Д Викенд ќе ги бојкотира Греми заради расизам на тајниот одбор


САД– Пред утрешното доделување на наградите Греми кои го слават најдоброто од музичката индустрија, канадската поп-ѕвезда Д Викенд изјави дека од сега па натаму ќе го бојкотира доделувањето на Греми наградите, а ваквата информација ја потврдил за „Њујорк Тајмс“. Пејачот изјавил дека повеќе нема да ги пријавува своите песни за најпрестижната годишна награда во музичката […]

Мајами го сретна Медитеранот: Диџеј Калед и „Долче и Габана“ се здружија за колекција за плажа


САД-Долче и Габана се приклучија на долгата листа на соработници на Диџеј Калед. Италијанската модна куќа се здружи со наградуваниот хитмејкер на ексклузивната колекција опишана како „Miami-meet-Mediterranean“. Капсулата се состои од облека за на плажа и унисекс парчиња прет-а-порте , вклучително и тренерки, панталони, панталони и додатоци, сите во живописни бои и модели со тропски […]

Џенифер Лопез и Алекс Родригес се разделија по четири години


САД– Една од најстабилните двојки во Холивуд, Џенифер Лопез и Алекс Родригес ја откажаа свршувачката после две години и веќе не живеат заедно, објавија американските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори. Една од најславните двојки во САД беше заедно од почетокот на 2017 и го доби прекарот Џеј-Род откако заедно се појави на насловната страница […]

Евровизискиот спот на Гарванлиев во фокусот: Уметничко дело на Жанета Вангели го смешаа со бугарско знаме


Кадар од спотот за евровизиската песна на Васил Гарванлиев  “Here I stand“ снимен во Даут пашин амам во Скопје предизвика негативни реакции во јавноста. Во кадарот е фатена уметничка слика која наликува на вертикално поставено бугарско знаме. Станува збор за делото на Жанета Вангели “Омаж на Андреј Рубљов” од 1995 создадено во комбинирана техника на иверка […]

Откријте ја Македонија со „Фешн груп“: Модно патување со балкански ѕвезди


Оваа пролет носи посебна приказна со себе, приказна за слободата и сета нејзина убавина… Овојпат, Fashion group ви раскажува сосема нови, поинакви авантури на кои знаат дека ќе се радувате… Пролетната кампања на Fashion group ве води на некои од најмагичните места низ нашата земја, прикажувајќи ги новите колекции кои се како создадени за поинаква […]

‘Technicolor’: Нова капсулна колекција на Росица Мршиќ (галерија)


Модната дизајнерка Росица Мршиќ создаде капсулна колекција која ја одразува нејзината визија за потребите на времето кое го живееме: топла, опуштена, секојдневна а во исто време колекција со изразен дизајнерски импулс. Колекцијата е лесна за носење во текот на целиот ден, без сезонска, со можност да се комбинира и прилагодува на индивидуалните потреби. Со естетика, која […]

Почина актерката Дара Чалениќ – најпозната од „Жикина династија“


  Српската актерка Дара Чалениќ почина синоќа на возраст од 87 години, по долга и тешка болест, соопшти „Кино-театар“. Погребот ќе се изврши во кругот на семејството во Нови Сад. На поранешните југословенски простори најпозната е по улогата на Дара од „Жикина династија“. Дара Чалениќ е родена на 18 јули 1934 година во Нови Сад, […]

Објавен трајлерот за документарецот за Тина Тарнер, поп-легенда и борец


САД- Објавен е официјалниот трајлер за документарецот за кариерата и приватниот живот на поп-легендата Тина Тарнер (81). ТИНА, ветува дека ќе даде „откриен и интимен поглед“ на животот и кариерата на Тарнер, премиерно во сабота, 27 март, во 20 часот.Исто така, ќе биде достапен за пренос на HBO Max. Според мрежата, филмот ќе ја следи […]

“Here I stand“ на Гарванлиев звучи моќно: Евровизиската песна промовирана на МТВ (видео)


“Here I stand“, евровизиската песна со која што македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам, беше промовирана денес во Дневник 1 на МТВ, каде Васил беше гостин, а од 18.00 часот песната со видео запис ќе биде достапна онлајн на официјалната јутуб платформа на Eurovision Song Contest. […]

Надреална мода: Да бидеш авангардна како Леди Гага, ти требаат чевли на Скјапарели


САД- Имагинативниот свет на Елза Скјапарели продолжува да шокира, дури и еден век подоцна. Со креативниот директор Даниел Роузбери, модната куќа е во фокусот со најновата колекција на висока мода. Во неделата, Ема Корин ја прифати виртуелно наградата за најдобра актерка во драмска серија на доделувањето на наградите на Critics’ Choice Awards во скулптурен и […]

Меѓу морски бранови и кокошки: Како Хари и Меган го најдоа мирот во Калифорнија


Додека интервјуто на Опра кое го видоа 50 милиони луѓе во светот беше полно со обвинувања и откритија, во позадина, ние исто така научивме многу за животот што го живеат Сасекси со нивниот син Арчи во раскошниот приморски град Монтесито   САД- Ексцентрици, прогонети лица, пронаоѓачи, хипици, криминалци: повеќе од 150 години, сите дојдоа во […]

Славниот водител Пирс Морган, кој ја навредуваше Меган Маркл, поднесе оставка


Англија– Британскиот телевизиски водител Пирс Морган денеска поднесе оставка од Ај-ти-ви и повеќе нема да биде домаќин на емисијата по која е познат во цел свет – „Добро утро, Британија“, по навредливите коментари на сметка на Меган Маркл, сопругата на принцот Хари. „Разговаравме со Морган и тој одлучи дека е време да ја напушти емисијата, […]

Од Том Хенкс до Џорџ Клуни: Австралија е најбезбедна земја за снимање високобуџетни холивудски филмови


Австралија– Џорџ Клуни и Џулија Робертс се последните холивудски sвезди кои ќе снимаат во Австралија, благодарение на финансирањето на австралиската влада за високобуџетни филмови и примамливо малата изложеност на земјата на пандемијата на коронавирус. Филмот на двојката, “Ticket to Paradise”, доби грант од државата Квинсленд од 6,4 милиони австралиски долари (4,90 милиони американски долари) за […]

Што им е заедничко на Џил Бајден и на Меган Маркл: Фустанот со лимони на Оскар де ла Рента


САД– Џил Бајден ги поддржува жените со своите зборови и модни избори. Првата дама соработуваше со Стејт департментот за да оддаде почит на 21 жена ширум светот кои ја добија Меѓународната награда за храброст на 8 март, Меѓународен ден на жената. Таа навидум суптилно прослави една посебна жена облечена во одреден фустан на Оскар де […]

Тамара Тодевска е позитивна на Ковид-19


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави дека е позитивна на коронавирусот. Таа претходно пишуваше дека има симптоми на Ковид 19 и дека чека резултати, за подоцна да објави и дека вирусот ѝ е детектиран. „Ајде нека е честито“, напиша Тамара.   -Ќе има време и за нови песни, и за […]

Даблин е новата шопинг дестинација- Диор отвара продажен салон за модни додатоци


Англија- Диор отвара продавница во најзначајната стоковна куќа во Даблин Браун Томас, со планови за продажба на женски модни додатоци од есенската колекција, што ќе се отвори на есен. Новиот простор во главниот град на Ирска ќе понуди чанти, вклучувајќи ги моделите Lady Dior, Dior Caro и Dior Book Tote, и други дизајни на Марија Грација […]

Кој ќе пее на Греми 2021?


САД-Поп-ѕвездата Бијонсе има најмногу – девет номинации за доделувањето на Греми наградите 2021 на 14 март. Меѓу нив и за песна на годината, како што објавија организаторите . Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63-то издание на свеченоста.  Американката Свифт и Липа се натпреваруваат за најважната […]

„Sattwa“ негува и инспирира: Како македонската помада спои 4 женски приказни и ја предизвика јавноста?


Девет години по легендарната кампања со Надица Георгиева, Билјана Дебарлиева, Ирена Спировска и Наташа Петровиќ, успешната приказна на „Sattwa“ од јавната сцена во 2012 година, оваа 2021 година се сели во деловниот свет на компанијата „Алкалоид“ во која над 60 отсто од вработените се жени   Л.Сабит Самоуверена, достоинствена и еднаква. Таква е во светот […]

Дали маслиновото масло е фонтана на младоста, од која буквално треба да пиете? Холивуд вели да


САД- Дизајнерката Норма Камали, на возраст од 75 години, го нарече маслиновото масло својата „омилена храна за убавина“ и вообичаено носи мини шише со себе каде и да оди. Блескавата, златна Џенифер Лопез инсистираше на тоа да биде клучна состојка во нејзината нова линија за нега на кожата, бидејќи го користи на косата и на […]

Славниот композитор Сања Илиќ почина на 70 години од коронавирус


Србија– Александар Сања Илиќ, композитор, музичар и основачот на групата Балканика, почина денес од последици од коронавирусот, откако некое време беше на респиратор, јавија српските медиуми. Сања Илиќ почина во 70. година од животот. Роден е во Белрад во 1951 година. Негов татко е композиторот Миодраг Илиќ Бели, а брат композиторот Драган Илиќ од Генерација […]