Мицкоски во Хрватска ќе договара исти услови за учениците и размена на здравствени експерти


  Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб е пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Во тек е тет-а-тет средбата по која треба да бидат потпишани два меморандуми за соработка во областа на здравството и образованието. Во областа на здравството, соработката меѓу другото, предвидува размена на […]

Како нашите банки се штитат од кибернапади?


„Народната банка има посебна организациска единица и регулатива за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор, којашто е во согласност со најдобрите практики на Европската централна банка и Европскиот банкарски орган. Со оглед на брзиот технолошки развој и дигитализацијата, централната банка постојано ги следи најновите трендови за јакнење на свесноста од ризиците и врши надополнување […]

Поголем дел од Битола без вода за пиење


Голем дефект на потисниот цевковод на пумпна станица во Битола го  остави градот без вода за пиење. Од јавното  комунално претпријатие „Водовод“ информираа дека во текот на денот без вода за пиење ќе биде поголем дел од градот, односно до санирање на дефектот за чие решавање се ангажирани повеќе екипи на претпријатието. 

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9.900 места за студенти во прва година


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги […]

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 30 минути


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Седница на Советот на Град Скопје: Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси


Советот на Град Скопје денеска треба да ја одржи седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси. Градоначалничката Данела […]

Без струја дел од Карпош и Бутел, без вода дел од Општина Центар


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Козара“, општина Центар. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-80 милиметри на улица „Козара“ бр.26. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. Без струја денеска од 8:00 до 11:00 часот […]

Променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 […]

Нова уметничка герила акција против дезинформациите – „На лагата ѝ расте носот“


Пешаците кои ќе ја поминуваат „Партизанска“ денеска ќе сретнат една герила уметничка инсталација. Станува збор за уметничко дело на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, кое цели да ја истакне опасноста на дезинформациите. „На лагата ѝ расте носот“ претставува просторна уметничка акција и интервенција преку која Јовановиќ ја третира темата на дезинформации кои се присутни насекаде околу нас […]

Гори во Соње, кај Железничка и во Визбегово – пожарникарите на терен


Од 12 часот, со пет пожарникари и две противпожарни возила се интервенира на пожарот на неутврдена површина во атарот на с. Соње и с. Добридол, во близина на Скопје. Таму, од пожарот е зафатена ниска вегетација. Моментално ситуацијата е под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи.   Исто така,  кај железничката и автобуската […]

(Галерија) Православните верници побрзаа во црквите за Голема Богородица


Православните верници во земјава денеска побрзаа во црквите да оддадат почит кон  големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат […]

Сонце или дожд: Каков септември не очекува?


До крајот на летото ќе имаме температури до 35 степени, а суво и натпросечно топло време не’ очекува и во првите есенски денови, Како што најавуваат метереолозите, овој септември ќе ни почне со тропски денови и со максимални температури меѓу 30 и 35 степени. Врнежите во целиот регион, ќе бидат почести дури во втората половина […]

Најниска температура измерена во Лазарополе, највисока во Скопје-Зајчев Рид


Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 11 Целзиусови степени, а највисоки 23 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид. Во Берово се измерени 12 степени, 13 Битола и Попова Шапка, 14 во Маврови Анови, 15 Претор и Охрид, 16 степени во Струмица и Крушево, 17 Крива Паланка и Тетово, 18 степени во Демир Капија […]

Ангелов: Состојбата со пожарите се влошува, внимателно да не предизвикате пожар!


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека состојбата со пожарите повторно се влошува и апелира до граѓаните да бидат внимателни да не предизвикаат пожар. „Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува. Апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително поведение молам веднаш […]

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)


Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Празник на мајката на животот Именден празнуваат: Марија, Мара, […]

Шалтерите за наплата, за рекламација и телефонистите во скопски водовод денеска ќе работат во две смени


Шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и телефонистите во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе работат во две смени. Како што информираат од ова комунално претпријатие работното време ќе биде во периодот од 07:30-19:00 часот. 

Крводарителска акција во Домот на Армијата


Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ денеска по 22-ви пат ќе   организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ во Скопје од 9 до 17 часот. Како што соопшти Црвениот крст, целта на […]

Одбележување на Денот на македонските рудари во Радовиш


 По повод Денот на македонските рудари и Денот на Радовиш денеска во овој град ќе биде организирана музичка вечер. – Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, […]

Автобусите на ЈСП денеска ќе возат по неделен возен ред


ЈСП Скопје известува дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), денеска автобусите ќе возат по неделен возен ред.  Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. На ден 28 август, […]

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по повод празникот Голема Богородица ќе чиноначалствува со богослужбата во манастирот во Матка


По повод празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот кај Матка утрово во 8:30 часот ќе се одржи богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.  Традиционално на овој ден во манастирот се одржува општонароден собир и крводарителска акција.  Синоќа во пресрет на еден од најголемите христијански празници кај народот познат […]