Славна актерка споделува тажни емоции по смртта на три холивудски икони


  Џејн Фонда вели дека 2025 година била една од најтешките години во нејзиниот живот, додека тагувала по смртта на тројца блиски пријатели и холивудски икони: Роберт Редфорд, Дајан Китон и Џин Хекман. 87-годишната актерка размислувала за својата тага за време на неодамнешното појавување на забавата „EmPower“ по повод 30-годишнината од кампањата „Џорџија за моќ […]

Еве, како изгледа Кристл од „Династија“ на 83 години


Линда Еванс официјално има 83 години и е подобра од кога било. Актерката, најпозната по улогата на Кристл Карингтон во иконската сапуница „Династија“ од 1980-тите, која ја играше од 1981 до 1989 година, цвета во своите осумдесетти години. За да го прослави својот 83-ти роденден во вторник, Еванс објави на Инстаграм прекрасна фотографија на која […]

„Да ми речеше некој дека некогаш ќе пеам љубовни песни…“: Скопје му оддаде почит на Влада Дивљан 


Скопје на нозе, во хор, со овации, емоции и ѕвездено небо, во Филхармонија, (17 ноември) ги славеше најубавите песни што ги оставил Влада Дивљан, еден од најзначајните музички автори на овие простори, по повод десетгодишнината од неговата прерана смрт, на само 56 години. Пред преполната сала, со ексклузивни гости, на еден од најемотивните концерти кои […]

Новата модна колекција на Јована Филиповиќ е омаж на женската моќ, самоувереност и елеганција (фото)


Јована Филиповиќ, омилената дизајнерка на македонската елита, во своето елегантно и минималистичко уредено модно ателје од 110 метри квдратни во центарот на Скопје, ја промовираше новата модна  колекција – Seasonless 2026,  која претставува омаж на женската моќ, нејзината самоувереност и елеганција. Во лежерна атмосфера, со миризливи свеќи од скапи парфеми, со коктели, чоколадо и избрано […]

Мет Гала 2026: Откриени улогите на Џеф Безос и Лорен Санчез Безос


Њујорк – Џеф Безос и Лорен Санчез Безос имаат главна улога за Мет Гала во 2026 година, најважната модна ноќ со донатарска димензија. Всушност, основачот на Амазон и неговата сопруга се главните донатори кои помагаат во финансирањето на „Уметност на костуми“, пролетната изложба во 2026 година во Институтот за костуми при Музејот на уметности Метрополитен […]

„К-15“ сними документарец кој ќе се промовира на 5 декември во МНТ


Триото „К-15“ сними документарен филм насловен „К-15: Од другата страна“, кој го опишува како филм со скриена приказна за најголемиот хумористичен феномен. Документарецот ќе се промовира на 5 декември во Македонскиот народен театар (МНТ) од 20 часот. Останатите проекции се закажани на 6, 7, 13 и 14 декември. „Ова се искрени сведоштва, ретки архивски материјали […]

Том Круз конечно доби (почесен) Оскар, одржа трогателен говор


Холивуд – По четири и пол децении поминати пред камерата, во недела навечер, на 16-тото доделување на почесните Оскари (Governors Awards)во Холивуд, конечно беше време веројатно најголемата филмска ѕвезда во светот да ја добие својата долго заслужена награда „Оскар“. Номиниран три пати за глума, а сега добивајќи го Оскарот за „неговата непоколеблива посветеност на нашата […]

Оваа холивудска легенда наполни 91 години и ретко се појавува во јавност


  Ширли Меклејн сè уште фантастично го пали светлото на 91 година! Шарено облечената добитничка на Оскар, беше снимена додека вешто се фаќа себеси пред да се сопне на тротоарот во Малибу на пат кон уште едно вечерно излегување во нејзиниот омилен ресторан за стекови – но изворите велат дека тоа е само затоа што […]

Џенифер Лопез како дива на почесните Оскари во Холивуд


Холивуд – Џенифер Лопез присуствуваше синоќа на доделувањето на почесните Оскари во Холивуд (Governors Awards) , во поддршка на нејзиниот филм „Бакнеж на жената-пајак“ и, како што се случило многу пати за време на црвените ќилими, сите очи беа вперени во неа. Лопез на гала настанот носеше црн кадифен фустан од „Тамара Ралф“ со здолниште […]

Распродадени билетите за премиерата на новата „Жикина династија“ во Белград (видео)


Белград – Во рекордно време, за само неколку дена, големата белградска премиера на филмот „Враќањето на Жикината династија“, закажана за 2 декември во Сава Центарот, беше распродадена. Од реновирањето на Сината сала на Сава Центарот, ниедна филмска премиера немала таков интерес од публиката. Ова само потврдува дека култната франшиза сè уште има лојална и голема […]

Одложен концертот на Божо Вреќо во Филхармонија


Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини, објави организаторот, Music Time. Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум. Сите купувачи […]

Ема Стоун најубава позната жена во светот, според „Златниот пресек“


Њујорк– Ема Стоун е најубавата позната жена во светот, според нов труд заснован на древногрчкиот „Златен сооднос на убавината“, којшто ја мери „физичката совршеност“. Имено, „оскаровката“ од филмовите „Бедни суштества“ и „Ла-ла-ленд“, според наводите, има речиси совршен профил на лицето – 94,72 отсто од „Златниот пресек“, објави „Дејли мејл“ (Daily Mail). – Ема Стоун е […]

Влатко Лозаноски со мега шоу: „Километри Љубов“ на 7 март во Арена Борис Трајковски


Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност. „Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ […]

Црвениот килим на почесните Оскари во Холивуд ( фото)


Академијата за филмска уметност и наука, синоќа, по 16-ти пат ги организираше Governors Awards. И покрај обилните дождови и ветер, на гала настанот кој не се пренесува на ТВ пристигнаа славните ѕвезди во гламурозни изданија. Гала настанот, кој се смета за клучна станица за кандидатите за сезоната на награди, им додели почесни награди на Том […]

Како аферата на Мерилин Монро со Ив Монтан го засени овој филм кој беше номиниран за Оскар за најдобра музика


Малку филмови на Мерилин Монро имаат толку комплексна позадинска приказна како „Да водиме љубов“, нејзината музичка комедија од 1960 година со Ив Монтан. Денес, филмот често е засенет од „Некои го сакаат жешко“ и „Неприлагодените“, но „Гети имиџис“ содржи ризница од искрени фотографии зад сцената што ја прикажуваат Монро на работа за време на продукција […]

Кирил Џајковски и Констракта, специјални гости на концертот во чест на Влада Дивљан во Филхармонија


Во понеделник, 17 ноември, во 20 часот, во Филхармонија ќе се одржи концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан. На сцената, како специјални гости ќе се придружат нашиот Кирил Џајковски – пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки – и Констракта, артистката […]

Владо, Џамбазов, Каролина, Џајковски…: „Тиквеш“ со атмосфера како на концерт


Првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба на винаријата „Тиквеш“ , во годината кога се слави 140 години љубов, преточена во вино, вчера, на Тиквеш фестивалот на младо вино во Кавадарци, имаше атмосфера на ексклузивен концерт на кој се славеше македонската поп-музика со врвни изведувачи, кои сега, ретко ги гледаме со свој концерт. […]

Најголема ѕвезда, тоа е Калиопи: Магична вечер покрај камин во Филхармонија


Калиопи, поп дивата, со глас и става, позитивна енергија и многу љубов, синоќа, на првиот од трите закажани акустични концерти во Филхармонија, ни ги стопли душите и срцата, во претпразничен магичен амбиент, кој ветуваше незаборавна вечер. Изненадувањето за публиката беше сцената која го симболизираше нејзиниот дом, со послан ќилим, свеќи и запален камин во овие […]

Бајага и Девито снимија дует. Песната се вика Астронаут (видео)


Бајага и Девито – две имиња за кои речиси никој не помисли дека некогаш ќе се најдат во истата реченица. Сепак, музичарите го изненадија регионот и објавија заедничка песна. Дуетот Астронаут беше објавен вчера на YouTube и досега има над 400.000 прегледи. Различни стилови, различни генерации Комбинацијата на Девито и Бајага е сосема неочекувана за […]

Лејди Гага била „на литиум“ додека го снимала „Ѕвездата е родена“: „Среќа што сум жива“


Седум години по пробивната филмска улога во „Ѕвездата е родена“ ( A Star Is Born) на Бредли Купер, Лејди Гага неодамна се потсети на своите предизвикувачки околности зад сцената. Добитничката на Оскар откри дека земала литиум на рецепт додека го снимала римејкот на музичката романса во 2018 година, во еден зафатен период од нејзината кариера, […]