Ги има на терен, но, не и на ТВ, за жените во спортот се известува ретко


Дваесет спроти осумдесет е процентуалната застапеност на медиумски содржини што опфаќаат спортски натпреварувања во женски категории кај нас, покажува анализата на МИА, која опфати неколку федерации, телевизии и спортски веб-портали. Ги има на терен, но не и на телевизија, за нив може да се слушне малку, и тоа најчесто само на спортските веб-портали. Изворите велат, […]

Јунајтед стави крај на победничката серија на Сити вo 159-то манчестерско дерби 


Фудбалерите на Манчестер јунајтед вечерва со гостинска победа од 2:0 над Манчестер сити во натпревар од 27. коло во Премиер лигата ставија крај на неверојатната серија од 21. последователна победа на градскиот ривал во сите натпреварувања. Победничката низа на тимот на Пеп Гвардиола во 159 градско дерби ја прекинаа Бруно Фернандеш, со прецизен удар од 11 […]

Саудиски принц купува француски фудбалски клуб 


Саудиска Арабија– Саудискиот принц Абдула бин Салман бин Абдулазис Ал Сауд, кој е сопственик на англискиот премиерлигаш Шефилд јунајтед, потврди денеска дека ќе го преземе управувањето со францускиот фудбалски второлигаш Шатеру. Ал Сауд истакна дека му дал одобрување на директорот на својата компанија „Јунајтед Ворлд“ да склучи купопродажен договор со раководството на Шатеру, додавајќи оти […]

Почнаа изборите за претседател на фудбалскиот клуб Барселона


Претседателските избори во фудбалскиот клуб Барселона почнаа претпладнево и до крајот на денот каталонскиот клуб ќе добие ново раководство. Во претседателската трка учествуваат тројца кандидати – Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фрејша, а право на глас имаат 87.749 членови. Од тројцата кандидати, само Лапорта се бори за втор мандат. Тој беше на чело на Барселона од […]

„Сантијаго Бернабеу“ ќе биде целосно реконструиран до есен 2022 година


 Градежните работи на трансформација на „Сантијаго Бернабеу“ во најмодерен стадион во светот се одвиваат со задоволително темпо и се очекува да финишираат во рок од 18 до 21 месец. Иако сè уште не е завршена ниту половина од работата на реконструкцијата на стадионот, во Реал Мадрид се убедени дека „Сантијаго Бернабеу“ ќе добие целосно нов […]

Случајното играње со рака во фудбалот веќе нема да се санкционира како до сега


Телото задолжено за креирање на фудбалските правила (IFAB) одлучи денеска да воведе измени во одредбата поврзана со случајно играње со рaка на напаѓач во акција што резултира со постигнување гол.  „Случајното играње со рака што ќе доведе до тоа соиграчот во продолжение на акцијата да постигне гол веќе нема да се санкционира како прекршок“, одлучи IFAB на […]

CITROEN C4 е автомобил на годината, Peugeot има СУВ и електричен автомобил на годината


Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 26. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација и единствена од ваков вид во Македонија. Во Изборот учествуваат новинари со долгогодишни искуство и стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања. Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири […]

Норвежаните повикаа на бојкот на Мундијалот во Катар


Најтрофејниот норвешки фудбалски клуб Розенборг, како и уште четири други прволигашки екипи, повикаа на бојкот на Светското првенство што во 2022 година треба да се одржи во Катар поради извештаите за кршење на човековите права. Предлогот за бојкот на Мундијалот доби поддршка од 202 членови на генералното собрание на Розенборг, додека 46 се изјаснија против. -Доколку Светското првенство започне идната година во Катар, […]

Италијански епидемиолог побара масовна вакцинација во Серија А


Вакцинирање на сите фудбалери кои настапуваат во Серија А, препорача денеска раководителот на Инфективниот оддел во болницата „Сан Мартино“ во Џенова и еден од водечките италијански експерти за заразни болести Матео Басети. Тој истакна дека вакцинирањето на вкупниот број од околу 600 фудбалери ќе донесе повеќекратна корист. Ширењето на заразата меѓу спортистите би се спречило, би се избегнале одложувања натпревари, а […]

Џејмс Бонд го поздрави враќањето на „Астон Мартин“ во Формула 1


Англија– По пауза од 60 години, екипата на „Астон Мартин“ се враќа на трките во Формула 1, претставувајќи го денеска новиот болид „AMR21“ во кој во новата сезона ќе возат Себастијан Фетел и Ленс Строл. Екипата позната во минатото како „Рејсинг Поинт“, беше преименувана во текот на зимата, откако сопственикот Лоренс Строл ја презеде контролата врз управувањето со „Астон Мартин“. […]

Драган Стојковиќ – Пикси официјално селектор на Србија до 2024


Србија – Поранешниот прославен српски фудбалер и југословенски репрезентативец Драган Стојковиќ – Пикси денеска официјално е назначен за нов селектор на Србија. Пикси потпиша тригодишен договор со Фудбалската федерација на Србија и треба да остане на селекторското место до завршување на квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Тој доаѓа на местото на Славиша Тумбаковиќ, кој во декември поднесе оставка како селектор на […]

Буфон: Дефинитивно ќе престанам да играм во јуни 2023 година, но можеби и порано


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон објави дека најмногу што ќе остане активен на терените е до 2023 година. – Го имам зацртано во мојата глава, максимумот. После тоа, дефинитивно нема да играм. Се работи за јуни 2023 година. Ова е максимум, вистински максимум. Но, можам да ја завршам кариерата за четири месеци, соопшти 43-годишниот голман. […]

Попович го критикуваше гувернерот на Тексас за укинувањето на маските


Тренерот на НБА лигашот, Сан Антонио спарс, Грег Попович, изјави дека неговиот тим ќе ја игнорира одлуката на државата Тексас за укинување на задолжителното носење маски, нарекувајќи ја одлуката на гувернерот Грег Абот „несериозна“. Абот денес објави дека става крај на задолжителното носење маски во обид да се отвори Тексас „100%“, и покрај загриженоста на […]

Сребреното „порше“ на Марадона на аукција


Франција– Со почетна цена од 200.000 евра денес на аукциска продажба преку интернет ќе биде понуден автомобилот од марката „Порше 911“ кое во минатото го поседуваше аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона. Сребреното „порше“ се поврзува со последната сезона која Марадона ја играше во Европа, како член на шпанската екипа Севиља, откако отслужи 15-месечна забрана […]

Првата Иранка со олимписки медал доби статус на бегалец во Германија


Германија– Првата иранска носителка на олимписки медал, „бронзената“ во таеквондо од Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година, Кимиа Ализаде, доби статус на бегалец во Германија и најави настап на летната Олимпијада во Токио под знамето со бела боја, кое го симболизира Олимпискиот тим составен од бегалци. Ализаде пребегна во Германија минатата година, а имаше понуди да настапува […]

Олимпија сака да се игра со моите чевли: Серена Вилијамс во прва заедничка модна кампања со ќерка сѝ


САД– Серена Вилијамс и Стујарт Вајцман повторно се здружија во рекламна кампања, но овојпат Вилијамс го дели центарот на вниманието со мал помошник. Тениската ѕвезда позира за колекцијата на брендот за пролет 2021 година заедно со нејзината ќерка Алексис „Олимпија“ Оханиан Jуниор (3), која носи некои од новите стилови на брендот, кои иако се преголеми, […]

Почина фудбалската хрватска легенда Златко Крањчар


Хрватска– Легендарниот фудбалер на Динамо и поранешен хрватски тренер, почина денес во Загреб на 65-годишна возраст. Тој бил примен во болницата во Задар на 18 февруари поради проблеми со црниот дроб. По десетдневно лекување, Крањчар беше пренесен во Загреб поради влошената состојба, но лекарите не успеаја да му го спасат животот. Крањчар е роден во Загреб […]

Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу


Поранешниот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу беше уапсен утрово на 1 март во неговиот дом. Ова го објави на Твитер новинарката на „Каденасер“, Ана Панкси. Денес, канцеларијата во Барселона беше претресена во врска со случајот корупција на Бартомеу. Според истрагата, екс-шефот вршел трансакции во име на клубот со цел да добие личен профит. Бартомеу […]

Несторовски донесе победа за Удинезе


Екипата на Удинезе со голот на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски триумфираше попладнево на домашен терен над Фиорентина со 1:0 во рамки на 24 коло во Серија А. Несторовски, кој го одигра целиот натпревар, му донесе победа на својот тим со прецизен удар со глава во 86 минута. За Несторовски ова е втор гол сезонава во […]

Првиот човек на српскиот фудбал одби полиграф за вмешаност во планирање атентат врз Вучиќ


Србија– Претседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) Славиша Кокеза, кој денеска е приведен во рамки на истрагата против криминалната група на Вељко Беливук, одбил во текот на денот да биде подложен на полиграфско тестирање. Агенцијата Танјуг, повикувајќи се на белградскиот весник „Вечерње новости“ пренесе дека Кокеза одбил да одговори на прашање дали учествувал во […]