Победа и реми за македонските селекции на шаховската Олимпијада, мажите на високото 25 место


Втора победа во низа забележа македонската машка репрезентација, а второ последователно реми одиграа дамите на Олимпијадата која се одржува во Будимпешта. Во рамки на 6 коло македонските шахисти триумфираа со максимални 4-0 во дуелот против Хонг Конг и се искачија на високото 25 место на табелата со осум меч поени. На женскиот олимписки турнир, македонските […]

КФСМ: Комеморацијата за Лечиќ в сабота


Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) претстојниот викенд ќе му одаде посебна почест на легендарниот Лазар Лечиќ, кој почина на 12 август на 85 – годишна возраст. „Во консултации со семејството на најголемата македонска кошаркарска легенда, федерацијата ќе организира комеморативен собир во чест на големиот Лазар Лечиќ“, соопшти денеска КФСМ. Комеморацијата ќе се одржи на 21 септември […]

Кошаркарката Едина Муса објави дека е бремена со првото дете


Кошаркарката Едина Муса се пофали на социјалните мрежи дека е бремена. Едина, која сега е нутриционистка и фитнес-инструкторка, објави фотографија на која го покажа трудничкиот стомак. „Ти си сè што отсекогаш посакував. 118 дена заедно НИЕ“, напиша Едина на својот профил на „Инстаграм“. Едина во објавата не откри кој е таткото. Пред извесен период таа […]

Игор Стефановски – Иџе победи во својата група на Европскиот шампионат во ридски патеки


 Најдобриот македонски автомобилист и трикратен европски првак Игор Стефановски – Иџе заврши третопласиран на последната трка во рамки на Европското шампионат на ридски патеки која изминатиот викенд се одржа во хрватскиот град Бузет, што му беше доволно да го потврди првото место во групата 1 во ова европско натпреварување. Стефановски во објава на социјалните мрежи […]

Без промени во Топ 5 на АТП и ВТА ранкингот


Најновата АТП ранг-листа не донесе промени во пласманот на најдобрите петмина тенисери кои ги предводи Јаник Синер. Италијанецот е водечки со 11.180 бодови, дури 4.105 повеќе од второрангираниот Александр Зверев од Германија. На третото место остана Шпанецот Карлос Алкараз (6.690 бодови), пред Србинот Новак Ѓоковиќ (5.560) и Русинот Данил Медведев (5.475). Промени во Топ 5 […]

Почнува „спортскиот судски процес“ на векот против Манчестер сити


Англискиот фудбалски гигант Манчестер Сити по повеќемесечно пролонгирање денеска конечно ќе се соочи со независна истражна комисија во врска со сомневањата за сторени дури 115 финансиски прекршоци. „Среќен сум што почнува в понеделник“, прокоментира во петокот тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, иронично додавајќи: „Знам дека ќе има и други гласини од нови експерти во врска […]

Спортското судење на векот започнува во понеделник. На тест е гигантот Манчестер сити


  Манчестер сити, фудбалскиот гигант осомничен за дури 115 финансиски прекршоци, во понеделник конечно ќе биде под истрага од независна комисија по повеќемесечно чекање и шпекулации. „Среќен сум што почнува во понеделник“, прокоментира Пеп Гвардиола, тренерот на тимот, во петокот, пред да додаде со иронија: „Знам дека ќе има други гласини, нови експерти во врска […]

Хамилтон и Окон ќе стартуваат од боксот на Големата награда на Азербејџан


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Естебан Окон од Алпин ќе стартуваат од боксот поради промена на моторот на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1, објавено е денеска на официјалната веб-страница на натпреварувањето. Хамилтон вчерашните официјални квалификации ги заврши на седмото место, но поради промената на погонската единица ќе мора да стартува […]

Погледнете што направи Меси по пауза од два месеци


  Интер Мајами ја победи Филаделфија Унион со 3:1 во МЛС натпревар одигран ноќта од сабота кон недела. Јунак на натпреварот беше Лионел Меси (37), кој постигна два гола и асистираше за третиот. Микаел Ухре ја доведе Филаделфија во предност во втората минута. Но, тогаш настапи  Меси, за кого тоа беше прв натпревар по 62 […]

УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири


Претседателот на Рускиот фудбалски сојуз Александар Дјуков најави дека се водат преговори за враќање на руските клубови на европските клупски турнири и воопшто на натпреварувањата под покровителство на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Како што е познато, руските тимови не се дел од европскиот фудбал од крајот на февруари 2022 година, кога започна воениот конфликт во […]

Милан и Интер одбија реновирање на „Сан Сиро“, предлагаат нов стадион


 Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер го отфрлија проектот за модернизирање и реструктурирање на нивниот стадион Сан Сиро, објави денеска градоначалникот на главниот град на Ломбардија. „Клубовите кажаа НЕ на реструктурирањето на Сан Сиро предложено од (градежната група) WeBuild“, изјави Џузепе Сала по средбата со менаџерите на двата клуба. „Тие доставија детални анализи за техничко-економската […]

ПСЖ мора да му исплати 55 милиони евра на Мбапе, клубот одби и бара судење


Париз – Правната комисија на француската фудбалска лига му наложи на ПСЖ да му плати на Килијан Мбапе 55 милиони евра неисплатени плати, соопшти денеска лигата. Лигата ја донесе одлуката еден ден откако Мбапе ја одби понудата комисијата да посредува во спорот со неговиот поранешен клуб. Актуелниот француски првак, меѓутоа, ја оспори одлуката на раководството на […]

Столе Димитриевски најдобар голман во второто коло од Лигата на нации


Македонскиот фудбалски голман Столе Димитриевски доби највисока оценка за својот настап помеѓу колегите и се најде на голот во идеалниот тим на Лигата на нации. Димитриевски доби оценка од 8,4, а во тимот му прават друштво имиња како: Лука Модриќ, Бруно Фернандеш, Арнолд, Кејн….  

ФИФА забележа рекорден број на трансфери ова лето


Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави рекорден број на трансфери реализирани во летото 2024 година. Во платформата на централата јасно се гледа и која земја е број 1 по бројот на завршени трансфери летово. Англиските клубови доминираа, само во летниот преоден рок потрошија огромни 1,6 милијарди долари. Во летото 2024 година или до 31 август се […]

Меѓународен турнир во пинг-понг викендов во Берово


Берово викендов ќе биде домаќин на меѓународен турнир во пинг понг „Зегин ОПЕН 2024″, кој од 13-ти до 15 септември ќе се одржи во спортската сала Македонски Бранители. За сабота на 14 септември е предвидено дефиле на земјите учеснички, а во рамки на настанот вечерта е предвиден голем концерт на македонската музичка група „Некст Тајм“ […]

Македонија со играч помалку ја совлада Ерменија


Македонија со 2-0 ја совлада Ерменија иако цело второ полувреме игравме со играч помалку поради исклучувањето на Зајков. Избраниците на селекторот Милевски денеска се прикажаа во многу подобро издание од претходно и заслужено дојдоа до триумф, а тој можеше да биде и поубедлив доколку искористевме дел од шансите во првото полувреме. Првите 45 минути поминаа […]

Роналдо ги посочи своите фаворити за „Златната топка“


Напаѓачот на Ал-Наср и Португалија, Кристијано Роналдо ги именуваше своите фаворити за „Златната топка“ во наредните сезони. Триесет и девет годишниот Португалец ги сподели своите размислувања во разговор со поранешниот соиграч од Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд на неговиот канал на Јутјуб. -Мбапе би можел да ја освои „Златната топка“ во следните неколку години. Веројатно Халанд […]

Пешиќ повеќе нема да ја води кошаркарската репрезентација на Србија


Легендарниот стручњак Светислав Пешиќ повеќе нема да ја води кошаркарската репрезентација на Србија, пренесоа српските медиуми. Пред неполн месец Пешиќ ги предводеше „орлите“ до бронзениот медал на Олимписките игри во Париз. Српските кошаркари со Пешиќ како тренер пред олимписката бронза освоија сребро и на минатогодишното Светско првенство. Искусниот стручњак се врати на клупата на репрезентацијата […]

Почина поранешниот партнер на африканската олимпијка кој ја поли со бензин и ја запали


Поранешниот партнер на олимписката атлетичарка од Уганда, Ребека Чептегеи (33), кој беше обвинет дека ја уби поливајќи ја со бензин и ја запалил, почина во болница од изгореници здобиени за време на нападот, објави кенискиот весник „Стар“. Според полицискиот извештај, осомничениот идентификуван како Диксон Ндиема Марангач влегол во имотот на Ребека Чептегеи во Ендебес, Кенија […]

Синер е ослободен од сите обвиненија за допинг


 Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да не ја обжали одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА) до Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана, откако агенцијата пресуди дека Италијанецот Јаник Синер не направил ништо за намерно да се допингува, пренесе „Кориере дела Сера“. ИТИА на 20 август соопшти дека Синер двапати бил позитивен […]