ФИФА го казни Шкупи


Поранешниот шампион на Македонија, Шкупи нема да може да регистрира нови фудбалери до 2026 година, одлучи Светската фудбалска централа (ФИФА). Одлуката објавена и на интернет страницата на ФИФА. Ваква забрана се изрекува на клубови поради неподмирени финансиски обврски кон поранешни или сегашни членови. 

Провалници упаднале во куќата на Лука Дончиќ. Еве ги деталите


Лука Дончиќ (25) поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради истегнување на мускулот на потколеницата на левата нога. Само три дена по најтешката повреда во професионалната кариера, Словенецот имаше проблем од приватен карактер. Имено, неговиот дом во Далас бил провален во петокот, се вели во полицискиот извештај. Во моментот на кражбата […]

Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот


 Ник Кирјос не ги поштеди од критики Јаник Синер и Ига Швионтек за случаите со допинг, велејќи дека интегритетот на тенисот е „во ужасна состојба“. Италијанецот Синер, светскиот број 1, двапати беше позитивен на забранетиот стероид клостебол во март. Меѓутоа, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) го прифати аргументот дека супстанцијата ненамерно влегла во […]

Ембиид казнет со 75.000 долари за непристојни гестови на натпреварот со Бостон


Националната кошаркарска асоцијација (НБА) го казни центарот на Филаделфија Џоел Ембиид за непристојни гестови кон публиката на натпреварот против Бостон Селтикс на Божиќ, објавија американските медиуми. Казната на играчот е 75.000 долари. Извршниот потпретседател на НБА, Џо Думарс, ја објави дисциплинската постапка. Ембиид засега има разочарувачка сезона, откако играше на само 9 од 28-те натпревари […]

Прогласени најдобрите каратисти за 2024


 На 27.12.2024 на пригодна свеченост на Универзитетот Скопје, Македонската традиционална карате федерација ги прогласи најдобрите каратисти за 2024 година. Во сениорска конкуренција првото место го поделија браќата Дејан и Аљоша Недеви, исто како и кај сениорките првото место го поделија Берта Милевска и Јадранка Недева. Дамјан Донев беше прогласен за најдобар младинец, а Матеј Мангаровски […]

Станиќ на местото на Канатларовски, разрешени селекторите на младинските репрезентации


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи денеска Горан Станиќ за нов селектор на репрезентацијата до 21 година на местото на Драган Канатларовски, кој е разрешен од должноста заедно со селекторите на селекции до 15, 16, 17 и 19 години. Станиќ, кој е актуелен тренер на прволигашот Работнички, во минатото беше селектор […]

Повредата на Дончиќ сериозна, ќе отсуствува најмалку еден месец


Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ ќе паузира најмалку еден месец поради истегнување на мускулот на левата нога, објави ЕСПН. Петкратниот НБА Ол-стар се здоби со повреда за време на поразот на Далас од 99:105 на гости кај Минесота Тимбервулвс во средата. Откако во втората четвртина се повреди во една навидум безопасна ситуација, Дончиќ се […]

Донации од Спорт лајф обложувалници


Спорт Лајф обложувалници успешно ја реализираа донацијата од 2 милиони денари за обнова на Одделот за абдоминална хирургија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Проектот, опфати комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите на површина од скоро 400 м2. Обновата вклучуваше поставување на нови подови и тавани, како и целосна модернизација […]

Францускиот пливач Леон Маршан избран за најдобар спортист во Европа


Францускиот пливач Леон Маршан е прогласен за најдобар спортист на Европа во традиционалниот избор на новинските агенции, додека кошаркарот на Денвер и репрезентативецот на Србија Никола Јокиќ го зазеде десеттото место. Изборот по 67. пат го организираше Полската национална агенција (ПАП).   Маршан (22) на Олимписките игри во Париз освои пет медали, од кои четири […]

Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2025


Пријавувањето за 21. издание на Виз Ер Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година почна денес. Заинтересираните можат да се пријават преку официјалната веб-страница на маратонот на линкот http://skopskimaraton.com.mk.  Повторно ќе има четири трки: маратон, полумаратон, трка на 5 километри и штафетен маратон. Првиот рок за пријавување по најповолна цена е […]

Шест каратисти на „Макпетрол“ меѓу наградените млади спортисти од Град Скопје


Карате клубот „Макпетрол“ со шест свои членови се најде меѓу добитниците на награди за најдобри спортисти што ги доделува Град Скопје. Во категоријата „Најуспешни спортисти во младинска категорија“, меѓу десетте најуспешни влегоа три припадници на скопската екипа.    Второто место му припадна на каратистот Стефан Стојановиќ додека третата награда ја освои Витомир Трајковски. Листата од […]

Дончиќ повторно се повреди


Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ, поради повреда го пропушти вториот дел од натпреварот од регуларната сезона во НБА лигата против Минесота. Дваесет и петгодишниот Словенец три минути пред крајот на првото полувреме го напушти теренот со накривнување. Клубот на социјалните мрежи објави дека кошаркарот имал истегнување на мускулот на левата потколеница. На овој […]

Еден од најлудите натпревари бил одигран на Божиќ – англискиот голман не мрднал од меѓу стативите


На денешен ден во 1937 година се случи еден од најнеобичните моменти во историјата на фудбалот – моментот кога легендарниот голман на Чарлтон, Сем Бартрам, остана убеден дека натпреварот продолжува, иако беше прекинат многу порано поради густата магла. На тој студен Божиќ во 1937 година, Стемфорд Бриџ беше сцена на несекојдневен настан. Челзи и Чарлтон […]

Започна реконструкцијата на салата на „Работнички“


  Започна реконструкцијата на салата во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во Македонија, а со тоа е најавено и враќање на најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас во својот дом, од каде мораше да се збогува поради несоодветни услови. Работите веќе се почнати, ќе се менува речиси сè, од 900 нови столчиња, до паркет, […]

Салах, Винисиус и Рафиња главните кандидати за Златната топка во 2025 година


Лондон – Спортскиот портал „Goal“ ја претстави ажурираната ранг листа на фудбалери кои се главни претенденти за освојување на Златната топка следната година. На врвот на листата е напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. На второ место е напаѓачот на Реал Мадрид Винисиус Јуниор, а на третото е Рафиња од Барселона. Следуваат: Џамал ​​Мусиала (Баерн), Роберт […]

Дончиќ неизвесен за натпреварот со Минесота


Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ може да го пропушти божиќниот натпревар против Минесота. Според „ESPN“, 25-годишниот Словенец може да го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Тимбервулфс. Тој претходно пропушти два натпревари поради повреда на петицата, иако играше во понеделникот против Портланд. Дончиќ сезонава играше на 21 натпревар во НБА лигата, […]

Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните во 2024 година


Атлетската федерација на Македонија на свечена церемонија вчеравечер во Скопје ги додели наградите за најуспешните атлетичари во 2024 година. Претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова е задоволна од постигнатите резултати. -Горда сум што можам да застанам исправено пред вас, да дискутираме за напредокот и успесите на атлетиката, спортот со кој што пораснав, спортот […]

Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961


 Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 го продолжи денеска договорот со украинскиот интернационалец Дмитро Горига. Како што е соопштено, двете страни се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона, до крајот на натпреварувачката 2025/2026. „Горига сезонава покажа дека неговото ангажирање е вистински погодок и во многу ситуации ги потврди своите голгетерски способности. Борбеноста […]

Швајцарска олимпијка (26) трагично загина во лавина


Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер, која има два подиуми од Светскиот куп и се натпреваруваше на Олимпијадата во 2022 година, загина во лавина во понеделникот во Ароса, источна Швајцарија, соопшти во вторникот Швајцарската скијачка федерација. Младата жена, која беше членка на националниот сноуборд-крос тим, штотуку го прослави својот 26-ти роденден на 14 декември. Таа минатата зима […]

Јаничиќ ќе биде дел од НБА кампот за 2025 година


Македонскиот јуниорски кошаркарски репрезентативец, Никола Јаничиќ ќе биде дел од НБА камп за 2025 година. Јаничиќ, доби покана за учество во деветтото издание на кампот „Кошарка без граници“ (Basketball without borders – BWB). Престижниот камп е организиран од НБА и ФИБА во рамки на програма за глобален развој со акцент на подобрување на кошаркарските вештини […]