Уапсен судија од Врховен суд поради сомневање за примање награда за противзаконито влијание


Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител. …

Уапсен судија од Врховен суд поради сомневање за примање награда за противзаконито влијание Read More »

Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 24 мај – Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот.

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија


Да се намали употребата на пестициди во земјоделството, да се засадат што повеќе медоносни растенија и да се имплементираат ефикасни политики за справување со климатските промени, е пораката од денешната манифестација што се одржа по повод Светскиот ден на пчелата, 20 Мај. Неопходно е, истакнаа учесниците, да се препознае улогата на пчелите во екосистемот, да …

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија Read More »

Претставници на МОН на Светскиот образовен форум во Лондон


Примената на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз образовната трансформација е главна тема на годинешниот Светски образовен форум (19-22 мај) кој традиционално се организира во Лондон, а на кој присуствуваат и претставници на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Делегацијата која ја претставува нашата земја предводена од Шпетим Љатифи, посебен советник во …

Претставници на МОН на Светскиот образовен форум во Лондон Read More »

Данела Арсовска од новата влада ќе бара законски измени за зголемување на платите на пожарникарите


За Денот на пожарникарите, 20 мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и нови униформи, речиси исто како и на сите празнувања изминатите години. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на пожарникарите им вети дека ќе побара од новата влада, прво нешто што ќе го смени да бидат прописите …

Данела Арсовска од новата влада ќе бара законски измени за зголемување на платите на пожарникарите Read More »

Владата нема испратено пораки за надомест: Не наседнувајте на лажни пораки


Поголем број граѓани добиле порака во која се бара од нив да внесат чувствителни лични податоци, за да им се префрли надомест од 6.150 денари, кои наводно ги дели владата. Од таму демантираат и предупредуваат граѓаните да не наседнуваат на лажните пораки.    – Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА испратено …

Владата нема испратено пораки за надомест: Не наседнувајте на лажни пораки Read More »

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи


Долж Повардарието утре ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен …

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи Read More »

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена


Подгответе ги велосипедите, тротинетите, ролерките и другите еколошки превозни средства бидејќи на 2 јуни (недела) од 11 часот по осми пат ќе се одржи најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната …

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена Read More »

ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт


Пожарникарите во државава, покрај гаснење урбани пожари, изминатото деноноќие биле ангажирани и за други работи. Четворица битолски пожарникари со едно противпожарно возило од 18.45 до 19.35 часот, интервенирале на извлекување паднат човек во реката Драгор кај месноста „Сали Мост“. Паднатото лице не било повредено. Прилепски пожарникари со едно противпожарно возило од 12 до 13.50 часот, …

ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт Read More »

Најмногу дожд во Берово


Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Берово, 14 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка, Крушево, Маврови Анови и Гевгелија, еден литар на единица површина. До 08:30 часот се измерени и 8 литри на метар квадратен во Лазарополе, 7 во Штип, 3 во Струмица, како и 2 во Куманово, Битола, Демир Капија и …

Најмногу дожд во Берово Read More »

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, …

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози Read More »

Поради поставување водоводен приклучок без вода неколку улици во Козле


 Поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул. „Милан Марковиќ бр. 7 без вода денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Милан Марковиќ“, „Копачка“, „Пијанец“, „Крчин“, како и дел од улиците „Козле“ и „Леринска“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување …

Поради поставување водоводен приклучок без вода неколку улици во Козле Read More »

Одбележување на Денот на македонските пожарникари – 20 Мај


Во Противпожарната бригада на Град Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на македонските пожарникари – 20 Мај. – На 20 Мај, Денот на македонските пожарникари, им оддаваме поддршка и признание на пожарникарите кои секојдневно даваат максимални напори со цел да го заштитат нашиот град и нашата безбедност. Ја изразуваме нашата благодарност на пожарникарите од Противпожарната …

Одбележување на Денот на македонските пожарникари – 20 Мај Read More »

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната од 22 …

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме Read More »

УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј


 Од денеска до 23 мај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свечености по повод 75-годишнината од основањето. Претпладнево, во 11 часот, во Ректоратот ќе бидат доделени наградите на надјобрите дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година и наградата „26 јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година. За утре вечер е предвидена Свечена …

УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј Read More »

Детектор: Секој трет размислува да се исели од Македонија


Секој трет човек во Македонија размислува да се исели од државата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 32,3% од анкетираните рекле дека размислуваат или некогаш размислувале да се иселат од државата додека 63,6% не размислувале на оваа тема. Иако не се големи разликите, …

Детектор: Секој трет размислува да се исели од Македонија Read More »

Ново детско катче и простор за одмор на улицата „Ѓорѓи Димитров” во Општина Кисела Вода


 Во Општина Кисела Вода, на улицата „Ѓорѓи Димитров” ​е отворено ново детско катче. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има и терен за мал фудбал, а просторот е дополнет со урбана опрема и зеленило што овозможува одмор и дружење и за повозрасните. -Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за …

Ново детско катче и простор за одмор на улицата „Ѓорѓи Димитров” во Општина Кисела Вода Read More »

Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок


До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските …

Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок Read More »

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд


Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна …

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд Read More »

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја


Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и  Ѓорче Петров. Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на …

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја Read More »