Промоција на стрипот „The Jitters“ од Стефан Николовски


Во просториите на „ОРО Радио Бар Галерија“ денеска ќе биде промовиран стрипот „Д Џитерс“ („The Jitters“) од Стефан Николовски, работен според негово сценарио и цртеж. Станува збор за жанровски антолошки стрип во боја, збирка од четири различни приказни, во кои протагонистите ги занемаруваат последиците предизвикани од нивните исполнети желби. Преку наивното вкусување на четири бонбончиња, […]

Весник „Илинден”: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија


Македонскиот весник „Илинден” во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“. -Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го […]

Без струја делови од Кисела Вода и Арачиново


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Арачиново. Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. „Пандо Кљашев“ и дел од ул. „Стрмешево“, Пржино. Додека во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја […]

Почнува 14. фестивал на виното „Виноскоп“


Фестивалот на виното „Виноскоп“, што ќе се одржува од денеска до 2 ноември годинава на плоштадот „Јадран“ во центарот на Скопје, ќе понуди врвни вина од над 30 винарии и врвни деликатеси. Најавена е и богата музичка програма со акцент на поддршка на македонската музичка сцена. На фестивалот ќе настапат: Куку Леле, Фолтин, Brass Brothers, […]

Наутро по одделни котлини магла, преку денот сончево со мала локална облачност


Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до […]

Конференција „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан“


Во организација на Германската хуманитарна организација Arbeiter-Samariter-Bund (АСБ) и Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Регионална конференција во рамките на проектот „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан – Регионална соработка и поддршка за прифатилишта за жртви на семејно насилство“. Проектот е финансиран од […]

Штипската Клиничка болница работи со помош на агрегат, проблемот со струјата ќе се надмине по полноќ


Штипската Клиничка болница во моментов се снабдува со струја од агрегат, бидејќи околу 15 часот при изведување на градежните активности на новиот влез на болницата скинат е средно напонски кабел, потврди за МИА вечерва директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев. Тој истакна дека пациентите кои се критични и се хоспитализарни во болницата или доколку се […]

Муртезани: На 18 ноември билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово во Приштина


 Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово. Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот. -На 18 ноември Владата на Република Северна Македонија предводена од […]

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за изменување и дополнување на Законот за екпропријација


Уставниот суд на денешната седница одлучи да не се поведува постапка, односно да не се оценува уставноста на членот 1 и член 2 став 1 зборовите „како и за изградба на градби од стратешки интерес“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за екпропријација. –  Не се поведува постапка за член 10 став 4 […]

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување, вели Сиљановска-Давкова


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека по колективната оставка на Комисијата за помилување почнати се разговори за нов состав на Комисијата, но оти нема да брза со нејзиното формирање. -Не даде Комисијата отказ. Комисијата од лични и професионални причини поднесе оставка и тоа е нешто друго. И јас, ние сме во разговори за нов состав […]

Антикорупциска бара другите надлежни органи да си ги вршат своите обврски во истрагата за Бојан Христовски


  Антикорупциската комисија денеска го отфрли товарот што врз неа се обиде да го постави Јавното обвинителство во врска со сертификатот за англиски јазик на новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, и побара другите органи да си ги вршат своите обврски а не да чекаат на неа. ДКСК постапува по анонимна пријава за именувањето на […]

Советот за превенција на Струмица бара да не се узурпираат тротоарите при градежни активности


Локалниот совет за превенција на денешната седница донесе повеќе заклучоци за надминување на проблемот со узурпирањето на тротоарите во населбата „Карпош“, кои се зафатени од градежни компании и не им овозможуваат на пешаците да се движат по нив. Во однос на аеро загадувањето побарано е Општина Струмица да склучи договор со акредитирана лабараторија која ќе […]

Државите правобранители бараат повисоки плати или ќе ја блокираат експропријацијата за Коридор 8


Доколку не се исполнат барањата на УПОЗ, решавањето на предметите за експропријација на имоти низ кои поминуваат коридорите 8 и 10 ќе бидат блокирани, ова го најави првиот човек на синдикатот Трпе Деаноски. Протестот кој започна денеска и се однесува сите подрачни единици, велат, е одраз на незадоволство од неисполнетото барање за покачување на додатокот […]

Се гради градинка за 100 деца во Стопански Двор


Во населбата Стопански Двор во општина Ѓорче Петров денеска официјално беше означен почетокот на градбата на нова детска градинка која ќе има капацитет за згрижување на над 100 деца, на површина од 415 квадратни метри на приземје и 483 квадратни мерки на прв кат. Проектот е со вредност од 60 милиони денари и е финансиран […]

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС останува обединет – Струмица нема да излезе од таму


Во ЗЕЛС нема поделби и отстапувања и ЗЕЛС останува обединет, изјави  градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање за разговорите со градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, во врска со  напуштање на УО на ЗЕЛС. Во изјава за медиуми по отворањето на 23. состанок на Заедничкиот консултативен […]

Јанев: Корупцијата е како малигно ткиво, не смееме да влеземе во вртлог на неоткривање и неказнивост


Корупцијата за жал е составен дел насекаде, ние интензивно работиме на сузбивање на корупција во сопствените редови, меѓутоа тоа не е доволно, треба да работиме и во останатите инстутиции, меѓутоа и да ги анимираме граѓаните дека не е начин да дадеш нешто под рака за да можеш да оствариш некое свое право, истакна директорот на […]

Перински: Децентрализација на власта останува најважен принцип


 Подобрувањето на функционалноста на локалните самоуправи и дигитализација на услугите беа во фокусот на отворањето на дваесет и третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК). Во рамките на првата тема „Развој во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ“ од состанокот што […]

Андоновски: Секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешниот дигитален хакатон со млади во Собранието, истакна дека е време е за вистинска транспарентност и оти секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства. – Отворените податоци и дигиталната транспарентност не се само ветувања, тие се нашата алатка против корупцијата и основа […]

Јаневска: Oбразованието за медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите


Медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите. Тие пак, се особено честа појава на глобалниот интернет простор каде со примена на вештачката интелигенција се креираат сé пософистицирани содржини и важно е граѓаните да поседуваат вештини за нивно препознавање, за разликување факти од фикција, рече министерката за образование и наука Весна […]

Општина Аеродром спроведува анкета за зонско паркирање во Мичурин


Општина Аеродром по барање на граѓаните и во соработка со Јавното претпријатие „Градски паркинг“ почна кампања за информирање на граѓаните за бенефициите од зонското паркирање што треба да се спроведе во населбата Мичурин. Паралелно со информативната кампања, се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за иницијативата за […]