Почина маратонката Чептеги која партнерот ја полеа со бензин и ја запали


Угандската маратонка Ребека Чептеги (33) почина од изгореници откако ја запали нејзиниот партнер, објави денеска Олимпискиот комитет на Уганда. „Ја дознавме тажната вест за смртта на нашата олимписка атлетичарка Ребека Чептеги по насилниот напад од нејзиното момче, нека нејзината душа почива во мир и најостро го осудуваме насилството врз жените“, порача првиот човек на Олимпискиот […]

Легендарниот дизајнер на Ф1 болиди Њуи преоѓа во Астон Мартин


 Легендарниот дизајнер на болиди во Формула 1, Адријан Њуи следната година ќе се пресели во Астон Мартин, откако ќе го напушти Ред Бул, објавија синоќа британските медиуми. Ред Бул во мај објави дека 65-годишниот Њуи ќе ја напушти важната функција, откако, како што шпекулираа медиумите, ги влоши односите со директорот на тимот Кристијан Хорнер. Њуи […]

Чешката тенисерка Каролина Мухова се пласираше во полуфиналето на УС Опен


Њујорк – Чешката тенисерка Каролина Мухова се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако синоќа во четврт-финалето ја совлада Бразилката Беатрис Хадад Маја со резултат 6:1, 6:4. Натпреварот траеше еден час и 23 минути. Мухова е 52. тенисер во светот, додека Хадад Маија е 21. на ВТА листата Чешката тенисерка направи два брејка во двата […]

Синер ја доби битката со Медведев за пласман во полуфиналето на УС Опен


Првиот носител на УС Опен, Јаник Синер се пласираше меѓу четирите најдобри откако со 3-1 го доби дерби дуелот со Данил Медведев. Синер и Медведев одиграа чуден меч со четири сета кои не беа неизвесни. Италијанецот го доби првиот сет со 6-2, а потоа рускиот тенисер возврати со 6-1 за израмнување на 1-1. Следуваше убедлив […]

Алкалоид го освои ракометниот Суперкуп


Ракометниот клуб Алкалоид го освои Суперкупот на Македонија по победата над РК Еурофарм Пелистер со 33:30 (19:14) во меч кој се одигра во салата „26 април“ во Гевгелија Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлично прво полувреме, иако во вториот дел имаа падови, сепак не им дозволија на битолчани целосно да се вратат во игра и […]

Роналдо и Меси не се меѓу номинираните за „Златната топка“


Париз – Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се номинирани за „Златната топка“. Двете најголеми ѕвезди на светскиот фудбал во 21 век не се најдоа на листата од 30 кандидати за наградата најдобар играч на годината според магазинот „Франс Фудбал“. За прв пат по 2003 година, ниту Португалецот ниту Аргентинецот не беа номинирани за престижната награда. […]

Карвахал: По Реал, нема да играм никаде во Европа


Еден од најискусните фудбалери на Реал, Дани Карвахал зад себе имаше многу успешна сезона. Со клубот го освои шампионатот, Лигата на шампионите, а со репрезентацијата – Европското првенство. И додека ѕвездите на Реал Винисиус Јуниор (најдобриот играч во Лигата на шампионите), Џуд Белингем (најдобриот играч на Ла Лига и најдобар играч на англискиот финалист на […]

Европското првенство во Прага годинава едно од најуспешните за македонските млади шахисти


 Солидни резултати остварија македонските млади шахисти кои годинава се натпреваруваа на Европското првенство во Прага. Над 50% успешност остварија Моника Жежовска, Софија Беловска, Ахмет Селим Абдурахман и Антон Златков.  Најдобар пласман оствари најмладата шахистка, Софија Беловска која се натпреваруваше во категоријата до осум години девојчиња. Беловска доби 5 од вкупно 9 поени и обезбеди  21 […]

Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри


Париз – Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз, Оливера Наковска – Бикова, го заврши денеска настапот појавувајќи се на стрелиштето во дисциплината пиштол слободен избор од 50 метри во мешани двојки. Во конкуренција на 29 учесници во машка и женска конкуренција, Наковска – Бикова го освои 17 место. Македонската параолимпијка постигна резултат од 526 […]

Федерер за скандалот со Синер: Не требаше да учествува на  УСА Опен


Италијанскиот тенисер Јаник Синер имаше позитивни допинг тестови по Индијан Велс, но АТП ја префрли вината на неговиот физиотерапевт и му дозволи да се натпреварува во Њујорк. Таквата ситуација предизвика револт кај одредени тенисери. Многумина сметаат дека Синер добил специјален третман во однос на тенисерите кои во минатото биле позитивни на допинг. На оваа тема […]

Прво американско полуфинале на ЈуЕс Опен по 2005


Њујорк – Американците оваа година со сигурност ќе имаат тенисер во финалето на ЈуЕс Опен, откако Тејлор Фриц и Френсис Тиафо синоќа обезбедија пласман во полуфиналето. Тоа ќе биде прво американско полуфинале од 2005 година кога Андре Агаси играше против сонародникот Роби Џинепри, а САД повторно ќе имаат свој претставник во финалето по Енди Родик на […]

ФИФА ги објави деталите за европските квалификациите за СП2026


Светската фудбалска организација (ФИФА) ги информираше националните федерации за постапката за жрепката на европските квалификации за Мундијалот 2026 која ќе се одржи на 13 декември годинава. Европските квалификации ќе се играат во дванаесет групи, од кои седум ќе бидат со по пет, а пет со по четири селекции. Дванаесетте победници од европските квалификациски групи директно […]

Аргентина без Меси и Ди Марија за прв пат од 2013 година


Фудбалската репрезентација на Аргентина ќе биде без Лионел Меси и Анхел Ди Марија во исто време на официјален натпревар од 2013 година. Ова дојде откако беше објавен составот за натпреварите против Чиле дома во четврток и на гостувањето кај Колумбија следниот вторник во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Отсуството на двојката од тимот […]

На УСА Опен, финале пред финале: Синер против Медведев во четвртфиналето


Италијанецот, Јаник Синер и Русинот, Данил Медведев, ќе се сретнат во четвртфиналето на САД опен. Победникот од тој дуел ќе биде главен фаворит за освојување на грен слем титулата во Њујорк. Русинот минатата ноќ го совлада Нуно Борхес (6:0, 6:1, 6:3), а Синер неколку часа подоцна го елиминира  Томи Пол (7:6, 7:6, 6:1). Сега на […]

Олимписките кругови ќе останат на Ајфеловата кула и по затворањето на Параолимписките игри


Олимписките прстени ќе останат на Ајфеловата кула по завршувањето на Параолимписките игри на 8 септември, изјави денеска градоначалничката на Париз, Ан Идалго. Олимписките кругови беа поставени на почетокот на јуни, а засега, не е прецизирано колку долго ќе останат закачени на Ајфеловата кула. „Како градоначалник на Париз, одлуката е на мене и имам согласност од […]

Британска параолимпијка освои бронза во седмиот месец од бременост


 Британката Џоди Гринхам (31) освои бронзен медал во стрелаштво на Параолимписките игри во Париз, и тоа во седмиот месец од бременоста. Настапувајќи во седмиот месец од бременоста, Џоди стана миленичка на британските обожаватели, а се најде и на светските насловни страници. Официјалниот канал на Параолимписките игри во Париз 2024 година, исто така, го поздрави нејзиниот […]

Мбапе среќен по првите голови за Реал: Ова е нешто за што сонував


Килијан Мбапе не се запиша во листата на стрелците во трите воведни кола во шпанската Ла Лига и едвај во четвртиот прволигашки меч во дресот на новиот клуб ја затресе мрежата на ривалот. И тоа не еднаш, туку дури двапати Французинот беше прецизен во дуелот против Бетис на „Сантијаго Бернабеу“ пред домашните навивачи. -Ова е […]

Рана елиминација за ланската шампионка на УС Опен


 Ѝженскиот турнир на УС Опен ќе добие нов шампион, бидејќи ланската освојувачка Коко Гоф беше елиминирана во осминафиналето. Младата тенисерка со 2-1 беше поразена од сонародничката Ема Наваро.  Мечот меѓу двете Американки траеше два часа и 14 минути, Наваро отвори со освоен сет со 6-3. Тогаш Гоф успеа да се одржи во игра, го доби […]

Го елиминираше Ѓоковиќ од УС Опен, па изгуби од Тиафо


Френсис Тиафо е миленик на публиката од Њујорк од 2022-ра година и незаборавниот пат кој го имаше до полуфиналето, но сега Американецот е на еден чекор од израмнување на ист резултат, откако рано утрово го надигра „џелатот“ на Новак Ѓоковиќ. Домашниот тенисер максимално сериозно си ја сфати задачата против разиграниот Алексеј Попирин, па не само […]

Беше бездомник и затвореник, а сега освојува олимписки медали и им помага на другите


Параолимписките игри секогаш носат бројни неверојатни спортски приказни, а една од најинтересните секако е приказната за 49-годишниот американски пара-тенисер Тал Лејбовиц, кој од бездомништво и затвор отиде на подиумот. Учествуваше на седмите параолимписки игри во Париз, а досега има освоено три параолимписки медали, меѓу кои и златниот во Атина во 2004 година. Спортот беше катализатор […]