Надал победи и закажа спектакл против Ѓоковиќ


  Париз– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги сподели своите размислувања во пресрет на денешниот меч од второто коло на тенискиот турнир на Олимпијадата во Париз против Србинот Новак Ѓоковиќ. Во натпреварот од првото коло, Шпанецот го совлада Унгарецот Мартон Фучович во три сета – 6:1, 4:6, 6:4. – Очигледно е прекрасно да се игра против […]

Најдобриот мечувалец загуби, па направи хаос на Олимпијадата (видео)


Најдобриот мечувалец во светот, Грузиецот Сандро Базадзе, беше елиминиран во осминафиналето на Олимписките игри. Подобар од Базадзе беше Мохамед Амер со 15:14. Финишот на мечот привлече големо внимание бидејќи и двајцата ја славеа победата. Со оглед на тоа што Грузиецот веруваше дека го направил потегот за победа, беше шокиран од поразот, кој го прогласи судијката […]

Организацискиот комитет на Олимпијадата 2024 се извини за грешката со химната на Јужен Судан


Организацискиот комитет на Игрите 2024 беше принуден да се извини за интонирањето на погрешната химна на Јужен Судан. Ана Декамп, директорка за комуникации на Организацискиот комитет на Олимпијадата во Париз, се извини за грешката на организаторите и мешањето на химната на Јужен Судан пред натпреварот против Порторико. – Ако е така, се извинуваме, им рече […]

Второто тренинг пливање на триатлонците на Олимпијадата откажано поради квалитетот на водата во Сена


Второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата во Париз е откажано поради нечиста вода во Сена, објави прес-службата на организацискиот одбор на Игрите. Пливачкиот дел од триатлон требаше да се одржи во понеделник, 29 јули. Сепак, олимпискиот организациски комитет, Меѓународната триатлон федерација и локалните власти сметаа дека нивото на квалитетот на водата не дава доволно […]

Јапонија и Австралија најуспешни по вториот ден на Олимписките игри


Со по четири освоени златни медали, Јапонија и Австралија се водечки во поредокот на земји медалисти на Олимписките игри во Париз. Со по три злата од третата до шестата позиција се САД, Франција, Кореја и Кина. Италија, Казахстан, Белгија, Германија, Хонгконг и Узбекистан освоија по едно златно одличје. Вкупно 21 држава се закити барем со […]

Организаторите на Олимпијадата се извинија на христијаните за пародијата со Тајната вечера


Организацискиот одбор на Париз 2024 им се извини на католиците и другите христијански групи кои беа огорчени од сцената за време на церемонијата на отворањето што ја евоцира сликата на Леонардо да Винчи „Последната вечера“ со  трансродова манекенка и гол пејач  кој требаше да го преставува грчкиот бог на виното. Пародијата на библиската сцена, изведена […]

Холандскиот силувач на деца беше поздравен со свирежи и аплаузи на Олимпијадата


Осудениот силувач на деца, кој се натпреваруваше за Холандија на Олимпијадата во Париз 2024 година, беше дочекан со свирежи – и одреден аплауз – додека тој излезе на својот прв натпревар во одбојка на плажа во неделата. Стивен ван де Велде, кој беше осуден за силување на 12-годишно девојче во 2016 година, го загуби првиот […]

Французинот Маршан освои злато и го урна олимпискиот рекорд


Францускиот пливач Леон Маршан стана олимписки шампион на 400 метри мешано на Игрите во Париз. Дваесет и двегодишниот спортист патеката ја преплива со време 4 минути 2,95 секунди. Тој го собори олимпискиот рекорд на познатиот американски пливач Мајкл Фелпс (4:03.84). Јапонецот Томојуки Мацушита го освои среброто, додека Американецот Карсон Фостер го освои бронзениот медал. 

Боксерка од Нигерија дисквалификувана на Олимпијадата поради прекршување на антидопинг правилата


Нигериската боксерска Синтија Огунсемилор нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Таа е дисквалификувана поради кршење на антидопинг правилата, објави прес-службата на Меѓународната агенција за допинг тестирање (ИТА). Примерокот на 22-годишната девојка беше земен на 25 јули 2024 година во Париз, а резултатот беше вратен од лабораторија акредитирана од WADA на 27 јули. Забранетата […]

Австралија најуспешна по првиот ден на Олимпијадата во Париз


Со три освоени златни медали Австралија е најуспешна по првиот натпреварувачки ден на Игрите во Париз. Олимпијците од Австралија освоија и две сребра. Втора е Кина со две злата, имаат и еден бронзен медал. По еден златен медал имаат: САД, Франција, Јужна Кореја, Белгија, Казахстан, Јапонија, Германија и Хонгконг. Вкупно 20 држави се закитија барем […]

„Само што ја освоија Олимпијадата“: Модниот свет одушевен од облеката на спортистите на Монголија


  Преминете преку Лулулемон, Берлути и Ралф Лорен. Интернетот ја избра својата нова омилена национална униформа на Олимписки игри во Париз 2024: Монголија. Со сложено извезени елеци, плисирани наметки и додатоци инспирирани од традиционалната облека, облеката на церемонијата на отворање и затворање во земјата ги зафати социјалните мрежи откако беа претставени претходно овој месец. Дизајните […]

Ѓоковиќ и Алкараз тргнаа моќно во Париз


Париз- Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз на доминантен начин го започнаа настапот на тенескиот турнир во поединечна конкуренција на Летните Олимписки Игри во Париз.   Србинот и Шпанецот се главни фаворити за златото во француската престолнина, а дека се максимално сериозни, посветени за да стигнат до самиот крај говорат денешните изданија во првото коло.   […]

И второто злато на ОИ 2024 за Кина


Кинезите Чен Јивен и Чанг Јани победија во синхронизирани скокови во вода од три метри на Олимписките игри во Париз. Тие на својата земја и го донесоа второто злато. Претходно во текот на денот Кина победи во стрелаштво со воздушна пушка од 10 метри мешани двојки. Второто место на денешните скокови го освоија Сара Бејкон […]

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз


Пливачот Никола Ѓуретановиќ е првиот Македонец кој настапи на Олимписките игри во Париз. Тој денес учествуваше во квалификациите во трката на 400 метри слободно и имаше симболичен настап. Ѓуретановиќ пливаше во група со четворица други и на крајот заврши на последното место со време 4 минути пет секуни и 38 стотинки, скоро три секунди послабо […]

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024


Кинескиот тим во стрелање со воздушна пушка во мешани двојки го освои првиот златен медал на Олимпијадата во Париз. Во финалето претпладнево кинеските спортисти ја совладаа селекцијата на Јужна Кореја со резултат 16:12. Селекцијата на Казахстан го освои бронзениот медал, победувајќи ја Германија. Пласман на најдобрите во Стрелање со воздушна пушка на 10 метри екипно […]

Зошто Ѓоковиќ го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекувано го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. Причината е повеќе од јасна – тој веќе в сабота има настап во првото коло, кога ривал ќе му биде Австралиецот Метју Ебден. Двајцата околу 13 часот и 30 минути ќе се најдат на теренот на стадионот „Филип Шатрије“. Свеченото отворање […]

ИОК се извини за погрешното име на делегацијата на Јужна Кореја на отворањето на Олимпијадата


Прес-службата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави извинување за погрешното име на Јужна Кореја на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. За време на парадата, спортистите од Јужна Кореја синоќа по грешка беа претставени како Северна Кореја. – Би сакале длабоко да се извиниме за грешката што се случи при претставувањето на делегацијата на […]

Македонското знаме гордо се развеа на Сена (фото)


Спектакуларното свечено отворање на Олимписките игри во Париз вечерва е проследено и со до сега невидено дефиле на спортистите учесници на Олимпијадата. Националните претставници дефилираат со бродови на Сена на патека долга шест километри. Меѓу учесниците се и македонските олимпијци кои ќе се борат против најдобрите спортисти на светот во шест различни спортови на Олимписките […]

Некои влезници за свеченото отворање на Олимписките игри се неважечки поради компјутерска грешка


Неколку билети за церемонијата на отворањето на Олимписките игри (ОИ) се неважечки поради компјутерска грешка, а степенот на проблемот сè уште не е познат и се работи на негово решавање, изјавија вечерва извори блиски до организацијата на церемонијата. На социјалните мрежи имаше коментари од луѓе дека не можат да пристапат на трибините на брегот на […]

(Видео) Спектакуларно отворени Олимписките игри во Париз


Проследете го свеченотo отворање на Олимписките игри во Париз на кое се очекува невидена церемонија која наместо на стадион, како што беше вообичаено до сега, ќе се одржи на реката Сена. Свечената програма започна во 19,30 часот, а спортисти од 206 земји ќе продефилираат со чамци и бродовови на реката што минува низ центарот на […]