„Куку леле“ вечерва на новогодишниот базар ,,Патека на радоста” во општина Илинден


Во рамките на новогодишниот базар „Патека на радоста“, кој од завчера се одржува во спортско рекреативниот центар во Марино, општина Илинден, денеска со почеток во 17 часот е предвидена детска програма, а во 19 часот ќе настапат „Куку Леле“, информираат од општината. Утре во 19 часот посетителите ќе имаат можност да се забавуваат со настапот […]

Спасовски: Годинешниот просек говори за вкупно намалување на криминалот за осум проценти


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на годишниот брифинг за 2023 година истакна дека во текот на оваа година се бележи намалување на криминалот за осум проценти и дека се сузбиени 13 криминални групи со над 100 лица. Тој како главни случувања ги спомна одржувањето на Меѓународната конференција на Интерпол во Охрид, како и министерскиот […]

Нови 22 коли за итната медицинска помош и вработувања, најавува министерот за здравство Меџити


 Нови коли за итна помош и вработувања во здравството низ целата држава, најави министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на Поликлиника Чаир. Седум од колите за итна медицинска помош, се донација  од Европска Унија и треба да бидат промовирани во првите недели на јануари.  – Плус оние што кога дојдов […]

Општина Арачиново добива центар за рециклирање на отпадот


Денеска, градоначалниците на Општина Ораховац од Косово, Смајл Латифи и Ридван Ибраими од Општина Арачиново, потпишаа договор за меѓугранична соработка во рамките на проектот Cross-Border Cooperation Programme Kosovo – The Republic of North Macedonia under IPA II 2019 and 2020, за проектот „Be Clean, Be Green”. – Општина Арачиново ќе биде една од првите општини […]

Автобусите на ЈСП на 31 декември и 1 јануари ќе возат по неделен возен ред


ЈСП информира дека в недела, на 31 декември годинава, и понеделник, на 1 јануари 2024 година, јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, при што на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, […]

Традиционалнно „Sport life“ им подари новогодишни пакетчиња на децата од ранливите категории и на лицата со посебни потреби


„Sport Life“ обложувалници ја продолжија  традицијата од последните неколку години и оваа година им подарија новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост. Од страна на тимот на „Sport Life“ во празнична атмосфера и заедничка дружба,  беа поделени вкупно 114 пакетчиња, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово, во Здружение […]

Поликлиника Чаир од денеска има пет ехо-доплери


Поликлиниката Чаир од денеска има пет нови дигитални ЕХО колор доплер апарати. Во посета на оваа јавно-здравствена установа беше министерот за здравство Фатмир Меџити кој истакна дека станува збор за инвестиција од Здравствениот дом Скопје. -Едниот ЕХО колор доплер апарат е поставен во кабинетот за дојка во Поликлиниката Чаир, а вториот е планиран за одделот […]

Кастриот Реџепи со месеци не закажува второ читање на Законот за употреба на македонскиот јазик


Закочена е постапката во Собранието за носење на новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. За него се одржаа консултативни средби во Собранието, помина јавната дебата и првото читање пред членовите на собраниската Комисија за култура. Но, претседателот на Комисијата, Кастриот Реџепи , од непознати причини не го става овој закон на второ читање пред […]

Усвоен буџетот на Општина Центар за 2024 година


Советот на Општина Центар го усвои буџетот за 2024 годи. Основниот буџет е проектиран на 833.611.000 денари. Буџетот за наредната година е развоен, реален и транспарентен, а приоритет се дава на капиталните инфраструктурни проекти. Новите крупни инвестиции предвидуваат: реконструкција на Спортската сала „Работнички“ во Градскиот Парк , хортикултурно и партерно уредување во населбата Капиштец – […]

ЦУК апелира да не се палат депонии на отворено за време на продолжениот празничен викенд


Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира за време на продолжениот празничен викенд да не се палат стрништа и остататоци од земјоделски култури на нивите. Да не се палат пластични и гумирани работи, отпадоци и депонии на отворено, особено во овој период кога има, како што наведуваат, загаден воздух во Скопје и во други градови […]

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто


Домашните капацитети во Скопје, Охрид, Крушево, Дојран и Битола, но и во зимските центри, за новогодишните и божиќните празници ќе бидат исполнети 70 до 80 отсто. Ова е оценката на Љупчо Јаневски, кој до пред два дена беше директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).  Во разговор за МИА, направен пред да […]

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови


Во Берово изутрина во 7:30 часот се измерени -5 степени, -4 во Битола, -3 во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, -2 во Прилеп, Штип, Куманово, Велес, Гевгелија, Демир Капија, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Дебар, Кавадарци. Нула степени се измерени во Охрид и Претор, два во Виница, три во Дојран и Маврови Анови, четири во Крушево […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 100м. поради магла има на патниот правец Скопје-Демир Капија.   ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Магла на патниот правец Скопје-Демир Капија


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на патниот правец Скопје-Демир Капија, информира АМСМ.  На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на […]

Судскиот совет на јавна седница ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховен, Беса Адеми


Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да […]

Македонците генерално песимисти за 2024


  Македонија е под светскиот просек во перцепциите каква ќе биде наредната 20024 година. Според глобално истражување, кое во нашата држава го спроведе „Брима“ 20 отсто од испитаниците во Македонија сметаат дека 2024 ќе биде подобра од 2023 (светскиот просек е 39%), 34 отсто сметаат дека ќе биде полоша (светскиот просек е 26%), а 40 […]

Магливо и тивко


Времето ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје магливо и тивко. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 29  декември  2023 година, 365-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 3 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Дарувањето органи да биде државна стратегија, вели д-р Мојсова Мијовска


Националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска, смета дека дарувањето органи мора да е државна стратегија, и една држава без оглед кој е на власт треба директно да вложува и да го гради тој систем. Таа вели дека трансплантацијата воопшто не е лесен процес. – Се впрегнува цела машинерија, премногу медицински лица кои се […]