НБА: Њујорк избори шести натпревар против Индијана


Финалната серија во Источната конференција на НБА лигата сè уште трае, откако кошаркарите на Њујорк ја совладаа синоќа Индијана со 111-94 на домашен терен во Медисон Сквер Гарден и со тоа го намалија резултатот на 2-3 во серијата до четири победи. Со овој пораз Индијана ја пропушти првата шанса за пласман во големото финале, а […]

Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето во ЛШ меѓу Барселона и Магдебург


Најдобрите ракометни судии во светот и овој Ф4 во Лигата на Шампионите во Келн не може да помине. Како што веќе објави ЕХФ, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата во полуфиналето во “Ланксес Арената“ меѓу Барселона и Магдебург. Ова е уште еден доказ што значат во светот на ракометот двајцата македонски ракометни […]

Србија ја скрати првата фудбалска лига од 16 на 12 екипи


Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија денеска усвои предлог за промена на форматот на натпреварувањето и намалување на бројот на прволигашките екипи од 16 на 12. Новиот формат во српската Суперлига ќе стартува од сезоната 2027/2028, а сезоната 2026/2027 ќе биде преодна со 14 клубови. Првиот човек на српскиот фудбал Драган Џајиќ, изјави дека […]

Челзи заработи 22 милиони евра, Бетис инкасираше пет милиони евра помалку


 Победникот на Конференциската лига, лондонски Челзи, инкасираше 22 милиони евра од УЕФА за освоениот трофеј во вчерашното финале во Вроцлав, додека заработката на поразениот финалист Бетис изнесува 17,2 милиони евра. Заработката на Челзи е само малку повеќе од парите кои оваа сезона на европската сцена ги заработи Слован Братислава, кој претрпе осум порази на исто […]

Она што го направи Челзи вечерва не се памети уште од натпреварот на Црвена Звезда пред 46 години


Финалето на Конференциската лига ќе се игра помеѓу Челзи и Реал Бетис во Вроцлав, Полска, од 21 часот па натаму. Челзи, кој заврши четврти во Премиер лигата минатиот викенд и со тоа се квалификуваше за Лигата на шампионите, е фаворит вечерва, но фудбалскиот свет зуи за неверојатна статистика што ја објавија аналитичарите. Имено, почетните 11 […]

Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно


Манчестер Јунајтед беше исвиркан откако загуби со 1-0 во пријателски натпревар против АСЕАН Ол Старс во Куала Лумпур. „Црвените ѓаволи“ патуваа повеќе од 10.000 км за да одиграат два натпревари во Азија само неколку дена по завршувањето на сезоната во Англија. На нивната прва посета на Малезија од 2009 година, тие играа пред повеќе од […]

Започнува продажбата на билети за Македонија – Белгија


 Денеска од 18:30 часот започнува продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Белгија (6. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за СП 2026. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300, 400 и 500 денари. Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку […]

Каратисти на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Светската Премиер-лига во Мароко


Рабат, главниот град на Мароко, ќе биде домаќин на четвртиот турнир од Светската 1 премиер-лига, а на него ќе учествуваат двајца членови на „Макпетрол“. Македонија ќе ја претставуваат репрезентативците Петар Спасеновски (-84 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг). Двајцата македонски каратисти се стандардни сениорски репрезентативци и моментно се најдобро рангирани на глобалната ранг-листа. Зад себе […]

Берлин поднесе кандидатура за домаќин на Олимпијадата во 2036 година


Берлин – Германската престолнина Берлин официјално поднесе кандидатура за домаќин на Олимписките игри во 2036, 2040 или 2044 година, пренесува Асошиејтед прес. Доколку Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја одобри кандидатурата, Берлин би можел да биде домаќин на Игрите еден век по Олимпијадата во 1936 година. Многу берлинци веќе се изјаснија против идејата да бидат домаќини на […]

АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид


Барање, не само наше, туку и на сите оние кои навистина сакаат натпреварите да се одлучуваат на терен со услови на праведност и еднаквост, е да се презакаже второто финале и да се почитуваат прописите на Европската федерација, кои Алкалоид ги прекрши, а не АЕК, соопштија претпладнево од атинскиот клуб, јави дописничката на МИА од […]

Мурињо: Бев растргнат во финалето на ЛЕ помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем


Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изјави дека во финалето на Лига Европа не можел да бира за кого да навива, бидејќи бил тренер и на Манчестер јунајтед и на Тотенхем. – Бев растргнат затоа што, од една страна, го сакам Манчестер јунајтед, имам фантастичен однос со Рубен Аморим. Но, од друга страна, кога го видов […]

Јамал во Барселона до 2031 година


Ламин Јамал ​​се обврза со Барселона на уште шест години – до 30 јуни 2031 година! „Сегашност и иднина“, така Барселона накратко го опиша денешниот настан. Како и обично, Барселона објави дека на потпишувањето на договорот присуствувале претседателот Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Хусте и спортскиот директор Деко. Јамал ​​го имаше своето деби за првиот […]

ЕХФ покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК


Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги предаде сите релевантни информации што ги поседува на своите правни тела и побара покренување на судски постапки против клубовите РК Алкалоид и АЕК Атина, стои во денешното сооопштение на централата по повод неодиграното реванш финале помеѓу двата клуба во ЕХФ Европскиот Куп. Информациите што ЕХФ ги достави до судските […]

Заврши „Квалитет 2025“ во Скопје: Турнир што ја покажа иднината на македонскиот шах


 Со учество на околу 200 талентирани деца од осум држави, викендов во Скопје заврши престижниот шаховски фестивал „Квалитет 2025” во категориите до 8, до 10 и до 20 години. Младите шахисти ја демонстрираа својата страст, талент и борбеност, играјќи седум партии поделени во сабота недела и понеделник. Во конкуренцијата до 8 години, доминација покажа Јован […]

Рамос го повика Роналдо да се пресели во Монтереј


Монтереј е заинтересиран да го ангажира португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во пресрет на почетокот ба Светското клупско првенство. Според новинарот Николо Шира, дефанзивецот на мексиканскиот клуб Серхио Рамос, поранешен соиграч на Роналдо во Реал Мадрид, се обидува да го убеди 40-годишниот фудбалер да се приклучи на тимот. Роналдо по завршувањето на вчерашниот натпревар на Ал-Наср […]

Има ли АЕК двојни стандарди кога се во прашање навивачите?


Динамо Загреб и полицијата се целосно одговорни за тоа што се случи, полицијата затоа што дозволи конвојот да ја помине цела Грција, рече во август 2023 година извршниот директор на ФК АЕК, Јоргос Космас откако во земјата беа пуштени околу 150 навивачи на хрватски Динамо, од кои поголемиот дел без билети, за натпреварот во квалификациите […]

Клоп: Јас и моето семејство сме шокирани и уништени по инцидентот со навивачите на Ливерпул


Ливерпул – Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, се огласи по инцидентот во кој автомобил влета во толпата навивачи на клубот за време на славеничката парада на тимот во чест на освоениот трофеј во Премиер лигата. Инцидентот се случил вечерта на 26 мај. Полицијата во Ливерпул соопшти дека возачот на автомобилот бил 53-годишен Британец. -Моето семејство […]

Младите македонски пингпонгари 6. место на Балканското првенство во Бугарија


Со 10 млади пингпонгари Македонија беше најбројна репрезентација на на Балканското првенство во Албена, Бугарија, што се одржа од 21 до 25- мај.  Децата до 11 и до 13  години се натпреваруваа во поединечна и екипна конкуренција.   „Највпечатлив беше настапот во машка конкуренција, екипно до 11 години каде што го освоивме 6-тото место, но […]

Роналдо навести заминување од Ал Наср: Ова поглавје е завршено


Ријад – Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо навести дека ќе го напушти клубот од Саудиска Арабија. Ал-Наср синоќа на гости загуби од Ал-Фатех со 3:2 во последното, 34.коло на Премиер лигата на Саудиска Арабија. -Ова поглавје е завршено. Приказната? Сè уште се пишува. Благодарен сум на сите – напиша фудбалерот на социјалната мрежа Икс. Ал Наср […]

Ѓоковиќ: Навистина ми беше потребна 100-тата титула пред Ролан Гарос


Париз  – Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, изјави дека 100-тата титула во неговата кариера, која ја освои во саботата во Женева, му била многу потребна пред почетокот на Ролан Гарос. -Ја освоив 100-тата титула во мојата кариера, што е голема работа, навистина ми требаше тоа пред Ролан Гарос. Дојдов тука во неделата и се сетив […]