Дритон Небиу се пофали: Тоа што не успеваа две децении, ние го направивме за една година!


Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу го поздрави донесувањето на Законот за управување со кобнфискуван имот со зборовите дека „тоа што (други) не постигнаа да го  реализират за две децении, ние гоа реализиравме за 1 година!“   -Денес во Собранието е донесен  Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и […]

Нов спортски комплекс „Шампиони” отворен во Кисела Вода


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер, заедно со спортските легенди Аце Станковски, Коки Аврамовски и синот на починатиот Николчо Зиков, ја пресекоа лентата и со тоа го отворија новиот спортски компекс „Шампиони” во дворот на основното училиште “Кирил Пејчиновиќ”. „Денешниот спортски комплекс, ,,Шампиони” е уште еден во низата спортско-рекреативни центри и паркови кои ги изградивме во […]

Јордан Поп Јорданов обележа цела епоха во македонската наука


  Македонската академија на науките и уметностите утре треба да одржи комеморативна седница по повод смртта на еден од нејзините најистакнати членови, поранешен нејзин претседател и научник од светски глас – Јордан Поп Јорданов. Нуклеарниот физичар Поп Јорданов, кој прво дипломираше филозофија во Скопје (1956), а потоа електротехника во Белград (1960) почина на 98 години. […]

Успешно изведена микроваскуларна реконструкција на дојки по билатерална мастектомија


Министерот за здравство Илир Демири и заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска ја посетија Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија по повод успешно изведена комплексна микроваскуларна реконструкција на дојки по билатерална мастектомија со примена на иновативни микроваскуларни процедури со поддршка од тимот на стручни лекари од Клиниката за пластична и максилофацијална хирургија при […]

Осум нови хеликоптери за АРМ


Осум нови хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“ ќе бидат набавени за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. Вредноста на леталата ќе изнесува 230 милиони евра, а ќе се плаќа сукцесивно на четири рати. Првата ќе биде исплатена оваа година и е во износ од 16 проценти од вкупната вредност на набавката. Како што […]

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ги советува носителите на проекти во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје кои користат средства преку Министерството за култура  да ги одложат проектите доколку се во можност додека да се реши проблемот со ангажманот на 30 хонорарни соработници во МКЦ  на кои од почетокот на месецов не им се […]

СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид


СДСМ најостро го осудува чинот на остранување на спомен плочата на НОБ во Охрид и бара да се утврди кој е одговорен, а граноначалникот Кирил пецаков да не молчи. -Бараме локалната власт на ДПМНЕ да излезе пред граѓаните и каже кој ќе понесе одговорност.Бараме одговорност за сите инволвирани, бидејќи уништување културно заштитено наследство е казниво […]

Со трансплантација на срце, црн дроб и бубрези донор спаси четворица пациенти


Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.   Министерот Илир Демири […]

Законот за игри на среќа не помина во Собрание – фалеа 10 гласови


  Законот за игри на среќа, со кој требаше казината да се оддалечат на 500 метри од училиштата не го помина второт собраниско гласање откако не беше потпишан од претседателот Стево Пендаровски. За овој закон да биде усвоен требаше апсолутно мнозинство од 61 пратеник, а за него гласаа само 51, односно фалеа дури 10 гласови. […]

Филипче снима како оперира за да едуцира млади неврохирурзи


  Познатиот неврохирург Венко Филипче објави видео како ги едуција неговите млади колеги идни неврохирурзи. Во сала на Неврохирургија со камера на глава д-р Филипче снима како оперира за специјализантите по неврохирургија да може да учат. Филипче за време на операциите секогаш е опкружен со млади лекари специјализанти за кои вели дека се иднината на […]

Предаден клучот на Струмица – градот под „управа“ на карневалистите


Со звуци од химната на Струмичкиот карневал, со танц на струмичките мажоретки и со симболичното примопредавање на клучот на градот, синоќа, на балконот на Општина Струмица и пред општинската зграда, беше означен почетокот на овогодишните карневалски свечености во нашиот град. Градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде клучот на градот на претседателот на Организациониот одбор на […]

Хибридни методи за изучување на јазиците, предавање на професорот Јован Костов на „Денови на Франкофонијата“


Во рамките на манифестацијата „Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје“ професорот Јован Костов, денеска ќе одржи предавање на тема „Хибридни методи за изучување на јазиците: Примери од францускиот јазик и култура“ во Салата за седници на факултетот со почеток од 12 часот. Како што информираат од Филолошкиот факултет, во предавањето ќе […]

Ќе заседава Комисијата за заразни болести, се очекуваат детали околу забраната за невакцинирани деца во градинките


Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи седница во 12 часот, а според она што вчера го најави министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири ќе биде појасно дали забраната за прием на невакцинирани деца со ДиТеПер, важи за оние кои не се вакцинирани или и за оние кои не ја примиле ревакцината. […]

Светски ден на бубрегот, во државава 1.540 лица на дијализа


Во државава се проценува дека хроничната бубрежна болест е застапена кај 10 отсто од населението, додека во краен стадиум на болеста на лекување со дијализа се 1.540 лица, покажуваат податоците на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“. Здружението под мотото „Унапредување на пристапот до нега и оптимално лекување на бубрежно болните лица“, денеска ќе го […]

Форум за заштита на македонски идентитет на Универзитетот Скопје


Форум за заштита на македонски идентитет ќе се одржи денеска на Универзитетот Скопје. Како што посочуваат организаторите, на Форумот ќе учествгуваат лица од политичкиот, дипломатскиот, економскиот и културниот живот во државата. Меѓу најавените се и ректорот на Универзитетот Скопје, професор доктор Аце Миленковски, поглаварот на МПЦ – ОА – г.г. Стефан, претседателот на Сојузот на […]

Петличковски и Стевановиќ сведочеа во случајот „Жан Митрев“, судењето продолжува на 1 април


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев каде сведочеа претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и поранешната директорка на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ. Петличковски посочи дека Комисијата за заразни болести во ниту еден момент не дала препорака за примена на хемофилтрацијата како рутински метод за лекување на […]

Без струја утре делови од Центар, Петровец, Аеродром и Чучер Сандево, без вода улицата „Прашка“ во Карпош


Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Петровец, Чучер Сандево и Аеродром. Според Регионалниот центар за управување со кризи, кој се повикува на информација од ЕВН, од 9 до 12 часот без струја ќе бидат жителите од улиците „Рилски Конгрес“, „Кајларска“, „Банско“, „Наум Охридски“ и „Востаничка“ […]

УНИЦЕФ со поддршка за имунизација кај децата


Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири денеска остварил прва официјална средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани. Како што соопшти Министерството за здравство, на средбата се разговарало за заедничките активности за зголемување на ефикасноста и ефективноста на здравствените услуги. Демири ги информирал претставниците од УНИЦЕФ за моменталната состојба со епидемијата на […]

Швајцарија донираше два специјализирани камиони на „Пакомак“ за собирање на отпад од пакување


Минатата година, Пакомак со поддршка на Швајцарија постави повратни вендинг машини за селектирање на пластични шишиња и лименки во повеќе големи маркети низ државава. Со одлагање на амбалажниот отпад во вендинг машините, граѓаните имаат можност да собираат зелени поени и истите да ги користат за плаќање во маркетите со помош на Екомак апликацијата достапна на […]

Кривична против екс директорот на ПИОМ Дритан Беџети за масовното вработување партиски кадри


Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Дритан Беџети (45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот […]