Уставен го поништи членот кој оневозможуваше лицата со попреченост да добиваат помош над 65-годишна возраст


Уставниот суд го поништи член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани. Според член 3 став 1 точка 2) од Законот „корисници на правото на надоместок заради попреченост” се лица со навршена 26 годишна возраст, а најмногу до 65 […]

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција


Потребна е стратегија и патоказ за да имаме одржлив процес за енергетска транзиција во Општина Центар, ова е заклучокот од денешната работилница што се одржа во Енергетската канцеларија во локалната самоуправа. На работилницата на која учествуваа експерти, претставници на невладини организации, преставници на Општината и општинското претпријатие Енергија центар, соговорниците дискутираа за актуелните проекти во […]

Понеделник неработен ден за католиците


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 април 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.   Истовремено, Министерството за труд и социјална политика […]

Општина Виница ја повторува постапката за формирање Локален младински совет


Општина Виница ја повторува постапката за формирање Локален младински совет, откако пред една и пол година неуспешно завршија активностите за конституирање на општинското тело. Недоволниот интерес меѓу младите е главната причина поради која на локално ниво досега нема институционално тело кое ќе се грижи за прашањата и проблемите што ги засегаат, како и за подобрување […]

За една година бројот на средношколци намален за 2.000, а на основци за 3.000


  На почетокот на учебната 2023/2024 година бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182.124, што претставува намалување за 1,6% во споредба со претходната учебна година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2023/2024 година изнесува 67.278, што претставува намалување за 2,8% во […]

Гир: Да се исполнат препораките на ОЛАФ, парите за „Еразмус плус“ остануваат


Oткако Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ, побара Македонија да врати 2,2 милиони евра европски пари што биле дадени во земјава, а потоа биле злоупотребени во програмата „Еразмус Плус“, aмбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска истакна дека ЕУ очекува Националната агенција да ги спроведе препораките дадени од ОЛАФ за „Еразмус […]

До вторник сончево и топло до 29 степени


Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во понеделник максималната температура ќе достигне 29 степени, соопшти УХМР.  Од вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со благо опаѓање на дневната температура.

Манолева: Болницата во Отешево со комплетно нов лик по 43 години


Заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања Отешево. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 […]

Финални подготовки за ЕКО маскенбалот во Рамстор Мол


Доколку сѐ уште не сте започнале со подготовката на вашата ЕКО маска, сега е вистинско време да го направите тоа бидејќи остануваат уште само 3 дена до финалниот рок за пријавување на најкреативните ЕКО маски! Сите заинтересирани дечиња може да го пријават своето учество на инфо пултот на маркетот во Рамстор Мол најдоцна до 31.03.2024, […]

Без вода дел од Ѓорче Петров


Поради уличен дефект на водоводната мрежа, без вода од од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Ѓорче Петров“, „Борис Сарафов“ и населбата Јурија, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Без вода корисниците на ул. „Букурешка“


 ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека поради промена на вентил од 1 во шахта на ул. „Букурешка“ бр. 31, без вода ќе останат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Марш за видливост на трансродовите лица


 Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, во пресрет на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица соопшти дека ќе организира марш за видливост на трансродовите лица, што ќе се одржи денеска пред Владата на Република Северна Македонија. „TрансФормА“ заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи, […]

Во Прилеп амбасадорот на Јапонија, Оцука ќе ја отвори изложбата „Јапонскиот лебдечки свет – УКИЈО-Е“


Амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука денеска во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе ја отвори изложбата „Јапонскиот лебдечки свет – УКИЈО-Е“, соопштија од Амбасадата на Јапонија во Република Северна Македонија.  Изложбата е организирана од МузеумЛинк „Архифакт“ – Скопје, Музеј на град Скопје и ќе патува благодарение на поддршката на AOTS Македонија, ТЕП Раде Кончар и […]

Меѓународна научна конференција „Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949): 75 години потоа“


„Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949): 75 години потоа“, е насловена Меѓународната научна конференција што ќе се одржи денеска по повод 75 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во Скопје. Од Институтот за национална историја – Скопје соопштија дека научната конференција е во […]

Сончево и топло со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен […]

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони


 Собранието на денешната последна пленарна седница за овој парламентарен мандат донесе неколку закони без никаква дискусија и дебата. Пратениците во рамки на последната 149. седница Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка. Со предложениот закон се стимулираат неделните, месечните и локалните медиуми и оние весници кои што се […]

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник


Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција на која најави три протести во периодот што претстои. Синдикатот во вторник, на 2 април, ќе протестира против одлуката на Врховниот суд од ноември минатата година […]

СДСМ најавува воведување работен ден од 7 часа


  Владејачката СДСМ денеска преку вицепремиерот Фатмир Битиќи го најави еден од поважните адути во изборната кампања – воведување на 7-часовен работен ден во најмалку три сектори од 1 јануари 2025 година. Според Битиќи (кој е и потпретседател на СДСМ) до крајот на идниот мандат минималната плата ќе биде 600, а просечна 1.100 евра. „Зголемување […]

ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“


ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“. ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на […]

Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти


Дванаесет членки на НАТО, меѓу кои и Северна Македонија, се договорија за понатамошно проширување на соработката за обука на воени пилоти во рамки на Иницијативата на Алијансата за обука за летање во Европа (НФТЕ).  Како што јави дописникот на МИА, со овој договор се предвидува обука на околу 50 идни пилоти на четири локации започнувајќи […]