Следните денови претежно сончево, со постепено зголемување на температурата


 Следните денови времето ќе биде претежно сончево, со постепен пораст на температурата. На почетокот на следната седмица, како што информира УХМР, повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер проследен со мало преодно наоблачување.  Утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=9. Минималните температури ќе се движат […]

Амбуланатата во Илинден готова до Нова година – прво со општи, а потоа и лекари специјалисти


До Нова година ќе биде пуштена во употреба реновираната амбуланта во Општина Илинден, која ќе ги опслужува и жителите на соседната Општина Петровец. Министерот за здравство, Арбен Таравари, вели дека околу 30.000 жители ќе имаат можност во оваа амбуланта да добиваат здравствени услуги. „Би почнале со општи доктори, општа медицина и во меѓувреме ќе видиме […]

Со цистерни ќе се снабдуваат штипските населби кои немаат вода


Штипските населби кои веќе втор ден немаат вода за пиење поради изведба на нова водоводна линија, денеска со вода ќе се снабдуваат од цистерни на ЈП „Исар“-Штип. Во соопштението кое денеска го објави ЈП „Исар“  ги известува граѓаните дека на неколку локации во градот ќе бидат поставени цистерни со вода. – Во периодот од 10:15 […]

Утрово уште два земјотреса во Малешевијата


Утрово, нешто пред 9 часот, во Малешевијата беа почувствувани два помали земјотреса.  Според ЕМСЦ, првиот земјотрес се случил во 8.46 часот, а бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, на 13 километри северно од Берово.  Вториот се случил неколку минути подоцна, во 8.53 часот, со послаб интензитет од 2,1 степен. Жителите на Берово, […]

Без вода делови од Маџари, Бутел и Радишани


Поради дефекти на водоводни цевки во населбата Маџари и во Бутел денеска без вода ќе бидат неколку улици од овие населби.  Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека од 07:45 часот без вода се улиците „Карл Хрон“, „Карл Либнехт“, „Темко Попов“ и „Анри Барбис“ во Маџари, а од 8 часот улицата „Втора Македонска Бригада“ и […]

Околу еден час се чека за влез во земјава на Табановце, а на Богородица од 30 до 40 минути


На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од земјава е од 30 до 40 минути, информира Авто Мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Фреквенцијата […]

Скопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес


Во Скопје денеска со изложба и филмски проекции ќе биде одбележана 61. годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. Во Музејот на град Скопје вечерва  во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот […]

Сончево и ветровито, температури до 35 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8 Во Скопје сончево со мала […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 26 јули 2024 година, 208-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 158 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 22 минути, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути. Денов трае 14 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Утре одлука за цената на парното – ќе плаќаат ли скопјани поевтино парно?


Одлуката за цената на парното греење од Регулаторна комисија за енергетика треба да се објави во текот на утрешниот ден, при што се очекува таа да се намали. Во моментов се разгледуват барањата на трите енергетски компании и се одлучува што ќе им биде прифатено за трошок, а што не. Компаниите се произнесоа со барања […]

Кавадарчанец на докторски студии по физика во САД истражува примена на квантна физика во финансиски сектор


Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски студии по физика во САД, ја истражува примената на квантна физика во финансиски сектор. За овој 28 – годишен докторант денеска е објавена статија на универзитетската веб страница.   – Како дел од докторските студии по физика на Браун универзитетот, летово стажирам во голема инвестициона фирма во Бостон, Масачусетс. Со […]

Два земјотреса попладнево во Беровско-делчевскиот крај


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје. Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е […]

МВР: На 1 и 2 август да не се користи делницата Прилеп – Крушево


Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Денот на Републиката, Илинден, на 1 и 2 август 2024 година да ги користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат […]

Без струја утре делови од општините Чаир и Карпош


Без електрична енергија утре од 06:00 до 09:00 часот  ќе останат корисниците од улицата „Самарџиска“ во Старата Скопска Чаршија во општина Чаир,  а од 08:30 до 14:30 часот делови од улиците „Атинска“, „Борка Талески“ и „Рузвелтова“ во општина Карпош. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето […]

Адеми: Извештајот на ЕУ за владеење на правото е големо охрабрување за Врховен суд 


Извештајот на Европската Унија за владеењето на правото во делот за Врховниот суд претставува големо охрабрување и мотив да се продолжи со заложбите, кои Врховниот суд ги има за унапредување на транспарентноста, независноста, ефикасноста и примената на европските стандарди, изјави претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Препораките на Европската Унија, според неа, имаат клучно значење […]

Повлечени се 20 автобуси на ЈСП поради дефект – 10 отсто од моменталниот возен парк


Проблемите во ЈСП се како приказна без крај. Кај се соочуваат со мал број на автобуси па дури и тие што ги имаат често се расипуваат. Директорот Кушовски за Телма открива дека се повлечени дури 20 автобуси од скопските улици поради тоа што имаат различни дефекти. „Проблемот е во тоа што во моментов имаме недостаток од 20 […]

Сокови со бактерии, туна со хистамин, праски со пестициди: Што сè спречиле инспекторите да заврши на трпезите?


Вкупно 1.225 килограми нектарини од увоз се уништени поради присуство на пестицид хлорфирипос, кој e забранет за употреба во ЕУ и во САД. Освен тоа, инспекторите за храна спречиле и на трпезите на потрошувачите да заврши и конзевирана туна по потекло од Тајланд поради зголемено присуство на хистамин, како и 319 килограми кравјо сирење во […]

Две министерства се ангажираат за дигитализација на општините


    Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имал состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на кој се разговарало за конкретните чекори за дигитализација на општините, со вклученост и на донаторската заедница. На состанокот, како што соопштија од Министерството за локална самоуправа (МЛС), биле презентирани можностите за вклучување на сите општини во […]

Дачиќ: Очекувам екстрадиција на Рамадани, но тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, но истакнувајќи притоа дека тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија. -По многу луѓе кои учествуваа во тие злосторства за време на војните имаше распишано потерници, тие се и уапсени врз основа на тие потерници. Ние […]