Андон Дончевски почесен претседател на Вардар


На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана во текот на вчерашниот ден, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легенда на македонскиот фудбал и на Вардар, Андон Дончевски да биде прогласен за почесен претседател на клубот. „Чичко Дончо“ со години го носеше дресот на Вардар, а беше и […]

Извршниот директор на Светската кошаркарска федерација во посета на Скопје


Извршниот директор на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) Камил Новак е во Скопје, како специјален гостин на Македонската кошаркарска федерација. Тој во текот на вчерашниот ден оствари работни состаноци со раководниот тим на македонската федерација. Новак заедно со на потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски, и генералниот секретар, Томче Стојчевски, беше присутен и на дел […]

Пораз од Бугарија и трето место на турнирот „Чајка“ за македонските одбојкари


 Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва претрпе пораз од 3:0 во сетови (25:20; 28:26 и 25:23) од Бугарија на последниот ден од 49.то издание на турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Со овој пораз Македонија турнирот го заврши на третото место, а Бугарија е прва пред Швајцарија. Македонските одбојкари равноправни беа само во вториот сет, кој го […]

Објавена е листата од 30 играчи номинирани за престижната награда „Златна топка“. Има изненадувања


Списанието „Франс фудбал“ ја објави официјалната листа од 30 фудбалери кои се натпреваруваат за „Златната топка“ за 2025 година, а победникот ќе биде објавен на церемонијата во Париз на 22 септември. Листата на кандидати беше објавена во фази, а најмногу номинации оваа година имаше ПСЖ, пред сè благодарение на убедливиот триумф во Лигата на шампионите, […]

Со дуелот Струга – Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025


Организаторите на меѓународниот ракометен турнир Струга 2025 го објавија распоредот на натпреварите за годинашново издание. Честа да се појават пред свеченото отворање ја добија локалните ривали домаќинот Струга и амбициозниот за оваа сезона тим на Охрид. Првиот ден на 13.август (среда) ќе играат уште: Бутел и Радички Крагујевац. Финалето се игра на 16.август – сабота.  […]

УС Опен го зголеми наградниот фонд


Њујорк- Организаторите на УС Опен објавија колкав ќе биде наградниот фонд оваа година. Во споредба со 2024 година, тој е зголемен за 20% и ќе изнесува 90 милиони долари. За сингл натпреварите, наградниот фонд ќе биде распределен на следниов начин: Прво коло – 110.000 долари; Второ коло – 154.000 долари; Трето коло – 237.000 долари; Четврто […]

Драматичен финиш: ШК Алкалоид повторно Шампион, ШК Мулти Есенс непоразен до второто место!


Во трилер-завршница, која ги изненади и најголемите оптимисти, ШК Алкалоид во последното седмо коло од Екипното првенство на Македонија со нерешен резултат 3 : 3 успеа да стигне до својата 27. титула, сметано од 1992 година до денес, при што тринаесетта во низа.   Ждрепката сакаше најтрофејниот шаховски колектив на Македонија токму на крајот да […]

ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“


Нефункционални објекти и реквизити, затворен Aква парк, неизвесност околу иднината на соларниот систем и пропуштени можности за дополнителни приходи, утврди  Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Ревизијата на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ за 2023 година. -Со ревизијата е утврдено дека друштвото во 2023 година остварило приходи од закупнини […]

Македонските одбојкари ќе се соочат со Бугарија на турнирот „Чајка“


Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе се соочи со Бугарија во завршниот натпревар од 49. издание на меморијалниот меѓународен турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”. Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 19 часот. Бугарите со 3:1 ја победија Швајцарија, додека Македонија со истиот резултат загуби од Швајцарците, па вечерашниот натпревар ќе […]

Барселона ќе добие нов капитен


Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, ќе ја изгуби капитенската лента на барање на раководството на клубот. Како што објави „3Cat“, на главниот тренер Ханс-Дитер Флик му било кажано дека е потребно да се назначи нов капитен како дисциплинска мерка против 33-годишниот Германец. Голманот одбил да потпише извештај за повреда која требало да се достави […]

Новата фудбалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот


Стартот на Првата фудбалска лига во Македонија е в петок (8.август), а со почетокот на новиот шампионат на натпреварите ќе биде применувана и ВАР технологијата. Досега ВАР системот во Македонија се применуваше само на Националната Арена „Тодор Проески“ и тоа на меѓународни натпревари.  Едно од првите ветувања на претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ со неговото […]

Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026


Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на француската репрезентација, објавија некои тамошни медиуми. Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак ќе го замени Дидие Дешамп кој ја објави својата оставка во јануари 2026 година.  Дешамп е селектор на француската репрезентација од 2012 година. Под негово водство „Триколорите“ ги освоија Светското првенство во 2018 година и Лигата на […]

Навивачите на Шкендија со националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида за време на натпреварот со Карабах


Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, направија инцидент со националистичките извикувања.  Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите […]

Шкендија шансата во ЛШ ќе ја бара на реваншот со Карабах во Баку


Фудбалерите на македонскиот шампион Шкендија вечерва доживеаја минимален пораз од 1:0 од Карабах во првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Во изедначен натпревар едиствениот гол првакот на Азербајџан го постигна од пенал во 18.минута. При една интервенција Вебстер направи фаул на линијата од шеснаесетникот и по прегледувањето на ВАР снимката судијата […]

Ѓоковиќ на US Open во сосема поинаква опрема: Најдобриот на сите времиња ги изненади сите со ново издание


Новак Ѓоковиќ ќе игра на US Open во нова опрема, во бои во кои немавме можност да го видиме претходно. Новак Ѓоковиќ ќе има можност да атакува на нова Гренд слем титула на US Open. А, на големиот турнир, ќе имаме можност да го видиме во малку поинакво издание, на кое не сме навикнати. Српскиот […]

ФИБА отвори истрага против кошаркарската федерација за навивањето во Куманово


 Светската кошаркарска федерација (ФИБА) отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања за време на натпреварот Македонија – Романија одигран во саботата во Куманово. -Во оваа фаза собираме релевантни извештаи поврзани со инцидентот и сме во тесна координација со вклучените национални федерации како и со локалните власти и органите за спроведување на законот, изјавил […]

Ѓоковиќ по Торонто ќе го „прескокне“ и Синсинати


 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ донесе одлука по Торонто да го „прескокне“ и Мастерс тунрирот во Синсинати. Тоа ќе значи негов втор откажан турнир на северноамериканскиот континент и така Ѓоковиќ без одигран турнир ќе настапи на УС Опен. Српскиот тенисер втора година по ред го откажува настапот во Синсинати.  Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во Њујорк […]

Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер


Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија Вардар ги пушти во продажба влезниците за отворањето на сезоната. Во Скопје се игра вечното дерби на македонскиот фудбал и гостува битолски Пелистер.  Вардар претходната недела ги заврши настапите во Конференциската лига на УЕФА, па сега остануваат само домашните натпревари за „црвено-црните“. Влезниците за дуелот со Пелистер […]

Ова се четирите најголеми боксери во историјата според Мајк Тајсон


Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, ги наведе четирите најдобри боксери во историјата. Според Тајсон најдобрите четворка ја сочинуваат: Џек Демпси, Сони Листон, Мухамед Али и Џорџ Форман. Демпси се борел 83 пати во својата кариера, од кои победил 68 пати, загубил 6 пати и девет меча боксувал нерешено. Листон има 54 […]

„Не можам да го правам тоа како Новак, мајка ми ме критикува“: Алкараз призна во што никогаш нема да биде како Ѓоковиќ


Карлос Алкараз призна дека не може да биде дисциплиниран како Новак Ѓоковиќ и дека неговата мајка често го критикува поради тоа. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, дури и на 38 години, успева да доминира во тенисот, што пред сè го должи на неговата неверојатна дисциплина. Откако го елиминираше глутенот од исхраната, Ѓоковиќ сфати колку храната му […]