Родителите од Кочани за трагедијата во Швајцарија: Со вас сме! На располагање да помогнеме
Родителите и семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани реагираа со голема емпатија на трагедијата во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде што најмалку 47 лица ги загубија животите откако настана пожар во бар. Членовите на „Здружението на граѓани 16-ти март 2025 година“, кои и самите ја преживеале трагедијата на ненадејно губење на најблиските во огнена …