Лошото време било причина што Град Скопје досега не прскал против комарци


Градот Скопје бил меѓу првите општински единици што прска против комарци, а од таму сметаат дека има оркестриран напад против нив деновиве, отако речиси сите медиуми пишуваа дека годинава не е почнато со спроведување на оваа акција во финкција на заштита на граѓаните.  Со денови, сите медиуми се обидоа да дојдат до информација зошто во […]

Генералот Ѓурчиновски во Брисел учествуваше на заседанието на Воениот комитет на НАТО и оствари билатерални средби


Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во текот на денот, во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на сесиите на второто годишно заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, а воедно оствари три билатерални средби, информираат од Генералштабот на Армијата. Началниците на Генералштабови на армиите на земјите членки на НАТО, согласно агендата на второто овогодишно […]

Министерот за здравство Демири промовираше мурал во Клиничка болница Тетово


На една од зградите во Клиничка болница Тетово, градскиот уметник Аријан Џафери почна да изработува мурал. Изработката на муралот е во соработка помеѓу невладината организација Лоја и Клиничка болница Тетово, посочи министерот за здравство во техничката Влада Илир Демири на денешната промоција на оваа активност. Станува збор за слика на мајка која во прегратка држи […]

Се бараат сообраќајни решенија за Гостивар: Помалку автомобили, воведување јавен транспорт


Поретко користење на моторните возила, воведување на јавен превоз, изградба на згради со паркиралишта и подигање на сообраќајната култура се препораките кои Локалниот економско социјален совет ги донесе како заклучоци за подобрување на состојбата со сообраќајот во Гостивар. На оваа тема се дискутираше на панел-дискусија со претставници на локалната власт и институции, граѓански сектор и […]

ЦУК: В сабота, авионски ќе се прска против комарци – пчеларите да ги заштитат пчелите


Цнетарот за управвање со кризи информира дека рано наутро, в сабота на 18.05.2024, е најавено прскање со авион против комарци – пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Градот Скопје, […]

Вандализам во Карпош: Искорнати дрвјата кои беа засадени деновиве


Вандали во скопски Карпош откорнале новозасадени дрвја во училишен двор.  – Општина Карпош, која оваа недела, започна со пролетното зазеленување на повеќе локации, меѓу кои и во рамки на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, вчеравечер непријатно беше изненадена од вандалскиот чин на непознати сторители кои буквално ги откорнале ново засадените дрвја кои беа насадени во ова училиште. Станува збор […]

Со бубрежна слабост 10 проценти од жителите, сѐ уште горлив проблем кадаверичната трансплантација


Околу 10 проценти од жителите во државава имаат некаква бубрежна слабост, но многу помал број завршуваат во терминална фаза на дијализа. Бројот во Македонија се движи од 1.400 до 1.600 со тенденција на раст. Кај бубрежните болести нема граници за возраста, има и бебиња, а и пациенти над 90 години, информираше денеска во одговор на […]

Трилатерална пролетна школа за спречување корупција во високото образование


Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) во соработка со Институтот за развој, истражување и алтернативи (ИДРА) – Тирана и Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД) – Белград организира Трилатерална пролетна школа за спречување на корупцијата во високото образование која се одржува од 15 до 18 мај во Охрид. Трилатералната школа е организирана во […]

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство


Отворен настан во Градски Парк за децата, младите, родителите и за сите што сакаат да се спротивстават на врсничкото насилство в сабота (18 мај) ќе се одржи во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со почеток од 11 часот, на зеленилото популарно познато како „Вембли“ (до езерцето спроти стадионот), позитивната енергија ќе биде одговор […]

Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи


Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура, а од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, соопшти УХМР. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до […]

Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, најстудено утрово во Крушево


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка, осум литри на квадратен метар, соопшти УХМР. Според мерењата утрово во 8 часот, шест литри на квадрат наврнало во Тетово, четири во Претор, три во Дебар, Куманово и Виница и два литра во Крушево.  Најниска температура од 7 степени е измерена во Крушево, 8 степени […]

Во сабота прв „Dog Fest” во Скопје


Оваа сабота за првпат во Скопје ќе се одржи „Dog Fest”- настан кој е замислен како дружба за сите љубители на најдобриот пријател на човекот- кучето. Преку едукација, забавни игри за милениците, но и вредни подароци, на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња, настанот ќе започне во 12, а ќе трае до 16. […]

Три дена врне: Скопјани да се подготват за инвазија од комарци


Скопјани треба да се подготват за инвазија од комарци, со оглед дека три дена врне, а потоа следуваат високи темератури. Тие се одлични услови за појавата на комарци, а Градот сè уште нема најави за прскање против овие штетни инсекти. Повеќе од еден месец доцни прскањето против ларви од комарци, а од Град Скопје нема […]

Речиси 3.500 жени од Шуто Oризари немаат избрано матичен гинеколог, иако имаат еден во општината


Македонската асоцијација на гинеколози и акушери (МАГО) по повод Неделата на женското здравје 2024 година организира симпозиум на кој ќе бидат презентирани податоците за ХПВ вакцината, вакцинацијата во бременост, улогата на обезитетот во бременоста и Стандардната оперативна процедура на Центрите за жртви од сексуално насилство. Согласно податоците од Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување, […]

Облачно со повремен дожд и ретки грмежи


Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 километри на час). Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 13, а максималните ќе достигнат од […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 16  мај 2024 година, 137-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 229 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 12 минути, а ќе зајде во 19 часот и 49 минути. Денов трае 14 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ затвор „Скопје“


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена […]

Љупчо Палевски екстрадиран во земјава, ќе го пренесат во затворот „Скопје“


Љупчо Палевски, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е екстрадиран во земјава. Вечерва слета на скопскиот аеродром и се очекува да биде пренесен во затворот „Шутка“. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега Претходно објавивме  дека вечерва од Турција ќе биде донесен првообвинетиот во […]

Промовирана првата група слушатели по македонски јазик во Тирана


Во просториите на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, на пригодна свеченост беа доделени сертификати на првата група студенти кои го завршија првиот циклус по македонски јазик, информираат од македонската Амбасада во Република Албанија. На настанот се обратија лекторот Славица Свидерска, а за значењето на лекторатот говореа амбасадорот Данчо Марковски и деканката на […]

МОН: Се печатат сите одобрени учебници од прво до седмо одделение


Започна печатењето на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година. Процесот е отпочнат навремено, во  вообичаениот период на печатење како и во изминатите години и наскоро целосно ќе се заокружи.  Кон крајот на овој месец […]