Санкциите против Русија се закана за целиот свет, вели Путин


  Владимир Путин ги осуди западните санкции наметнати поради руската војна во Украина како треска што претставува закана за целиот свет. Во говорот на економскиот форум во Владивосток, тој рече дека Русија се справува со економската „агресија“ на Западот. Но, рускиот претседател предупреди дека квалитетот на живот на Европејците е жртвуван на санкции додека посиромашните […]

Балтичките земји забранија влез за Русите


Балтичките држави Литванија, Латвија и Естонија постигнаа начесно договор со кој целта е да се забрани влез за рудки државјани кои во тие земји сакаат да влезар од Русија и од Белорусија,потврди латвискиот шеф на дипломатијата Едгарс Ринкевичс. Од друга страна рускиот претседател Владимир Путин, на Источноевропскиот форум во Владивосток рече дека Русија можеби е […]

Путин најави нови рути на житото – до сиромашните земји нема да стигне


  Рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше извозот на жито од Украина, договорен од Обединетите нации, оценувајќи дека житото нема да стигне до сиромашните земји и оти моменталната криза со храна може да стане хуманитарна катастрофа. Со ваквите коментари расте загриженоста за судбината на договорот на Обединетите нации и Турција за транспорт на милиони тони […]

Сечуан: Уште спасуваат луѓе од земјотресот, а им се закануваат поплави


 Спасувачките екипи вложуваат големи напори да спасат луѓе по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го потресе округот Лудинг во југозападната кинеска провинција Сечуан. Метеоролозите за денеска најавуваат врнежи од дожд во регионот, што дополнително ќе ја отежнат спасувачката операција. Најмалку 66 лица загинаа во потресот, 15 се водат за исчезнати, […]

Десет лица загинаа во налетот на тајфун во Јужна Кореја


Десет лица загинаа во тајфунот што го погоди јужниот брег на Јужна Кореја, го соопштија утринава локалните власти новиот биланс на загинати. Тајфун пропратен со обилни врнежи ја погоди Јужна Кореја на почетокот на неделата. Се верува дека тоа е најсилниот тајфун што ја погодил земјата во последните децении. Повеќе од 4.700 луѓе беа принудени […]

Пакистан се бори со поплавите, дождовите го оштетија археолошкиот локалитет Мохенџо Даро


Во Пакистан, кој е погоден од поплави, каде што во сезоната на монсуните загинаа стотици лица, дождовите сега му се закануваат на познатиот археолошки локалитет стар 4.500 години, изјави највисокиот претставник на локацијата. Урнатините Мохенџо Даро, лоцирани во јужната провинција Синд во близина на реката Инд и дел од светското наследство на УНЕСКО, се сметаат […]

ОН: Климатските промени ќе предизвикаат влошување на квалитетот на воздухот


  Поради климатските промени екстремните горештини и шумските пожари ќе станат почести, поинтензивни и подолги, што ќе го влоши квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето, предупредуваат Обединетите нации. Според синоќа објавениот извештај на Светската метеоролошка организација, се поизразеното загадување заедно со загревањето на планетата ќе има последици врз климата, поради што ќе страдаат милиони […]

Виетнам: Во пожар во караоке бар 12 загинати и 11 повредени


  Во пожар што во текот на претходната ноќ избувна во караоке бар во место во близина на Хо Ши Мин на југот на Виетнам, 12 лица загинаа, а 11 се повредени, соопштија локалните власти. „Спасувачките екипи се на лице место во потрага по жртви“, изјави неименуван локален функционер. Според него, причината за пожарот се […]

Русија купува оружје од Северна Кореја за да војува во Украина


Русија купува милиони артилериски гранати и ракети од Северна Кореја, покажувајќи ги  проблемите во синџирот на снабдување со воена опрема, објави во вторникот „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на декласифицирано американско разузнавање. Точното оружје, времето и големината на пратката остануваат нејасни, но американските власти нагласија дека очекуваат Русија да купи дополнителен воен материјал од Пјонгјанг додека […]

Двајца загинати во пожар во Калифорнија, илјадници се загрозени


  Најмалку две лица загинаа, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови откако избувна шумски пожар на подрачјето на Лос Анџелес во Калифорнија, која моментално страда од екстремни горештини. Според првиот извештај на пожарникарите, едно лице е хоспитализирано со тешки изгореници. Пожарникарите повикаа на евакуација на повеќе од 3.000 жители, а во исто […]

Ирска го ограничува затоплувањето на јавните простории, ги затвора празните канцеларии


  Ирска во рамки на мерките за заштеда на енергија ќе го намали греењето во јавните згради и ќе ги повика вработените во јавниот сектор да работат во канцеларии на ист кат, соопшти министерот за енергетика Имон Рајан. Согласно владините мерки за штедење. сите јавни згради, со исклучок на социјалните институции како што се болниците, ќе […]

САД утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета


САД денеска соопштија дека утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета. Претходното известување за таков ракетен тест е многу невообичаено, но има за цел да избегне какво било влошување на тензиите со Русија во екот на конфликтот во Украина, посочуваат западните медиуми. – Ова тестирање на невооружената ракета „Минутмен три“ ќе биде утре наутро, на 7 […]

Само во Русија олигарси паѓаат од прозорци


Откако претседателот на управниот одбор на најголемата руска приватна нафтена компанија почина наводно случајно паѓајќи од болнички прозорец, што руските новински агенции го опишаа како несреќа, многумина се прашуваат дали сомнителните смртни случаи меѓу руските олигарси кои го критикуваат претседателот Владимир Путин станаа пречести за да бидат  сосема случајни. Во соопштението од неговата компанија Лукоил […]

Бројот на загинати руски војници надмина 50.000, тврди Киев


  Огромна експлозија на автомобил-бомба во вторникот го осакати рускиот командант на окупиран украински град, што е последен обид за атентат врз промосковски функционер. Снимката од Бердјанск покажува запалени остатоци од автомобил за кој се вели дека му припаѓаат на Бардин Артем Игоревич, воениот командант назначен од Москва да го надгледува градот окупиран од Русија […]

Словачката Влада нема да бара гласање доверба и покрај загубеното мнозинство


Словачката Влада не планира да бара гласање доверба во парламентот по заминувањето на коалицискиот партнер, што ја чинеше централнодесничарската влада губење на парламентарно мнозинство, изјави денеска премиерот Едуард Хегер. Британските медиуми пренесуваат дека словачката Влада доживеа потрес откако партијата Слобода и солидарност (СаС) ја напушти владејачката коалиција поради конфликт со нејзиниот поранешен член, а сега […]

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов го напушта Брисел по рекордни 17 години


Белгија– Рускиот амбасадор во Европската Унија, Владимир Чижов го напушта Брисел по рекордни 17 години минати на оваа позиција, јави порталот ЕУРАКТИВ.ком, пренесе Бета. Сè уште не е откриено кој ќе биде негов наследник. Петер Стано, портпарол на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека тоа е „стандардна процедура“ и оти се очекува да […]

МААЕ: Потребни се итни мерки за спречување на нуклеарна несреќа во Запорожје


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска го објави извештајот за Украина во кој наведува дека има итна потреба да се воведат привремени мерки за да се спречи нуклеарна несреќа што е резултат на физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје. МААЕ соопшти дека е подготвена веднаш да почне консултации што би довело до итно формирање […]

Деветмина алпинисти загинаа, тројца спасени од леден вулкан на Камчатка


  Русија- Тројца преживеани членови на група алпинисти, заробени на највисокиот леден активен вулкан во Русија во Евроазија, денеска се спасени, откако девет планинари од групата загинаа при искачувањето, соопшти регионалното Министерство за итни ситуации. Група од 12 лица, меѓу кои и двајца водичи, пред една недела започна да се искачува на Кључевска Сопка, врв […]

ЕУ: Предност за бивалентните вакцини против коронавирус да имаат високоризичните групи


Белгија– Претставници на ЕУ денеска препорачаа две вакцини прилагодени на подваријантата омикрон, која е неодамна одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), да се користат кај лица со висок ризик. Вакцините се развиени од Модерна и тим научници од Фајзер и БиоНТек, а се работи за таканаречена бивалентна вакцина против БА.1 варијантата на омикрон и против […]

Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго – ЕК предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија


  Белгија– Европската Унија (ЕУ) денеска предложи целосна суспензија на договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија. Тоа значи дека руските граѓани ќе плаќаат повеќе, а постапката за издавање визи ќе трае подолго. Предлогот следува откако минатата недела во Прага, министрите за надворешни работи на земјите членки постигнаа политички договор по ова прашање. Комисијата објави […]