Таравари отвори телефонска линија за директна комуникација


Министерството за здравство го објави телефонскиот број 072/899-001 на кој граѓаните ќе може да пријават проблеми и сугестии за работата на здравствените институции и персоналот. „Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари. Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат […]

Мицкоски пак го нападна Судскиот совет, бара да испорачаат правда


  Одлуките кои што се носат во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители се одлуки на лицата коишто се дел од тие институции, а предлозите доаѓале од дел Владата, дел од Кабинетот на претседателот. Јас не сакам средби со обвинители или судии. Немам намера како Влада да владееме на тој начин што преку […]

Поставен камен темелник за изградба на спортска сала во охридското село Лескоец


Премиерот Христијан Мицкоски, придружван од министрите за транспорт и за спорт Александар Николоски и Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска во селото Лескоец поставија камен темелник за иградба на спортска сала во склоп на основното училиште „Ванчо Николески“.  Објектот ќе биде со површина од 592 метри кивадратни, со повеќенаменско спортско игралиште, […]

Водата во Дојранско Езеро врие на 32 степени целзиусови


Температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 32 степени целзиусови, на Преспанското 29, а на Охридското Езеро 26,5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Синоптичарите најавуваат дека во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, […]

Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени во државава


Од 5 до 11 јули евидентирани се 48 нови случаи на голема кашлица што е зголемување од 54,8 отсто во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, осум се хоспитализирани. Заклучно со 11 јули, во државава се регистрирани вкупно 905 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај што денеска го објави Институтот […]

Со ребаланс на буџетот Општина Ѓорче Петров обезбеди пари за капитални проекти


На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, мнозинството советници го усвои ребалансот на Буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2024 година. Со овој ребаланс, буџетот се проширува за приближно 69.000.000,00 денари со што се обезбедуваат повеќе средства за граѓаните, како и за инфраструктурни и капитални проекти со кои се подобруваат условите за живот […]

Од денеска целосна забрана за движење во шуми – казната е 1.500 до 2.000 евра


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за […]

МОН објави Конкурс за сместување во студентските домови


Министерството за образование и наука ги известува студентите запишани на јавните и приватните високообразовни институции во државата дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година.   Согласно конкурсот, обезбедени се 4.303 места, од кои 1.034 за […]

Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени дома, еден ќе остане на дополнителни иследувања


 Тројца од вкупно четворицата малолетници кои во петокот беа донесени на Клиниката за токсикологија ќе бидат пуштени на домашно лекување, а едниот ќе остане на дополнителни иследувања. – Кај тројца малолетници, параметрите се задоволителни и ќе бидат пуштени. Еден од пациентите ќе остане заради дополнителни иследувања, изјави попладнево за МИА, директорот на Клиниката за токсикологија, […]

Мицкоски очекува утре или најдоцна до задутре да биде ставена под контрола ситуацијата со пожарите


Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека во текот на утрешниот ден или најдоцна до задутре да биде ставена под контрола ситуацијата со пожарите.  Во изјава за медиумите дадена денеска во Охрид, Мицкоски рече дека покрај помошта од Турција која денеска пристигна, се очекува помош и од Србија, Црна Гора и Словенија.  – Од Турција се пристигнати […]

Бешлиовска: Очекуваме релевантни факти и аргументи во случајот со бебето на Детска клиника


Очекуваме релевантни факти и аргументи во случајот со бебето на Детската клиника, во моментов не согледуваме вина кај медицинската сестра. Ќе се воздржиме, додека да ги добиеме релевантните аргументи од комисијата што ќе го разгледува случајот. Веруваме во институциите и во Министерството за здравство дека правилно ќе се расчистува случајот, нагласи во денешната изјава за […]

Актуелно предупредување: Македонија во портокалова фаза до крајот на неделата


Денес и во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C и до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, предупреди УХМР.   Граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од топлото […]

Вработени во општината се заканувале на раководил во Бутел


Раководител во општина Бутел, на 13.07.2024 година во ПСОН Чаир пријавил кривично дело “Загрозување на сигурноста” по чл.144 ст.2 од КЗ. Службеникот-Раководител во општина Бутел добил СМС пораки со заканувачка содржина, од вработените во општината А. Е. и Б. Р. Од страна на ЕНК-ОНК превземени се мерки и активности, при што се обезбедени лицата А. […]

Јанчев: Бесплатен оброк за ученици од прво до петто одделение и од септември


Проектот „Бесплатен оброк за секое дете“, што ги опфаќа учениците од прво до петто одделение во сите основни општински и подрачни училишта, продолжува и следнава учебна година, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Општина Кавадарци е прва општина во Република Македонија која реализираше ваков проект. Успешно имплементиран и од почетокот на новата учебна година сѐ […]

Два турски „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите


Два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава.  Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека тие рано утрово слетале на аеродромот во Скопје. Двата турски „ер трактори“ заедно со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување […]

Здружението на судии разочарано од Уставниот суд, го обвинува за популизам


  Отфрлањето на иницијативата на Здружението на судии на РСМ и Судскиот совет на РСМ за поништување на одредбите од Законот за плати на судии од страна на Уставниот суд на РСМ, е скандалозно, неприфатливо и го урива правниот систем  на државата, се наведува во денешното соопштение од Здружението на судии. „Во однос на одлуката […]

Здруженијата на медицински сестри бараат институциите да ги утврдат фактите на Детската клиника


Унијата на здруженија предводена од “ЗМСТАС – ЗА НАС” во однос на актуелните случувања на детската клиника, а во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче, ги повикува релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот.   „Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела […]

Две третини од идните средношколци запишани во стручните училишта


Средното стручно образование е поатрактивно за упис на идните средношколци, отколку гиманзиското. Во првиот уписен рок за учебната 2024-2025 година соодност на запишани ученици е околу две третини, наспроти една третина, односно 73,8 отсто се запишани во  стручните училишта, а само  26,2 отсто во гимназиите во земјава.  -Во двете пријавувања вкупно се запишаа 15.481 ученици, […]

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути


 Поради зголемена фреквенција на возила, утрово времето на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви […]