Мисајловски и Лафчиски разговараа со нашите припадници на армијата во Либан


Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски утрово остварија видео врска со нашите тројца офицери кои се дел од мисијата на Обединетите нации UNIFIL во Либан. Од страна на нашите офицери беше потврдено се чувствуваат добро, дека моралот меѓу сите припадници во рамки на мисијата е на високо ниво и […]

Дел од Општина Аеродром без вода


Без вода денеска од 11:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Јане Сандански“ од бр.12 до бр.32, на улица „Коста Новаковиќ“ од бр. 2 до бр.48 и на улица „Владимир Комаров“ од бр.1 до бр.33.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна шахта на булевар […]

Еколошки проект во училиштата во Центар: „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “


Општина Центар и „Нула Отпад” со низа активности и под  мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “  ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина. Во рамките на овој заеднички проект, во сите основни училишта во општината е поставена за инфраструктура од контејнери […]

Двајца врвни лекари загинаа утрово во сообраќајката кај Прилеп


  БИТОЛА – Двајца врвни лекари од приватната болница „Плодност“ Битола, загинаа утрово во сообраќајката кај индустриската зона во Прилеп. Загинаа примариус доктор Александар Ристески, радиолог и гинекологот д-р Никола Василески. Животот го загуби и Фанче Јованоска рендген техничар во болницата, дознава порталот „Апла“. Официјално СВР Битола соопшти дека на 03.10.2024 во 07.51 часот во […]

Конечно изгасен пожарот во зградата во Чаир


Пожарот во зградата во Чаир, што избувна ноќта на 1 октомври, конечно е изгасен утрово во 9.30 часот, соопшти ЦУК.  Претходно, од таму јавија дека сѐ уште бил активен пожарот во зградата во скопската населба Чаир, кој избувна вчера. На терен биле три противпожарни возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, информира денеска Центарот […]

Изјави на Мицкоски и Таравари (во живо)


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари ќе присуствуваат на промоција на новиот апарат за магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“.   

(Во живо) Јаневска на конференција за грижата за менталното здравје на учениците


Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на конференција посветена на грижата за менталното здравје на учениците, во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“. 

Магнетна резонанца ќе биде отворена во „Идадија“


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе ја посетат поликлиниката „Идадија“, каде е инсталиран нов апарат за магнетна резонанца. Апаратот е набавен со финансиски средства од Здравствениот дом – Скопје во вкупна вредност од 83.455.500 ден. Како што се наведува во информацијата од владината прес-служба, апаратот е во функција од 17 […]

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Демир Капија


Утрово е најстудено во Берово, два степена, а максимални 12 степени се измерени во Демир Капија. Како што информира УХМР, до 8:30 часот утрово се измерени и 5 степени во Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Лазарополе и Крива Паланка, 7 во Битола и Тетово, 8 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Велес, Попова Шапка и Штип, 9 […]

Тркалезна маса за образование за ментално здравје


Во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“ денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса за образование за ментално здравје, на која ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. Најавено е обраќање и на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, како и на претставници од младинскиот сектор, експертски […]

Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе ја посетат поликлиниката „Идадија“, каде е инсталиран нов апарат за магнетна резонанца. Апаратот е набавен со финансиски средства од Здравствениот дом – Скопје во вкупна вредност од 83.455.500 ден. Како што се наведува во информацијата од владината прес-служба, апаратот е во функција од 17 […]

Градежниот факултет при УКИМ одбележува 75 години од основањето


Со Свечена академија во големата сала на Филхармонија во Скопје вечер Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ќе одбележи 75 години од своето основање. Според агендата на свечената академија, поздравни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, деканот на Градежниот факултет Горан Марковски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана […]

Дваесет и девет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров


Пред 29 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа […]

Претпладне сончево, попладне повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне […]

Се најавува нов закон за локална самоуправа со можност да се отповика градоначалник и да се воведе комунална полиција


Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински. Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници […]

Пожарот во Чаир никако да се изгаси – имало многу запалливи материи


Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, информираа попладнево од ЦУК.  Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата, додаваат од таму. Инаку, 0д  МВР информира дека во 01:55 […]

Инцидент на граничниот премин Меџитлија – граничен полицаец побарал лекарска помош


БИТОЛА – Инцидент се случил утрово на граничен премин Меџитлија на македонско-грчката граница кога претпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец. Според наши извори инцидентот се случил околу 8 часот кога се менувала смената, а причината за инцидентот засега е непозната. Нападнатиот полицаец после 10 часот побарал лекарска помош  во Клиничката болница […]

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува


Од Јавното обвинителство попладнево информираа дека вчера кај нив е пристигнато известување од Министерството за внатрешни работи и документацијата од Министерството за култура за наводната злоупотреба на буџетски средства од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. – До Јавното обвинителство вчера од Министерството за внатрешни работи е доставено известување и документацијата од Министерството за култура. […]

Извршен вонреден инспекциски надзор во кумановската болница


Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти денеска в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво на Република Северна Македонија (ЈОРСМ)  ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката […]