ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи. Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Се отстранува застаклен објект без дозвола на ул „Железничка“, сообраќајот во хаос


Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти. Како што информираат од Центар станува збор за објект на улицата „Железничка“. За таа цел, на првата лента од еднонасочната улица има паркирано сервисни и градежни камиончиња. Работат десетина работници, а ги чува полиција.  Тротоарот …

Се отстранува застаклен објект без дозвола на ул „Железничка“, сообраќајот во хаос Read More »

Во општина Карпош е поставен првиот „хотел“ за диви пчели


По повод одбележување на Денот на планетета Земја, денеска во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија првиот „хотел“ за згрижување на инсекти – опрашувачи на територија на локалната самоуправа. Станува збор за иницијатива којашто се реализира во рамки на проектот СУДЕКУ (Одржлива демократка култура), чии носители …

Во општина Карпош е поставен првиот „хотел“ за диви пчели Read More »

„Средноленд“ низ Скопје – средношколците ги покажуваат своите таленти


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на Плоштад Македонија ја отвори средношколската манифестација „СРЕДНОЛЕНД 2024“, на која скопските средношколци ги претставуваат своите таленти преку музика, танц, ликовна и драмска уметност, фотографија и филм.   По успешната реализација минатата година, кога за првпат се одржа оваа средношколска манифестација, продолжуваме со поддршката и мотивацијата на нашите талентирани …

„Средноленд“ низ Скопје – средношколците ги покажуваат своите таленти Read More »

Митинг на „Скендербег“ – улиците во центарот на Скопје повторно затворени


Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради одржување на митинг, денеска во 20.30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците …

Митинг на „Скендербег“ – улиците во центарот на Скопје повторно затворени Read More »

Прв средношколски самит за кариерен развој


Во Скопје денеска ќе се одржи првиот средношколки самит за кариерен развој во организација на „Growth Labs Academу“ и во соработка со Сојузот на средношколци. На самитот ќе се разговара за важноста на неформалното образование и континуираното учење, како да се избере идната професија и да се започне кариерата со креирање на силен персонален брендинг. …

Прв средношколски самит за кариерен развој Read More »

Естрадата пееше за собирање средства за лекување за малата Кара


Општина Центар организираше музички хуманитарен хепенинг во Парк на Франкофонија каде се собираа средства за лекување на Кара Селовска. Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар. Има сериозни здравствени компликации поради кои е сместена во болница во Барселона, Шпанија. Средствата и се потребни за да ги покрие третманите за дијагностицирање на болеста …

Естрадата пееше за собирање средства за лекување за малата Кара Read More »

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи


Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.  Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре …

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи Read More »

Изменет режим на сообраќај во Скопје во сабота и во недела – се одржуваат политички митинзи


Поради одржување на митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21.04.2024 во 13.00 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност  на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на ул.„Св. Кирил и Методиј“ почнувајќи од 19 часот …

Изменет режим на сообраќај во Скопје во сабота и во недела – се одржуваат политички митинзи Read More »

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист гејт мол“


За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат Портокалова велосипедска тура, па посетителите што ќе дојдат, со велосипеди ќе вртат кругови околу трговскиот центар „Ист гејт мол“. Ова се прави по примерот на Orange Bike Ride што се одвива низ целиот свет за време на Денот на кралот на Кралството Холандија. …

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист гејт мол“ Read More »

Ѓорче Петров се ослободи од 100 метри кубни отпад од диви депонии


Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во координација со Градот Скопје, спроведоа акција за отстранување неколку диви депонии лоцирани во скопската општина Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 100 кубни метри претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 кубни метри …

Ѓорче Петров се ослободи од 100 метри кубни отпад од диви депонии Read More »

Oтстранeта рампата на улицата „Наум Наумовски Борче”, улицата станува двоначочна


Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел „Дувет“, на крстосницата меѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот. Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено …

Oтстранeта рампата на улицата „Наум Наумовски Борче”, улицата станува двоначочна Read More »

Без струја селата Волково и Кучково, како и неколку улици во Кисела Вода и Гази Баба


Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија денеска ќе останат корисници од селата Волково и Кучково, како и делови од неколку улици во општините Кисела Вода и Гази Баба.  Како што соопштија од РЦУК – Скопје, денеска во период од 09:00 до 16:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците во селата …

Без струја селата Волково и Кучково, како и неколку улици во Кисела Вода и Гази Баба Read More »

Арсовска: Решението за Универзална со мислењето од ИЗИС го потпишал Петре Шилегов


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Таа најави секојдневни прес-конференции за да се одговорат сите прашања во врска со Универзалната сала. „Одговори нема на ниту едно од поставените прашања, само широка плејада на напади …

Арсовска: Решението за Универзална со мислењето од ИЗИС го потпишал Петре Шилегов Read More »

Кривично ќе се гони скопски градоначалник за „несовесно работење во службата”


Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш.  – СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353 од Кривичниот законик. Во текот на 2020 и 2024 …

Кривично ќе се гони скопски градоначалник за „несовесно работење во службата” Read More »

Во Центар се менуваат 3.982 светилки со ЛЕД осветлување


Општина Центар ја започна првата фаза од проектот „Смарт сити“ со инсталација на паметни светилки низ цела територија на општината. Системот го имплементира А1 Македонија преку целосна реконструкција на постоечкото улично осветлување и паралелна имплементација на светилките и паметните ормари. Станува збор за замена на 3.982 улични светилки со нова технологија на ЛЕД светилки за …

Во Центар се менуваат 3.982 светилки со ЛЕД осветлување Read More »

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови


АД Електрани на Северна Македонија информира дека за утре се создадени услови за испорака на топлинска енергија. – Ги информираме потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија. Оваа информација е согласно …

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови Read More »

Изгорената шалтер сала на Пошта нема да се реконструира, барем засега


  Шалтер салата на главна Пошта, во центарот на Скопје, која изгоре во пожар пред повеќе од 11 години, ќе остане необновена, затоа што Министерството за култура не се договорило со претпијатието. „Во однос на реконструкцијата за шалтер-салата, за жал не. Мене ми беше тоа многу голема желба, затоа што имавме и проект имавме и …

Изгорената шалтер сала на Пошта нема да се реконструира, барем засега Read More »

Министерката за култура ќе ја даде на суд Арсовска за „лагите“ околу Универзална сала


  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, категорично ги отфрла тврдења на градоначалничката Данела Арсовска дека знаела за пожарот во Универзална сала, а не пријавила, нарекувајќи ги лаги и најави тужба. „Веста за пожарот се ширеше толку брзо што за многу краток период беа преплавени социјалните медиуми од кадешто дознав јас и во истиот тој момент …

Министерката за култура ќе ја даде на суд Арсовска за „лагите“ околу Универзална сала Read More »