ФИФА: Фудбалерите не се приоритетна категорија за вакцинирање против Ковид-19


Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино оцени дека фудбалерите не би требало да бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат против Ковид-19, иако некои држави веќе почнаа со вакцинирање на своите спортисти или планираат да го сторат тоа пред летните Олимписки игри во Токио. Сепак, првиот човек на ФИФА, која започна кампања со Светската здравствена […]

Данска остана светски првак во ракомет


Данска ја одбрани титулата светски првак во машкиот ракомет, откако вечерва ја совлада Шведска со 26:24 (13:13) во „скандинавското финале“ на Мундијалот во Египет. Најзаслужни за триумфот на Данците во Каиро беа Микел Хансен со седум голови и фантастичниот Никлас Ландин со дури 15 одбрани. Иако Шведска ја имаше предноста во поголемиот дел од првото […]

Пандев се искачи на врвот во Серија А според бројот на настапи од клупа


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го израмни денеска рекордот во Серија А според бројот на натпревари на кои влегол во игра од клупата за резервни фудбалери, објави Опта Паоло, италијанската верзија на статистичката платформа. Пандев, попладнево влезе во игра во 71 минута во триумфот на Џенова на гостински терен над Кротоне до 3:0, […]

Шпанија ја совлада Франција за бронза на ракометниот Мундијал


Актуелниот европски првак Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство за ракометари, откако попладнево ја совлада Франција со 35:29 (16:13). Шпанците доминираа во „малото финале“ и уште од почетниот удар беа во континуирано водство кое на моменти во првото полувреме изнесуваше и пет голови разлика. Французите се доближија на гол негатива на почетокот на второто полувреме […]

Мукаетов по трет пат реизбран за претседател на Ракометната федерација


Бизнисменот Живко Мукаетов ќе остане на чело на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) и во следните четири години. Одлуката е донесена на редовното изборно собрание на РФМ попладнево во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на кое Мукаетов, како единствен кандидат, ја доби поддршката од 51 од вкупно 54 делегати. За првиот човек на фармацевтската компанија „Алкалоид“ ова […]

На Австралија опен можат да присуствуваат најмногу 30 илјади гледачи дневно


Не повеќе од 30 илјади навивачи на ден ќе можат да присуствуваат на натпреварите на Австралија опен, пренесува Ројтерс. Ова го објави министерот за спорт на Викторија, Мартин Пакула. За последните пет дена од турнирот, не смее да има повеќе од 25 илјади гледачи на ден. – За 14 дена на турнирот ќе можат да […]

Данска и Шведска во финалето на Светското првенство во ракомет


Репрезентациите на Данска и Шведска ќе играат во финалето на Светското ракометно првенство што се игра во Египет. Вечерва Данците во драматичен финиш ја победија репрезентацијата на Шпанија со 35 спрема 33, додека во првото полуфинале Швеѓаните беа подобри од  Франција со 32:26 (16:13). Двата натпревари ќе се играат в недела.  

Коронавирус во редовите на Баерн Минхен


Германија– Фудбалерите на актуелниот европски првак Баерн Минхен, Леон Горецка и Хави Мартинез, се заразени со коронавирус и нема да конкурираат за настап на саботниот бундеслигашки натпревар против Хофенхајм. Покрај Горецка и Мартинез, тренерот на актуелниот лидер во германското првенство Ханси Флик нема да може да смета за претстојниот дуел ниту на Корентин Толисо, поради повреда. Баерн […]

Рамос на 30 јуни ќе го напушти Реал


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, јави дописникот на телевизијата „Ел Чирингито“, Хосеп Педрерол. Реал Мадрид веќе му понуди на Рамос да го продолжи договорот. Флорентино Перез во хотелската соба лично му кажа што може да му понуди. Перез побара од играчот да му ја скрати […]

УЕФА планира да ја реформира Лигата на шампионите до 2024 година


 Европската фудбалска федерација развива нов формат за Лигата на шампионите, пренесува „АС“. Според изворот, претседателот на организацијата, Александар Чеферин, преговара со пет претставници на Европската клупска асоцијација (ЕЦА): Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер јунајтед, Фенербахче и ПСЖ. УЕФА, наводно, планира да им даде на најголемите клубови во Европа повлијателна улога на новиот турнир и има намера […]

Роналдо под истрага за кршење на здравствениот ковид протокол


Италија– Италијанската полиција истражува потенцијално кршење на здравствените ковид протоколи од страна на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој наводно патувал во ризичниот регион Вале д’Аоста, на североистокот на Италија. Локалната полиција, како што јави италијанската агенција АНСА; потврди дека во тек е истрага за дводневниот престој на Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез, во вторникот и […]

Помошникот на Червар нов селектор на хрватските ракометари


Хрвоје Хорват е назначен за нов селектор на хрватската ракометна репрезентација на местото на Лино Червар, кој по елиминацијата во групната фаза на тековното Светско првенство поднесе неотповиклива оставка. Хорват беше дел од стручниот штаб на хрватската репрезентација на Мундијалот во Египет како помошник на Червар. Неговото назначување доаѓа откако раководството на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) попладнево […]

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за ЕП до 21 година


Македонската репрезентација до 21 година ги доби противниците во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2023 кое ќе се игра во Романија и Грузија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат во групата Х со Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Составот на другите групи е: Група А: Хрватска, Австрија, Норвешка, Финска, Азербејџан, Естонија. Група […]

Кирјакидес: Без напредок во преговорите меѓу ЕУ и „АстраЗенека“


Европската унија и компанијата „AстраЗенека“ не успеаја да дојдат до напредок во разговорите за одложената испорака на вакцини против коронавирусот, соопшти синоќа еврокомесарката за здравство, Стела Кирјакидес. „Жал ни е поради континуираниот недостаток на јасен план за испорака“, напиша Киркјакидес за Твитер. Британските медиуми пренесуваат дека еврокомесарката посочува дека ЕУ побарала јасен план од „АстраЗенека“ […]

Анѓушев го напушти спонзорирањето на  ФК „Борец“


Претседателот на ФК „Борец“ и негов спонзор преку неговата компанија „Брако“ Кочо Анѓушев попладнево на фудбалскиот стадион во Велес по завршување на пријателскиот натпревар Борец – Тетекс на  фудбалерите на ФК „Борец“  им соопштил дека го напушта клубот и го прекинува спонзорирањето. Со ова се доведува во прашање иднината на ФК „Борец “ и неизвесото […]

Тухел седна на клупата на Челзи


Поранешниот стратег на францускиот првак Пари Сен Жермен, Германецот Томас Тухел, вечерва официјално е назначен за нов тренер на премиерлигашот Челзи. Тухел потпиша договор на 18 месеци, со можност соработката да биде продолжена за уште една година, соопшти клубот од Лондон. Тухел, кој освои две последователни шампионски титули со екипата на Пари-Сен Жермен пред да […]

Брестовац не е повеќе селектор на машката ракометна репрезентација


  Селекторската позиција на македонска ракометна репрезентација остана празна, откако Ракометна федерација на Македонија (РФМ) и Данило Брестовац ја прекинаа соработката. Македонија под водство на Брестовац, играше на Европското првенство минатата година и на Мундијалот во Египет и не успеа да забележи некој посериозен резултат. Напротив, резултатите беа далеку под очекувањата. Брестовац позицијата селектор на […]

Настраданите бразилски фудбалери биле позитивни на корона вирус


Четворицата бразилски фудбалери, кои загинаа во авионска несреќа во неделата, патувале одделно од остатокот на тимот, бидејќи биле позитивни на коронавирус, соопшти денеска нивниот клуб Палмас. Во несреќата што се случи при полетувањето на авионот на аеродромот во Лузимангуеш, животот го загубија и полотот, како и директорот на бразилскиот четвртолигаш Палмас. Агенцијата Асошиејтед прес, цитирајќи го клупскиот портпарол, Изабела Мартинс, јави […]

Започнува донаторска кампања за спас на ФК Вардар


Раководството на Културно – просветно друштво „Вардар“ денес изрази загриженост поради финансиската криза во која се наоѓа ФК Вардар и започна Иницијатива за спас на клубот. – Кризата во Вардар е закана по иднината, па дури и опстанокот на нашиот најголем фудбалски бренд. ФК Вардар е најпопуларниот и најсаканиот фудбалски клуб во Македонија со огромен […]

Живко Мукаетов уште четири години на чело на РФМ со целосна поддршка на клубовите


Живко Мукаетов ќе продолжи да раководи со Ракометната Федерација на Македонија и во наредните четири години, откако актуелниот претседател ја доби поддршката на сите клубови и ракометни здруженија во пресрет на Изборното собрание што ќе се одржи в недела во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Сите ракометни колективи со право на глас и писмено му […]