ЕМОФ Скопје 2025 започна со светски и европски рекорд 


По синоќешното спектакуларно отворање, денес започнаа спортските возбудувања на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Младите олимписки надежи од цела Европа ги имаа своите први настапи на спортските борилишта ширум главниот град и во Куманово, испраќајќи силна порака за единство, спортски дух и иднина полна со потенцијал. Во фокусот на првиот натпреварувачки ден беа […]

ФИФА ги изненади сите со одлуката: Челзи прв светски шампион, ласкавата титула им беше „одземена“ на другите


Управното тело на светскиот фудбал (ФИФА) одлучи официјално да го промени името на актуелните светски клупски шампиони и да им ја „одземе“ таа титула откако Челзи го освои првото Светско клупско првенство во формат со 32 клуба. Светското клупско првенство се игра од 2000 година и го играа само шампионите на континентите. Од 2025 година, […]

Ивановски напредуваше 60 места на АТП листата


Македонскиот тенисер Калин Ивановски со изборениот настап преку квалификациите на Челинџер 125 турнирот во Сан Марино успеа да напредува на АТП листата. Тој на денешното рангирање бележи скок од 60 места и се наоѓа на 793.то место на листата откако успеа да „впише“ пет нови поени и сега има вкупно 29. Горазд Србљак се наоѓа […]

Ако ја „прескокне“ Лозана, Вардар ќе патува за Молдавија или Казахстан


Единствениот македонски претставник во Конференциската лига на УЕФА, по елиминацијата на Силекс и на Работнички, куп освојувачот Вардар го доби потенцијалниот противник за третата рунда од ова натпреварување. „Црвено-црните“ ако ја „прескокнат“ швајцарската екипа Лозана, (натпреварите се играат в четврток во Скопје и на 31.јули на гости) ќе играат во третата рунда против победникот од […]

Познати се можните противници на Шкендија и Вардар за 3.коло во евро-куповите


Шампионот Шкендија и куп-освојувачот Вардар ги добија можните противници за 3. коло во Лигата на шампионите, односно Лига Европа, како и Конференциската лига. Во случај Шкендија ја помине Стеауа, тогаш ќе игра со еден од победниците во пресметките: Ноа/Ференцварош, Пафос/Макаби или Шелбурн/Карабах. Ако биде елиминирана од ЛШ, тогаш Шкендија ќе игра во Лига Европа, а […]

Ѓоковиќ, Синер, Алкараз и Дрејпер се откажаа од турнирот во Торонто


Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ принудно се откажаа од турнирот “National Bank Open” во Торонто, поради повредите со кои се здобија за време на Вимблдон. Двајцата тенисери изјавија дека мора да си дадат време за заздравување од ситните повреди, но ќе се вратат на време на терените за турнирот во Синсинати. Британецот Џек Дрејпер исто […]

Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва официјално го прогласи за отворен Младинскиот олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, истакнувајќи го значењето на спортот како симбол на единство, култура и надеж. -Спортот ја манифестира убавата страна на сегашноста и ја гарантира светлата иднина на европскиот спорт, порача претседателката Сиљановска, нагласувајќи дека фестивалот е ретка можност за младите спортисти и гостите […]

Ѓурчиновски го донесе првиот медал за Македонија на ЕП во билијард


Петнаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски испиша историја со освојување на бронзен медал во категоријата „десетка“ на Европското првенство во билијард за играчи до 17 години, кое се одржува во Подчетртек, Словенија. Ова е четврт настап на Ѓурчиновски на големите континентални собири, при што тој минатите години остваруваше пласмани како делба на петтото место со пласман во четвртфинале.  […]

Шарлот ја освои Летната НБА лига


Шарлот го победи Сакраменто со 83:78 во последниот натпревар од Летната лига на НБА. Ова е шеста победа на Хорнетс во исто толку натпревари, по што тимот го освои летниот турнир.  Сакраменто е на второто место со пет победи во шест натпревари. Два тима од Летната лига не успеаја да победат во ниту еден натпревар: […]

Тадеј Погачар незапирливо оди кон одбрана на титулата на Тур де Франс, има голема предност шест етапи пред крајот


Денес се одржа 15-тата етапа од Тур де Франс, по која е јасно дека Тадеј Погачар незапирливо се движи кон нова титула пред Јонас Вингегор. Денешната етапа се возеше по ридест терен од Мурет до Каркасон во должина од 169,3 километри. Денес славеше соиграчот на Погачар од тимот на ОАЕ Тим Емирати-XRG, Тим Веленс, кој […]

Хрватска нема да го брани светското злато! Немаше шанси против Унгарија


Тежок пораз на Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство. Хрватската ватерполо репрезентација нема да го брани светското злато. Во четвртфиналето загуби од Унгарија со 18:12. Хрватска во Сингапур  го бранеше светското злато освоено минатата година во Доха. За жал, со поразот од Унгарија, беше елиминирана од борбата за медали, а натпреварувањето ќе продолжи во плејофот […]

Српските ватерполисти ги победија САД и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство


Српската ватерполо репрезентација ги победи САД со 14:9 и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. Србите го оправдаа својот статус на фаворити и водеа со 3:1 по првата четвртина, а на полувремето влегоа со предност од 6:3. Србија влезе во последната четвртина со предност од 10:5, и немаше проблем да ја задржи стекнатата предност […]

Германија ја победи Франција и се пласираше во полуфиналето на женското Евро 2025


Женската репрезентација на Германија синоќа ја победи Франција на пенали во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство. Основните 90 и дополнителните 30 минути завршија со резултат 1:1.  Французинките поведоа преку Грејс Гејоро во 15.минута, изедначи во 25.минута. Во 13-тата минута, при резултат 0:0, Германките останаа со десет играчи откако Катрин Хендрих беше исклучена. Во 40-тата и […]

Македонија во фокусот на европскиот спорт: Започнува ЕМОФ Скопје 2025


Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025 ќе започне вечер со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Фестивалот официјално ќе го отвори претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а ќе се обрати и претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос. Свечената церемонија ќе го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој ќе […]

Аренсман победник на 14-та етапа на Тур де Франс


Велосипедистот Тиемен Аренсман од тимот Инеос Гренадиерс ја освои 14-та етапа од Тур де Франс. Холанѓанецот ја помина дистанцата од 182,2 км за 4 часа 53 минути и 35 секунди. Второто место го освои словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар од тимот на ОАЕ Емирати XRG, со заостанување од 1 минута и 8 секунди.  Третото место го […]

ЕМОФ Скопје 2025 ќе биде отворен во недела со парада на спортски делегации и сценско-музички спектакл


Во недела, 20 јули, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Северна Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Свечената церемонија ќе го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл (од 20 до 26 јули), […]

Погачар победи на 13 етапа на Тур Де Франс


Париз – Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ја освои денешната 13. етапа од велосипедската трка Тур де Франс и со тоа ја зголеми својата предност во генералниот пласман. Погачар, кој настапува за тимот „Емирејтс“, ја заврши етапата на индивидуален хронометар од 10,9 километри, која се возеше од Луданвел до Перагид, за 23 минути. Второто место го освои […]

Вардар ги дозна ривалите од групата од Лига Европа


Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Вардар денеска ги дозна ривалите од групата во Лига Европа. „Црвено-црните“ се во групата Ф, а ривали им се Кристијанстад, Тулуз и победникот од натпреварот Дуго село / Сесвете.  Според квалитетот на екипите „вардарци“ имаат реални шанси за пласман на едно од првите две места, иако имињата на […]

Човекот кој скокна од работ на вселената, загина летајќи со параглајдер


Феликс Баумгартнер (56), австриски екстремен спортист познат низ целиот свет по своите историски скокови со падобран и рекордни подвизи, почина денес во несреќа во Италија. Веста за неговата смрт денес ја потврдија светските медиуми и блиски соработници. Баумгартнер го загуби животот во Порто Сант’Елпидио, за време на лет со параглајдинг. Според достапните информации, тој доживеал […]

Македонските кошаркарки од четвртиот шешир ја чекаат жрепката за евроквалификациите


 Македонската женска кошаркарска репрезентација е сместена во четвртиот шешир за жрепката за првиот круг од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2027, објави попладнево ФИБА Европа. Жрепката ќе се одржи на 23 јули во Минхен, а македонската женска кошаркарска репрезентација нема да може да биде во иста група со Естонија, Кипар, Австрија и Ирска и Азербејџан. […]