Костадинов ниту Јакимовски не дојдоа на средба со Ѓорѓиевски во ЗЕЛС


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, не дојде на денешната средба што ја организираше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. На средбата до овој момент не е пристигнат ниту градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Од Општина Струмица потврдиле за “Слободен печат“  дека Костадинов не пристигнал во Скопје и дека неговиот став за напуштање на ЗЕЛС е […]

Минчев ги слушна желбите на синдикалците пред промените во законите за јавната администрација


 Поголемо внимание да се посвети на постапката на вработување во јавната администрација и при вработувањето покрај образованието во предвид да се земат и компетенциите и неформалното образование, да се промени делот на пресметка на платите во јавниот сектор и тие да бидат врзани со просечната плата, бидејќи во предложеното решение тие се помали отколку во […]

Во Тетово фалат учебници, образованието без стратегија, ама ќе се носи декларација која ќе го трасира патот за следните министри


Тетово кубури со учебници, или воопшто ги нема или тие што ги има се искинати и невозможни за учење. Од друга страна концепцијата беше укината, новата не е донесена, а на стратегијата одамна ѝ поминал рокот, за нова ќе почекаме.  Но, сепак, министерката за образование и наука, денеска најде начин да ги претстави досега преземените […]

Минчев: Постојат две можности делот за правична застапеност да биде имплементиран во законите


Постојат две можности делот за правична застапеност да биде имплементиран во законите. Првата е во Предлог-законот за административни службеници, Предлог-законот за вработените во јавниот сектор и Предлог-законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се во фаза на разгледување, а втората е да се оди со посебно законско решение кое што ќе биде […]

Худолин: Само 46 проценти од децата одат во градинка – целта е 96 отсто


 Потребни се дополните напори за развој на предучилишното образование, а земјава треба да направи дополнителни напори во две полиња и тоа пристап и квалитет, посочи Штефан Худолин, шеф за соработка во делегацијата на Европската унија  на денешната завршна конференција на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“. – Прво во поглед на пристапот […]

Пронајдена 30-годишна девојка во бесознание во стан во Илинден, ја нашла нејзина колешка


Денес околу 7 часот изутрина, Итната медицинска помош во Скопје пријавила дека во стан во населба Илинден во Скопје во безсознание била пронајдена 30-годишната М.М од Крива Паланка по што итно е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. М.М. била пронајдена од нејзина колешка, која се упатила кон нејзиниот дом откако […]

Изминатиот викенд отстранети 115 кубни метри отпад во Скопје


Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 115 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров, информираат од јавното претпријатие. Активностите се одвивале на улицата „Перо Наков“ во општината Гази Баба, каде што биле отстранети 70 кубни метри непрописно […]

(Во живо) Завршен настан на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, финансиран од ЕУ


Завршен настан на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, кој е финансиран од Европската Унија ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Оваа иницијатива, како што соопшти Министерството, целеше кон подигнување на квалитетот на услугите за предучилишно образование и грижа.  На настанот ќе […]

Комисијата за здравство го одбележува месецот за подигнување на свеста за рак на дојка


Во организација на Комисијата за здравство, денеска во Собранието ќе се реализира активност за одбележување на месецот за подигнување на свеста за рак на дојка. Предвидени се обраќања на собранискиот претседател Африм Гаши, претседателката на Комисијата за здравство, Рашела Мизрахи, советникот за здравство на премиерот, Игор Николов, како и на министерот за здравство Арбен Таравари. […]

Саем за студии во Франција во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје


Саем за студии во Франција, ќе се одржи денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во организација на Францускиот институт во Скопје и француската Агенција за високо образование Кампус Франс. Овој традиционален настан официјално ќе биде отворен со поздравни говори на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, амбасадорот на Франција, […]

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“


Без вода за пиење изутринава од 09.30 часот ќе останат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во општина Карпош. Прекинот во водоснабдувањето е поради водоводен приклучок на оваа улица, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што е најавено, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

На Филолошкиот факултет промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта


Промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, ќе се одржи денеска напладне во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, при УКИМ. Станува збор за зборници на трудови во издание на Катедрата за славистика при Институтот за славистика и балтичка филологија, објавени во реномираната едиција „Opera Slavica Budapestinensia (Linguae Slavicae)”. Приредувач […]

Семинар за заштита на авторските права


Во рамките на културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, а во рамкие на проектот CreArt, денеска во Галерија „КО-РА“ – голем салон при ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе се одржи Семинар за заштита на авторските права. Во рамките на семинарот предвидени се две панел дискусии со учесници од […]

Мицкоски ќе оди да види како „Бехтел и Енка“ ја градат делницата Гостивар – Букојчани


  Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе извршат надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. По извршениот надзор предвидено е Мицкоски да даде изјава.

Шесто издание на Денови на медиумска писменост 2024


Со конференција на тема „Политики за медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција“ Мрежата за медиумска писменост денеска го отвора шестото издание на Деновите на медиумска писменост 2024. Планираните активности што ќе траат до 4 ноември ќе се одвиваат под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“. Отворањето на ДМП 2024 е најавено за во 9 […]

Пожарот во комплексот „Манастир“ најверојатно бил од скарата, хотелот не е зафатен


Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува. – Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 […]

Претежно сончево и релативно топло


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот, се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Се прогнозира минималната температура да биде во интервал од -1 до 7, а максималната да достигне од 21 до 27 степени. Во […]

Изгаснат пожарот во „Манастир“ во Берово


Изгаснат е пожарот што вечерва избувна во поткровниот дел на хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Екипи на Противпожарната единица Берово веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде што е забележан густ чад. Поради сериозноста на пожарот побарана била помош од околните противпожарни служби и тоа од Делчево и од Кочани. Во моментов […]

Гори туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово


Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат тамошните општински власти. Дел од гостите во хотелот се евакуирани. Нема повредени. Во меѓувреме, пожарот бил изгаснат, но причинета е значителна материјална штета, јавуваат дел од медиумите. Инаку, откако бил забележан густ чад во туристичкиот комплекс, противпожарните екипи веднаш се упатиле на терен. […]