Исчезна стружанец во реонот кај Брчево – по него се трага со кучиња


Шеесетгодишен жител од Струга е пријавен за исчезнат во реонот на селото Брчево, информира Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид. Според информацијата, нивна три члена екипа и водич на куче за пребарување од здружението „Куче спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира […]

Прва сесија на Буџетскиот форум: Граѓаните на Општина Центар го креираат општинскиот буџет


Општина Центар го започна процесот на планирање на буџетот за 2025 година со првата граѓанска форумска сесија, на која учествуваа градоначалникот Горан Герасимовски, раководителите на сите сектори на општинската администрација, советниците од Советот на општината, претставници на невладини организации и жителите на општината. Градоначалникот Герасимовски во своето обраќање се осврна на досегашните постигнувања, а ги […]

Онкологија во хаос: Не се евидентираат лекови, само 24 отсто од пациентите примаат терапија


Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година. -Недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали со фактичката состојба, а евидентирањето […]

Ветеринарна комора повикува на смиреност и општествена одговорност, ИЈЗ со препораки до граѓаните за заштита по појавата на птичји грип


Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и препорачуваат да се избегнува контакт со болни или мртви животни, и со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. Од Ветеринарна […]

Студено утро, преку ден сончево


 Утрото во земјава студено, преку денот претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје утрото ќе биде студено, преку […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 22 октомври 2024 година, 296-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 70 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 17 часот и 41 минута. Денов трае 10 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее, […]

Во здравството наскоро 1 500 вработувања и 300 идната година, најави Таравари


Министерот за здравство Арбен Таравари е оптимист дека наскоро ќе се најде решение за колективен договор, кој ќе го опфати целиот медицински персонал. Тој вечерва, во телевизиско гостување, најави 1 500 вработувања наскоро и 300 идната година. Оваа недела, рече Таравари, со премиерот и министерката за финансии ќе го разгледаат колективниот договор со кој би […]

Слаб земјотрес кај Демир Капија


Попладнево, во 18.32 часот, нов земјотрес бил регистиран во Македонија. Се работи за земјотрес со интензитет од 2.1 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот е на 12 километри североисточно од Демир Капија. Длабочината на потресот е на 5 километри.  

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар


 Патниот правец Кичево – Гостивар е нормализиран, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму појаснуваат дека сообраќајот на овој патен правец е нормализиран од 16.25 часот. Како што претходно информираа од АМСМ, сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар беше во прекин поради сообраќајна несреќа. 

ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава


Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава.  Инаку, овие 380 милиони евра претставуваат над половина […]

Ветеринарната комора ги поддржува активностите за сузбивање на птичјиот грип во ЗОО Скопје


Ветеринарната комора на Република Северна Македонија во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани, поврзани со откривањето на авијарна инфлуенца кај птица во Скопската зоолошка градина. – Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои […]

Јаневска сега ќе работи на инклузија на учениците со посебни образовни потреби


Министерството за образование и наука силно го поддржува воведувањето дигитални алатки и користењето дигитални технологии во учењето на децата со атипичен развој. Тие се во согласност со најдобрите интереси на учениците со посебни образовни потреби, затоа што создаваат пристапни, индивидуализирани и интерактивни дигитални образовни ресурси, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на завршниот […]

Вработените во ЗОО Скопје немаат птичји грип


Институтот за јавно здравје денеска извести дека направени се епидемиолошки анкети на сите 16 лица кои се доставени од список на ЗОО, а кај никого не е пронајдне вирусот на птичји грип. Денеска, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика […]

Класифицирани информации во иднина ќе се читаат во „глувата соба“ во Собрание, единствена во земјата


 Во Собранието денеска беше пуштена во употреба заштитена соба, прва од ваков вид во Северна Македонија,  дизајнирана со највисоко ниво на заштита за строго доверливи документи. Просторијата првенствено ќе ја користи Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи […]

Во ноември ќе се засадуваат нови дрвја


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на работна средба го прими генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев. Митрев го информира Меџити дека Пивара Скопје целосно и континуирано работи по највисоки стандарди во насока на заштита на животната средина, почнувајќи од изборот на суровини, преку контрола на процесот […]

Струмица доби 1.212 нови канти за смет за домаќинствата и 59 контејнери


Набавени се нови 1.212 канти за отпад, односно канти за хартија и пластика коишто бесплатно ќе ги добијат домаќинствата и 59 контејнери исто така за овој вид отпад. Посебно сакам да нагласам дека за прв пат почнуваме и со трета канта за селекција на хартија и вакви канти ќе добијат околу 600 домаќинства, изјави денеска […]

Обвинителот Коцевски: Наводите за мешање во предмет се лажни


  Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги отфрли наводните неосновани тврдења за мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје. „Од позиција на државен јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години, да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации […]

За нови членови на ДИК се пријавиле осум кандидати


Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието денеска ја утврди листата на кандидати за избор на членови на Државната изборна комисија на која има осум кандидати. На огласот се пријавиле Ивана Костадиноска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, Ангелчо Ристов од Делчево, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по […]

Бардовци забрзано се развива, Карпош ќе инвестира во инфраструктурата


Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски најави дека во текот на годината во населеното место Бардовци ќе се случат инвестиции во инфраструктура во висина од над 1,6 милиони евра, поточно во фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, асфалтирање и поплочување на улици. Тој нагласи дека локалната самоуправа мора да одговори соодветно на потребите за изградба […]