Македонија и денеска во портокалова фаза – не излегувајте без потреба


Македонија и денеска се наоѓа во портокалова фаза. Екстремно високи температури ќе има денеска во јужниот дел на земјата, во Гевгелија и околината, каде што температурата ќе биде и над 40 степени. Препораката на Владата од пред неколку дена доенсена на седница и натаму важи. Ако немате потреба, не излегувајте надвор, а доколку морате, тогаш […]

Почна седницата за избор на новата влада (во живо)


Собранието денеска во 11 часот ја почна седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мандатарот ја претставува новата влада. Проследете ја на следниот ЛИНК  

Приватните превозници повторно најавуваат протест, нема да сообраќаат поради долг?!


Скопје се соочува со нов колапс на јавниот превоз. Приватните превозници најавија протест во понеделник, пишува Телма. Според нив, приватните автобуси нема да сообраќаат во понеделник, туку ќе останат паркирани во гаражите. Ваква одлука донеле приватниците, кои тврдат дека не добиле пари од јануари, потребни за да може да работат. Дел од нив, се пожалиле […]

Изгасени седум пожари, ативен е тој кај Цер


Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните е активен се уште еден пожар во реон кај с. Цер, Кичевско. Тој пожар е активен со различен интензитет, повеќе денови. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, известува континуирано од 17.06.2024 кога во 16:00 часот,на отворено, на место викано „Рамнин“, атар […]

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)


Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва […]

Собранието ја почнува седницата за избор на новата влада предложена од Мицкоски


– Собранието денеска во 11 часот треба да ја почне седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. По поднесувањето на предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа на 18 јуни, Мицкоски изјави дека очекува расправата за избор на владата да заврши во недела до […]

Со над 20 тони вода изгасен е пожарот во Кичевско


Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска дејствуваше на пожарот на отворено во атарот на село Цер, општина Кичево. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова […]

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот


Пеколни горештини и суша нè чекаат и ова лето, а климатските промени го наплатуваат данокот на невнимателност на човекот, како најодговорен за емисиите на стакленички гасови. Иако само што календарски започна, летото веќе го чувствуваме во полн замав, а заради високите температури во земјава веќе е прогласена и портокалова фаза на опасност. Жештините ќе се […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“


 Утре од 15:00 часот во централното градско подрачје во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради „Парадата на гордоста“. – Утре во 17:00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централното градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15:00 часот, ќе […]

Викендов натпросечно топло, од понеделник краткотраен дожд и грмежи


Викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Утре минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.  Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник […]

Прв случај на каснување од змија – бидете внимателни!


Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите. Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во […]

Холандски турист со скршена нога спасуван кај Елшани


Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15 часот вчера, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. Извршено е извлекување на повредено лице од околината на с.Елшани, холандски турист, кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Лицето е пренесено во болницата […]

Од воздух ќе се гаси пожарот над Цер (Видео)


Во последното деноноќиео егистрирани се 15 пожари на отворено  и од нив активен се води само уште еден на место викано Рамнин. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на с.Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води сè уште како активен. […]

Се изнесува сметот во Куманово, општината и населението постигнаа договор


По два дена блокада на кумановска депонија Краста, жителите на Пчиња, Студена Бара и Вакв дозволија влез за камионите на ЈП ,,Чистота и зеленило”. Продолжи депонирањето на сметот. Месното население постигна договор со Општина Куманово. За понеделник е закажан состанок со градоначаникот Максим Димитривски и претставници на месното население, и надлежните институции, на кој ќе […]

Метеж на Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце се чека и до 45 минути


 На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквнција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути, информираат утрово од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ […]

Продолжува периодот на многу топло време, температури до 40 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и […]

Поради Задушница денеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Денеска и утре по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во градот. – Имено, од 06:00 часот денеска и утре сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 21 јуни 2024 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 193 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Утре бесплатен паркинг во Центар


По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму.