Астрономски календар


 Денеска е среда, 10 јули 2024 година, 192-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 174 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 8 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Вардариште повторно гори – огнот на 10 метри од далновод (видео)


Цело Ново Лисиче, вечерва е во чад, откако попладнево се запали дивата депонија кај Вардариште. Паркот кај авиончето е целосно во чад. Жителите на Ново Лисиче сведочат за замагленост, а велат чадот штипе и пече.  Центарот за управување со кризи информира дека огнот е веќе на околу 10 метри од далноводниот столб и жиците од […]

Неколку скопски улици утре без вода


 Неколку улици во текот на утрешниот ден ќе останат без вода за пиење поради активности на улицата „Жил Верн“ 4 во населба Кисела Вода, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. – Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Тодор Паница“, „Јордан Филиповски“, „Балканска“ и комплексот наречен „Пегла“ на „Борис […]

Времен режим на автопатот Скопје – Куманово кај Миладиновци


Од 11:00 часот, на десната коловозна лента на автопатот Скопје – Куманово воведена е времена измена на режимот на сообраќај при што во должина од 1.000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот се одвива по левата сообраќајна лента за […]

ФЗО со поддршка за колективниот синдикален договор


Двајцата в.д директори на Фондот за здравствено осигуруѕвање на Република Северна Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска имале средба со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, како и со Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ, и Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ. Како што соопштија од ФЗОРСМ, на […]

Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Дојранското 29,5


Температурата на Дојранското Езеро изнесува 29,5 степени целзиусови, а на Охридското 26, информира УХМР. Водата, пак, на Преспанското Езеро, според мерењата, е 27,5 степени. УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.

Во Прилеп годинава за 300 пати зголемен бројот на пожари, а кубурат со пожарникари


За 300 пати е зголемен бројот на пожарите од почетокот на годинава во Прилепско, од кои половината на отворено. Главната причина се тропските температури, и од прилепската противпожарна единица стравуваат дека ќе ги има и наредниот период поради најавите за високи температури. -За 300 проценти годинава е зголемен бројот на пожарите. Имаме околу 360, половината […]

Данела по 21 пат бара да се изгласаат еко автобусите што ги вети лично Мицкоски


Град Скопје денес, по 21 пат, ја доставил до Советот предлог одлуката за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за неа, а имаат мнозинство. -Бидејќи согласно закон градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, единствена одговорност по повеќе од две години за недостатокот […]

Затворена гостилница во Влае, четири лица затруени со храна завршија на Инфективна


По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на 4 лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската […]

Општина Карбинци најдобра во капитални инвестиции


Општина Карбинци е една од водечките општини во Истокот и во првите 15 општини во државата согласно висината на капитални инвестиции. Според истражувањата на Институтот за комуникациски студии изминатата година има склучено 33 договори вредни 1.350.000 евра. Споредбено се наоѓа речиси на исто место со Општина Кочани, која има потрошено 1.385.000 евра и има над […]

ИЈЗ со совети за справување со топлото време, пред нас температури и над 40 степени


Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, […]

Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули


 Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024. Учениците ги […]

Синдикатот и директорот на ЈСП со различни тврдења за исправноста на автобусот кој удри во жардињера


Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) денеска на прес-конференција пред Управната зграда на ЈСП, обвини дека автобусот кој вчера удри во жардињера во близина на ТЦ Мавровка бил технички неисправен. Возачот на автобусот исто така рече дека забележал оти автобусот не е исправен. За новиот директор на ЈСП Драги Кушовски, овие изјави се „паушални“ и смета […]

Закочил воланот, затоа автобусот на ЈСП заврши на жардиниера


Блокирал, односно се закочил воланот на автобусот на ЈСП со број „2“, кој вчера заврши поткаќен со едното тркало на средишната жардиниера, кај „Мавровка3, а притоа повредени беа возачот и една патничка.  Денеска, на прес-конференција возачот Ферзи Арифи тврдеше дека автобусите кои им ги даваат да ги возат се неисправни. Иако, возачите постојано пријавуваат дефекти, […]

Невестата Стефана десет години на Галичка свадба ја носи носијата на прабаба  ѝ Докија Чаловска


  Годинешното издание на најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас ќе се одржи наредниот викенд, од 12 до 14 јули, во живописниот Галичник. Неколку илјади домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди овој единствен настан од ваков вид. И годинава СКОПСКО и останатите брендови на Пивара Скопје се дел […]

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“


Затворски казни и една условна казна затвор, изрече Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите кои вчера признаа вина во предметот „Синџир“, кој се однесува на даночно затајување. Обвинети се за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и „даночно затајување“.  Првообвинетиот Сашо Вучков доби две и пол години казна затвор, неговиот татко две години казна затвор и илјада […]

Мобилни екипи во Кисела Вода им помагаат на граѓаните за справување со високите температури


Општина Кисела Вода заедно со Црвен Крст на Општина Кисела Вода денес го започна проектот “Топлотен бран” кој има за цел во топлите летни денови да го заштити здравјето на своите граѓани. На најфреквентните локации, парковите, автобуските постојки, мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице- доктор, волонтери на Црвен Крст, референти од […]

Големи пожари во јужниот дел на Албанија


Војници и пожарникари денеска се ангажирани за гаснење пожар во јужна Албанија во во близина на грчката граница, соопшти албанското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека противпожарни екипи, поддржани од хеликоптер вчера ставиле под контрола неколку шумски пожари, но високите температури и ветровите го поттикнале ширењето на пламенот во близина на Дропул, Финиќ […]

Двајца министри и ЗЕЛС се договорија да спроведат дигитализација на општините


Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. На состанокот се разговараше за процесот на дигитализација на локалните услуги. Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка […]

Портокалов аларм до средината на наредната недела, температури и над 40 степени


Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток […]