Близначки се родија први во Новата година во Чаир


Во првите минути од 2026 година, во Чаир се родија две девојчиња. Почеток што донесе живот и радост. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, денеска ја посети мајката и бебињата. „За ова посебно пристигнување, на мајката и ќерките им беа подарени злато и цвеќиња. Злато, како желба за вредност и среќа на секој чекор од животот. …

Близначки се родија први во Новата година во Чаир Read More »

Мицкоски: Ново линеарно зголемување со мартовската пензија


Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека во март ќе има линеарно зголемување на пензиите. Во изјава за медиумите дадена денеска во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите. – Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите така …

Мицкоски: Ново линеарно зголемување со мартовската пензија Read More »

Системот „Безбеден град“ навистина го брани градот – да се изгласа Законот за прекршоци


За околу 20 отсто е намален бројот на сообраќајни несреќи на територија на СВР Скопје во декември 2025 споредено со декември 2024 година, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.  Во истите периоди има и помалку повредени и смртни случаи во сообраќајки. Како што рече, околу 35 проценти има помалку повредени лица на подрачје на …

Системот „Безбеден град“ навистина го брани градот – да се изгласа Законот за прекршоци Read More »

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, меѓу случаите и двегодишно дете со повреди од огнено оружје


Бурна новогодишна ноќ имале лекарите на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Примени се пациенти од сообраќајни незгоди, пациенти со повреди здобиени од пад од висина, повредени од пиротехника, пациенти во алкохолизирана состојба, како и едно двегодишно дете со повреда во главата од огнено оружје. Дежурните екипи денеска оценија дека бројот на повредени за време …

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, меѓу случаите и двегодишно дете со повреди од огнено оружје Read More »

Денеска затворени поголемиот дел од маркетите и трговските центри во Скопје


Маркетите „Веро“, „Тинекс“ и „КАМ“ денеска се целосно затворени за посетители. Делумно ќе работат маркетите „Рамстор“, и тоа само оние лоцирани во рамки на трговските центри, со скратено работно време од 12 до 20 часот. Од трговските центри, „Сити мол“ денеска е затворен, со исклучок на маркетот кој работи во скратен термин од 12 до …

Денеска затворени поголемиот дел од маркетите и трговските центри во Скопје Read More »

Малата Евгенија Камчева е првото новороденче во Скопје: „Ти си најубавиот почеток на новата година“


  Точно на полноќ, во моментот кога настапи Новата 2026 година, Скопје ја доби најубавата вест. Првото новороденче во главниот град е девојче по име Евгенија Камчева. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку емотивна објава упати искрени честитки до мајката Емилија и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост. „Нов живот, …

Малата Евгенија Камчева е првото новороденче во Скопје: „Ти си најубавиот почеток на новата година“ Read More »

Облачно со дожд на пониските , а снег на некои од повисоките места и планините


Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Како што информираат од УХМР, ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

Запросување на -28°C: Планинар ја побара раката на својата сакана на врвот Пелистер


Првото изгрејсонце во 2026 година на врвот Пелистер (2.601 м.н.в.) донесе повеќе од магични бои и свеж почеток. Искачувањето „Први на Први“ оваа година беше посебно, бидејќи на највисоката точка на планината Баба се случи романтичен момент кој сигурно ќе остане запаметен. Екстремни услови – љубов без граници Температурите достигнуваа -28°C, а силниот ветар дуваше …

Запросување на -28°C: Планинар ја побара раката на својата сакана на врвот Пелистер Read More »

Бистра, првото девојче новороденче во Битола


Првото новороденче во Битола е женско и ние како родители одлучивме да се вика Бистра, истакна мајката Елена Бојковска, прворотка од Битола. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски претпладнево беше посета на Клиничката болница-Битола каде рече дека убав е поводот како и секоја година, првиот ден од годината да ја дочекаме заедно и да ја прославиме …

Бистра, првото девојче новороденче во Битола Read More »

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер


Искусни македонски планинарки и планинари и нивни гости планинари од Црна Гора и Германија, први на 1-ви јануари го освоија врвот Пелистер, висок 2.601 метар. Во изјава за МИА, планинарот Иванчо Тошевски, воедно директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“, истакна дека освојувањето на Пелистер го почнаа во рамки на манифестацијата „Први на 1-ви“, на една …

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер Read More »

Минусни утрински температури – најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула


Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев …

Минусни утрински температури – најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула Read More »

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози


 Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот кон ГП Ќафасан е сè уште во прекин во двата …

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози Read More »

Претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата


Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, традиционално на првиот ден од Новата година ќе ги посети припадниците на Армијата. Сиљановска-Давкова и Лафчиски ќе ја посетата касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Во рамките на посетата, како што е најавено, претседателката Сиљановска ќе …

Претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата Read More »

Ведро и студено на првиот ден од новата година


Времето на првиот ден од новата година ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени. Во Скопје, сончево и студено со умерен …

Ведро и студено на првиот ден од новата година Read More »

Четиринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров


Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на …

Четиринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров Read More »

Женско е првото бебе во новата година


Точно на полноќ, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, се роди првото бебе во новата година. На Клиниката за гинекологија во Скопје првото бебе во новата година е  девојче.

(Галерија) Само најхрабрите ја дочекуваат Новата година на плоштадот „Македонија“


Скопје е желно за новогодишна забава на плоштад. Последниве години отсуствуваше таква организација на дочекот на Новата година. Прво заради ковид пандемијата, а потоа, затоа што Градот не успеваше навремено да се организира.    Годинава, сепак, на минусни температури, само најхрабрите се појавија на градскиот плоштад „Македонија“ да ја дочекаат Новата 2026 година. Прославата ја …

(Галерија) Само најхрабрите ја дочекуваат Новата година на плоштадот „Македонија“ Read More »

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника


Новогодишните празници претставуваат период на значајни промени во секојдневниот животен ритам, при што доаѓа до нарушување на вообичаениот распоред на исхрана, се вели во препораките на Институтот за јавно здравје до граѓаните по повод празниците. Во препораките на ИЈЗ се вели: Празничните прослави често се одвиваат во доцните вечерни и ноќни часови, а внесот на …

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника Read More »

Младите најчесто претеруваат со алкохол за празници, докторите апелираат за внимателност


Младите најчесто претеруваат со алкохол за празници, докторите апелираат за внимателност. Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци, потврди за МИА дека најчесто, млади се опијануваат и користат психоактивни супстанци пред и за време на новогодишната ноќ. Тој појасни дека околу 95 проценти акутни пијанства се случуваат за време викенди и …

Младите најчесто претеруваат со алкохол за празници, докторите апелираат за внимателност Read More »

Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот


Сите граѓани кои планираат новогодишната ноќ да ја поминат во Албанија или патуваат кон западниот сосед, треба итно да ја променат својата рута. Патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ е во целосен прекин веќе повеќе од 24 часа. Причината е превртена цистерна која го попречила коловозот. Од СВР Охрид за МИА информираат дека иако …

Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот Read More »