загинаа 28 деца, а 64 се ранети во руските напади. Информацијата ја соопшти Дарија Херасимчук, советничка на украинскиот претседател за правата на децата и рехабилитација, јави Укринформ. – Уништени се породилишта, градинки, училишта. Околу еден и пол милион деца, останаа во области погодени од гранатирање […]

Зеленски преживеал три обиди за атентат за неколку дена


Украинскиот медиум „Индепендент“ објави дека две различни групи беа испратени да го убијат претседателот Володомир Зеленски, но и двете биле спречени од антивоени елементи во руската Федерална служба за безбедност. Извор близок до платеничката група „Вагнер“ изјавил за медиумот дека е „морничаво“ колку добро  е информиран безбедносниот тим на Зеленски.

НАТО ќе се брани само себе


НАТО ќе ги брани сите свои сојузници и територијата од руски напад, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел, пишува Ројтерс. „НАТО е одбранбен сојуз. Не бараме конфликт. Но, ако дојде до конфликт кај нас, ние сме подготвени за тоа и ќе ја […]

Нобеловци повикаа на мир во Украина


Германија – Повеќе од сто добитници на Нобеловата награда потпишаа повик за мир во Украина и ја повикаа Русија да ја повлече војската, објави германската новинска агенција ДПА. Научниците, во декларацијата објавена синоќа, велат дека науката ставила моќно оружје во рацете на политичарите, но дека тоа мора да се користи за мирољубиви цели. „Откривањето на нуклеарната физија […]

Ги Верхофштад бара целосно ембарго за рускиот гас


Поранешниот премиер на Белгија и член на Европскиот парламент, Ги Верхофштад, ужаснат од сцените од Украина и масовното ракетирање на цивилни цели, повика денес на целосно ембарго за купување на рускиот гас и за исклучување на сите руски банки, а не само одредени, од системот за финансиско плаќање СВИФТ. Украинските политичари и медиуми секојдневно повикуваат […]

Каспаров до Западот: Го убедивте Путин дека нема да го спречите


Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, го повика светот да реагира додека цената за сопирањето на Владимир Путин не стане превисока. Каспаров, кој по потекло е од СССР а живее надвор од Русија, изјави дека ова што го гледаме сега во Украина е веќе Трета светска војна. -Путин јао започна одамна и Украина е […]

(Видео) Вака изгледа најголемиот авион на светот целосно уништен


Антонов Ан-225 , најголемиот во светот, беше уништен пред неколку дена во напад на аеродромот Хостомел во близина на Киев. Сега се објавени снимки на кои се гледа дека од авионот не останало речиси ништо. Видеото од аеродромот Хостомел го објави руската државна телевизија. Новинарот рече дека аеродромот е под контрола на руските воздухопловни сили […]

Колку беше опасно руското гранатирање на нуклеарната централа?


  Најголемата европска нуклеарна централа беше погодена од руски гранати рано во петокот, предизвикувајќи пожар во еден од нејзините шест реактори и зголемувајќи ги стравувањата од катастрофа што би можела да ја погоди цела централна Европа со децении, како што беше топењето на Чернобил во 1986 година. Загриженоста исчезна откако украинските власти објавија дека пожарот […]

Морничави сцени од бомбардирањата на Русија во Чирнихив и околината на Киев (ВИДЕО)


На  локалните медиуми во Украина е објавено морничаво видео за последиците од руските воени напади врз станбен комплекс во Чернихив, додека ја спроведуваат опсадата на клучните украински градови, Мариупол и Харков. На видеото се гледа погодено дете и осакатени луѓе пропратено со ужасни врисоци во заднина. Во нападите загинаа неофицијално 47 луѓе. Југоисточниот град Мариупол […]

Зеленски за нуклеарката: Доколку имаше експлозија, тоа ќе беше крај за сите


Украинските власти потврдија дека руските сили сега ја контролираат најголемата нуклеарна централа во Европа „Запорожје“, која ноќеска беше нападната и гранатирана, при што се запали еден објект. „Оперативниот персонал ја следи состојбата на погоните. Целиот персонал продолжува со својата работа“, кажаа локалните власти. Светските лидери ја обвинија Русија за загрозување на безбедноста на целиот континент, […]

Џонсон да ги смести украинските бегалци во палатите на руските олигарси


Англија– Градоначалникот на украинскиот град Лавов го повика британскиот премиер Борис Џонсон да ги смести украинските бегалци во лондонските куќи на руските олигарси. „Она што ни треба сега е Борис Џонсон да почне да ги замрзнува банкарските сметки на руските олигарси во Лондон и да ги заплени нивните луксузни вили“, изјави Андриј Садови за Гардијан […]

Руската Дума усвои драконски казни за ширење „лажни информации“ околу инвазијата


  Руската Дума усвои закон со кој драконски ќе се казнува „ширењето на свесно лажни информации“ за дејствијата на руската војска. Со законот се воведува нов член во Кривичниот законик. Максималната казна за тоа е 15 години затвор. Претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин рече дека законот ќе биде разгледан од Советот на Федерацијата на […]

Подолјак: Само „затворено небо“ над Украина ќе ја запре ескалацијата


Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Михаило Подолјак изјави дека е време Западот да ја преземе одговорноста за завршување на војната во Украина. „Логиката на оваа војна е акумулација на ракетни и воздушни напади врз цивилната инфраструктура, големите градови и цивилите. Само „затворено небо“ остро ќе ја запре ескалацијата. Време е западните партнери […]

САД: Не им треба тест за Ковид-19 на Американците од Белорусија и Русија


САД – На Американците кои ги напуштаат Белорусија и Русија, нема да им се бара негативен тест на Ковид-19 при враќање дома, соопшти Стејт департментот. Американските центри за контрола и превенција на болести информираа дека ќе го искористат своето дискреционо право да им дозволат влез на државјаните на САД, постојаните жители и лица со валидни имигрантски […]

Членовите на Арктичкиот совет нема да одат во Русија на состаноци


Русија – Осумчлениот Арктички совет соопшти дека неговите претставници нема да патуваат во Русија на состаноците на телото и оти „учеството на сите состаноци е привремено суспендирано“. Во соопштението, членовите на Советот – Канада, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Русија, Шведска и САД, „ја осудуваат неиспровоцираната руска инвазија врз Украина и констатираат сериозни пречки во меѓународната соработка, […]

Нема жртви, но има ранети во нападот врз нуклеарната електрана Запорожје


Украина – По извршениот увид во петкатницата за обука на нуклеарната електрана Запорожје во Енергодар, констатирано е дека гореле просториите на третиот, четвртиот и петтиот кат. Жртви нема. Градоначалникот на Енергодар Дмитриј Орлов информира дека има повредени во судирите кај нуклеарната централа Запорожје. Во гаснењето на пожарот во АЕЦ Запорожје учествувале 40 лица и 10 парчиња опрема, соопшти Министерството за вонредни ситуации […]

Руските елитни ќерки го користат Инстаграм за да ја осудат инвазијата на Путин на Украина


Русија– Младите руски елити се залагаат за мир во Украина на социјалните мрежи, истакнувајќи ја генерациската поделба што ја загрозува моќта на Путин во Русија. Руските елити кои јавно протестираат против војната вклучуваат деца на олигарси и владини функционери блиски до Путин. Софија Абрамович е 26-годишен професионален јавач на коњи. Во објавата на нејзината приказна […]

Шолц бара од Шредер да ги прекине деловните врски со Русија


Белгија– Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера побара од поранешниот канцелар Герхард Шредер да поднесе оставка од неговите позиции во руските државни компании, јави ДПА. Шредер (77) важи за долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, што доведе до многу критики во Германија, особено откако Русија ја нападна Украина минатата недела. Шредер е претседател на надзорниот […]

Русија го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си и Радио Слободна Европа


Русија – Руското тело за надзор на комуникациите го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си, како и до Радио Слободна Европа и медиумот Медуза, јавија некои руски медиуми. Руското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека британската радиодифузна корпорација (Би-Би-Си) се користи за поткопување на внатрешната политичка ситуација и безбедноста во Русија. 

САД им доделуваат „статус на привремена заштита“ на Украинците


САД – САД соопштија дека ќе им доделат „статус на привремена заштита“ на Украинците во земјата во следните 18 месеци. Потегот на Министерството за внатрешна безбедност им овозможува на Украинците кои моментно се наоѓаат во САД да останат во земјата и ја отстранува заканата од депортација. – Намерниот и неиспровоциран напад на Русија врз Украина доведе […]