Презентација на истражување на јавно мислење за перцепцијата на граѓаните за работата на полицијата


Евротинк – Центар за европски стратегии денеска на брифинг со медиумите ќе ги презентира резултатите од истражувањето на јавно мислење „Перцепции и ставови на граѓаните за  работата на полицијата во Република Северна Македонија во февруари 2024“.  Како што наведуваат од невладината тинк тенк организација, наодите се однесуваат на јавното мислење на граѓаните во врска со […]

Без вода денеска делови од скопските општини Карпош, Гази Баба и Центар


 Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Струшка“ и „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа на ул. „Струшка“ бр. 4. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. Исто така, од 09:00 […]

„Српскиот томос за МПЦ е лажен“, вели митрополитот Кирил на Вселенската патријаршија


  МПЦ-ОА е жртва на поголема игра на Русија, а валканата работа ја врши СПЦ. Главниот томос го дава Вселенската патријаршија, српскиот томос е лажен. Со ваква оценка излезе митрополитот Кирил на Имврос и Тенедос во разговор за емисијата „360 степени“. Митрополитот Кирил беше во посета на МПЦ-ОА неколку денови, а заедно со него беше […]

ДИК ги потврди повеќето кандидатски листи за пратеници


Државната изборна комисија (ДИК) на седницата одржана попладнево ги потврди повеќето кандидатски листи за пратеници на политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на парламентарните избори на 8 мај. Неколку кандидатски листи, меѓу кои и на партијата Нова алтернатива, која неодамна ја презема актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, сè уште не се потврдени. Претседателот […]

ВМРО-ДПМНЕ на дело: МВР поднесе кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу


Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска, 11 април, поднело кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу и уште едно лице. Двајцата, според МВР, се осомничени за делото „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. „Ве известуваме дека по целосно документирање на настанот, на 11.04.2024 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје до ОЈО Скопје […]

Продолжува реконструкцијата на Универзална, по завршување на истрагата


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, од Државниот инспекторат за труд, и упати апел да не се шират шпекулации до официјалните информации за причините и за штетите од пожарот. „Едно сакам да […]

Ралев: Во Универзална изгорел отпад од стариот објект


Во пожарот што во вторникот ја зафати Универзална сала, која беше во прва фаза од реконструкцијата , изгорел отпадниот материјал што по спојувањето на новите конструктивни елементи требаше да се извади, вели за Телма, архитектот, професор и претседател на Асоцијацијата на архитекти, Мишко Ралев. Овие информации тој ги базира на сознанија од терен и демантира […]

Маричиќ: За Еразмус Плус програмата само годинава над шест милиони евра


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска во Битола присуствуваа на отворањето на првиот Еразмус+ инфо центар, на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, информираат од СЕП. Маричиќ истакна дека отсега во Битола младите од различните региони во државата имаат пристап до место каде директно ќе […]

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје


Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18.30 часот на улица Македонија во центарот на Скопје по повод Светскиот ден на уметноста ќе се постават неколку актови со улични живи статуи, каде што истите ќе ја раскажат својата улична приказна, отсликана во само една смрзната слика. Музички настап ќе има Емил Ејупи квартет. Настанот е […]

По најавата за протест на приватните специјализанти, МЗ на Влада ќе ги разгледува нивните барања


Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти кои се важни во здравствениот систем.   Ве информираме дека по средбата со нив, е изготвен извештај и доставен на Влада, кадешто на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да […]

Дефект на компресорите ги затворил хируршите сали на два дена – не колапс на Клинички


Министерството за здравство (МЗ) преку соопштение попладнево информира дека поради дефект на еден од компресорите, во тек на два дена бил одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти. Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар, потенцира Министерството. – Се работи за дефект на еден од компресорите, поради што […]

Синдикат на МАНУ: Наместо да биде знаменосец на вредностите, МАНУ практикува недемократски методи


Синдикалната организација при МАНУ продолжува со поставување таргетирани прашања кон Академијата, откако претходно го повика раководството да одговори на три прашања поврзани со предлог-законот на МАНУ кој не беше донесен во Собранието, а со тоа и платите на вработените останаа неусогласени со платите на вработените во сите установи во јавниот сектор. -Колку повеќе се тактизира […]

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и за учениците од Струга


Општествено одговорната кампања преку која „Макпетрол“ придонесува во решавање на проблемот со булингот се проширува и во Општина Струга. Учениците кои посетуваат настава во основните училишта ќе учествуваат во работилници овозможени од компанијата во рамки на „Крени глас против врсничко насилство“. Предводени од психолог со долгогодишно искуство од областа, овие едукативни средби на младите им […]

Браните Конско и Отиња, остварен деценискиот сон на многу граѓани


Деценискиот сон на штипјани за изградба на брана која ќе го реши проблемот со водноснабдувањето во градот станува реалност. Интензивно се работи на камено земјената брана која со висина од 33 метри која ќе формира вештачко езеро. Акумулациската вода пред сè, ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во Штип и интервентно […]

Дури 14 општини сами си пропишале надлежност за автентично толкување – Уставен ќе расправа


 Уставниот суд поведе постапка за 14 предмети кои ги оформи по сопствена иницијатива, кои се однесуваат за работата на дел од општините. – Судот изрази сомнеж дека 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, […]

Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник


Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник. Во денешното соопштение наведуваат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања. – На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни […]

Десетгодишници во Аеродром палат оган во парковите


Жители на Аеродром се запрепастени од непромисленоста на децата и од немањето реакција од родителите и околните жители. Имено, вчера, на празничен неработен ден, група деца на возраст од десетина години, се собрале во паркчето меѓу зградите и на палета ставиле суви дрва, па ги запалиле. Од фотографиите споделени на Фејсбук се гледа дека палетата […]

ЦУК: Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во последното деноноќие, од коишто утрово еден е се уште активен. Активен е пожарот во Општина Дебар помеѓу селата Бомово и Коњаре, каде што горат „костењари“ и ниска вегетација. Регионалниот ЦУК (РЦУК) Охрид известува дека интервенирале со едно ПП возило и […]

Сончево и топло до 29 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер […]

Жичницата на Водно утре нема да работи поради технички зафати


Жичницата на Водно утре нема да работи поради предвидени технички зафати, информира Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.  ЈСП најавува дека задутре (12.04.2024) објектот ќе продолжи да работи со вообичаено работно време.