СДСМ бара деескалација на односите меѓу Бугарија и Македонија


  Опозициската СДСМ денеска повика на намалување на тензиите меѓу Македонија и Бугарија затоа што во крајна линија тие можат да бидат на штета на евроинтеграциите на нашата земја. Портпаролката Богданка Кузеска рече дека „влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните интереси […]

Андреј Ковачев познавал друг Николоски, а не овој


  Европратеникот од ГЕРБ и еден од петте квестори на Европскиот парламент, Андреј Ковачев, вели дека е зачуден од острата реторика против Бугарија на вицепремиерот и втор човек на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Ковачев во изјава за Бгнес рече дека во минатото разговарал многу пати со Александар Николоски, чии коментари ги запалија билатералните односи во последните […]

ДУИ смета дека се спроведува деалбанизација во државата


  ДУИ реагира на одлуката на Уставниот суд да го преиспита вработувањето во јавната администрација со т.н. балансер оценувајќи дека власта спроведува деалбанизација на државата.  „Јавните предупредувања за деалбанизација на државата, сега во пракса ги реализира оваа моноетничка власт во која се и губитниците на изборите или нарушувачите на албанскиот легитимитет. ‘Вреди’ ги затвора очите […]

ГЕРБ ќе бара ЕПП да ја исклучи ВМРО-ДПМНЕ од членство


  Европратениците на ГЕРБ ќе побараат постапка за исклучување на македонската ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, од Европската народна партија (ЕПП). Ова за БНТ го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. „Тие (ВМРО-ДПМНЕ) на секој начин докажуваат дека сакаат да бидат со Фидес на Орбан и се оддалечуваат од вредностите на ЕПП и европската демократија“, нагласи […]

Србија ги очекува првите 112 милиони евра од Планот за раст на крајот од октомври. За Македонија не знаеме


  Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел, по заедничкиот ручек со Урсула фон дер лајен зборуваше и со Шарл Мишел во изјавата зборуваше дека правилото на едногласност во ЕУ било ултиматум, а српскиот претседател Александар Вучеиќ за тоа кога Белград ќе ги добие првите пари од Планот за раст. По ручекот со претседателката на Европската комисија, […]

Мицкоски до Брисел: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми!


Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл  Мишел, кој е во заминување, се пожали на неправдите и понижувањата што според него ги трпи Македонија во процесот на евроинтеграција и прати нејасна порака дека разботиме да ги зајакнеме институционалните капацитети а не за членство во Унијата, сакајќи веројатно да каже дека со […]

Мицкоски се жали во Брисел место да работи на почнување преговори


  Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек организиран од  претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во објава на платформата Икс по средбата, Фон дер Лајен наведе дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан и […]

Александар Николоски останува на кажаното: бугарскиот однос бил нецивилизиран


  Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска реагираше на острите критики од Бугарија поради тоа што ги нарече нејзините политичар „невивилизирани“ и соопшти дека останува на таа изјава. Тој уште додаде дека „корумпирани политичари од Бугарија сакаат да ги уништат односите, ја користат Македонија како предизборна тема“. Во изјавата се вели: „Би сакал […]

Муцунски му врачи на Столтенберг Плакета за постигнатите успеси


  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во седиштето на НАТО имаше средба со генералниот секретар на Алијансата во заминување, Јенс Столтенберг.  Како што објави денеска министерот Муцунски на својот Фејсбук профил, на средбата со Столтенберг му изразил лична благодарност за неговиот извонреден придонес во евроатлантската безбедност, притоа врачувајќи му Плакета за […]

Костадинов: Македонија страда од „класичен Б комплекс“


Според лидерот на „Вазраждане“, Костадин Костадинов , скандалот со исчезнатото македонско знаме е вештачки создаден. „Уште еднаш, раководството на Република Северна Македонија покажа дека има единствен комплекс кој во голема мера го одредува развојот на политиката и насоките на извршната власт во моментов, а тоа е т.н. „Б комплекс“ или комплексот од Бугарија.Кога македонската претседателка […]

Македонија ни „за“ ни „против“ резолуцијата за повлекување на Израел од Палестина


Генералното собрание на ОН денеска со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката  резолуција за Палестина со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година. За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на светската организација, 14 беа против, 43 беа воздржани. Во резолуцијата се […]

Бојко Борисов бара оставка од Александар Николоски


  Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, бара оставка од вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кој ги нарече Бугарите „нецивилизирани“ и изјави дека Македонија и Бугарија немаат заедничка историја. „Ако не го сторат тоа, ниту претседателот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се видат или да разговараат со нив (членовите на […]

Радев обвини за оркестриран скандал од Македонија


Манипулирањето со фактите и хистеричните реакции на владата на Република Северна Македонија не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака односите со Република Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали. Ова е последната реакција од кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев по изјавите на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски упатена кон […]

Апасиев за двојазичните СМС пораки на Гаши: Ова ни на Талат не му текна!


„Ај честито и двојазични SMS пораки до пратениците! Ова ни на Таљат не му текна. Фала Жмицко, фала ДПМНЕ“ – напиша денес на Фејсбук Димитар Апасиев. пратеник и лидер на Левица.  Неговата реакција уследи откако спикерот на Собраниет,о Африм Гаши почна со практиката да ги известува пратениците со пораки на два јазика, а ВМРО-ДПМНЕ, чиј […]

За бугарското МНР изјавите на Николоски се „неевропски и невоспитани“


Министерството за надворешни работи реагираше на зборовите на вицепремиерот и министер за транспорт на Република Северна Македонија, Александар Николоски, кој Бугарите ги нарече „мизерни“. „Во врска со последователните навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на официјални лица од Република Северна Македонија, ние категорично одбиваме да се вклучиме во таков неевропски и неспоив […]

Мицкоски оди на ручек со Лајен во Брисел, ќе го однесе и предлогот за спорот со Бугарија


  Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани од денес ќе престојува во работна посета на Брисел. Тој, заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен и ќе оствари состанок […]

Предлогот на Словенката Марта Кос за еврокомесар за проширување е добар знак за регионот


  „Словенечката парламентарна комисија побара писмо и ние го испративме, бидејќи е многу јасно и концизно. Тоа е многу транспарентен процес“, објасни Урсула фон дер Лајен, која на Словенката Марта Кос ѝ го додели портфолиото за проширување на ЕУ и источното соседство, вклучително и повоената обнова на Украина, во својот тим на комесари. Во владејачките […]

Неколку кандидати за еврокомесари на листата за „отстрел“ на ЕП, меѓу нив и Захариева


Не се случува често Европскиот парламент да владее со Европската комисија – но ова е еден од тие моменти.Во текот на следните неколку недели, европратениците ќе одржат сослушувања за 26-те комесари предложени од претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Не очекувајте сите да преживеат. Од 2004 година, Парламентот отфрлa барем еден кандидат во секоја […]

Мицкоски во Брисел ќе ја пренесе народната фрустрација


  Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе биде во Брисел каде што во ЕУ ќе се расправа за Планот за раст. Но доколку станело збор за евронтеграцијата тој ќе кажел дека има голема фустрација во македонија поради закочените процеси. „Доколку стане збор за евроинтегративниот процес, јас сум тој што треба да ги брани и одбрани македонските […]

За првпат проширувањето на ЕУ има еврокомесар само за проширување


  Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен формално ја прекина политиката на ЕУ кон соседството во Северна Африка и Блискиот Исток и ги оддели овие земји од тие што аплицираат за членство, т.е. ги подели мандатите на два засебни еврокомесари. Критичарите велат со тој потег таа  ризикува да ги продолжи „двојните стандарди“ на […]