Герасимовски: Потребна е заедничка стратегија на градот и општините за проблемот со загадувањето


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека е потребна стратегија на ниво на Град Скопје кадешто ќе се вклучи градот и сите општини во решавање на проблемот со загадувањето во Скопје. Герасимовски потенцира дека се поставени филтри за прочистување на воздух скоро во сите основни училишта на територија на Општина Центар и во самите […]

Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички


Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички во боја за да се избегне нивната злоупотреба, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски. „Одлучивме да воведеме специјални таблици во боја, а регистарот паралелно да го работиме во текот на годината. Правилникот го имаме донесено и сега се чека […]

Што претставува ХОББ? – Се одбележува Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест


Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) ќе се одбележи денеска, а целта е да се подигне свеста за значењето и социо-економскиот товар на болеста. Од Македонското респираторно здружение посочуваат дека голем број фактори ја предизвикуваат оваа болест но пред се дека тоа се аерозагадувањето и пушењето. – ХОББ е голем проблем на денешницата. […]

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.  На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од утрото со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата – ќе бидат пообилни во западните и во северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува засилен до силен јужен ветер, наместа над 70 километри на […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 20 ноември 2024 година, 325-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 41 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 30 минути, а ќе зајде во 16 часот и 9 минути. Денов трае 9 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Без вода утре делови од општина Карпош


Корисниците на дел од ул. „Варшавска“ во населба Тафталиџе утре (20 ноември) од 10 часот ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка на таа улица бр. 62б. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинато водоснабдувањето ќе имаат корисниците на ул. „Варшавска“ односно потегот од ул. „Виенска“ до ул. „Лондонска“. Водоснабдувањето ќе […]

ЕК за образованието: Резултатите на учениците слаби, буџетот потпросечен


Слаби ученички резултати на меѓународните тестирања, буџет за образование кој е далеку под просекот на ЕУ, дигитална трансформација која е ефективна, кохерентна и инклузивна. Ова се само дел од забелешките нотирани во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, кој се однесува на образованието. Иако има многу предизвици, сепак, во делот кој се однесува […]

Месец на машко здравје: Срцето не ги простува така лесно гревовите


Ноември е месец посветен на машкото здравје, а токму денеска се одбележува и Меѓународниот ден на мажите. И покрај напредокот во медицината и во здравствената заштита, мажите честопати имаат тенденција да го занемаруваат своето здравје, што доведува до доцна дијагноза на состојби како што се срцеви заболувања, рак на простата и нарушувања на менталното здравје. […]

Солидарниот данок утре на седница на Уставен суд


На утрешната сеница на Уставниот суд, ќе се најде и Законот за данок за солидарност, за кој до судот беа поднесени неколку иницијативи за оцена на неговата уставност, во целина или одделни делови.  Како што појаснија попладнево од Уставен суд подносители на иницијатиите се Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска, потоа […]

Костадинов во Париз ја прими наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска во Париз ја прими наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“ што ја доделува Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз 11 години, во Берлин 7 години и во Вашингтон 4 години. Струмичкиот градоначалник наградата ја доби за особена заслуга во трансформацијата на […]

Во октомври евидентирани 195 заболени од грип, 56, случаи на Ковид-19, а најчести биле ентероколитите


 Минатиот месец во државава се евидентирани 195 заболени од грип, 56 нови случаи на Ковид-19, две деца со заушки, три лица позитивни на ХИВ и едно со СИДА. Во октомври, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се ентероколитите со вкупно 390 пријавени лица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.  […]

Кој го игнорира аерозагадувањето во Битола? (Видео)


На битолчани им е јасно дека ноемвриските сончеви денови се, како што велат тие – бројани. Грејната сезона ќе започне со полн интензитет. РЕК Битола, која е во близина, ќе ја засили својата работа и ќе ги активира сите блокови за да ги задоволи потребите за струја во државата, затоа што овој енергетски капацитет во […]

Муртезани назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда


На денешната седница на Владата беше усвоен заклучок со кој, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда.   На Седницата, исто така, беше утврден предлог – Моделот за формирање на структура за спроведување на Инструментот за реформи и раст, кој произлегува од Регулативата на ЕУ 2024/1449 […]

О2: Во Буџетот нема пари ни за чист воздух, ни за менаџирање со отпад


  Иницијативата О2 реагира на ставката во буџетот за животна средина во висина од 103 милиони евра која, иако е најголем досега, ќе се троши на инфраструктурни проекти кои од ресорот транспорт се префрлени тука и „прекрстени како животна средина“. „Место  буџетот да биде дупло поголем, поголемиот дел од средствата за издвоени за оваа намена […]

Зголемен бројот на пациенти кај матичните лекари од почетокот на грејната сезона


Зголемен е напливот на пациенти кај матичните лекари кои се жалат на здравствени тешкотии предизвикани од аерозагадувањето, соопштија денеска од Здружението на матични лекари Куманово. Претседателот на Здружението д-р Фатмир Асани вели дека последниве денови хронично болните пациенти и децата се жалат на доглотрјана сува кашлица. – Аерозагадувањето е светски проблем. Долготрајните последици допрва ќе […]

Мицкоски ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград


Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што ќе се одржи викендов во Белград, но оти нема договорено средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. -Таква средба нема најавено. Мислам дека претседателката се сретна (со Вучиќ) во Азербејџан на настанот ЦОП 24 што се одржан во […]

СДСМ го нарече „историско понижување“ зголемувањето на платите на здравствените работници од 10 отсто


  СДСМ го нарече „историско понижување“ зголемувањето на платите на здравствените работници од 10 отсто.   –Денеска Христијан Мицкоски објави историско понижување на трудот на здравствените работници. Неговата најава е за минимално односно историски најниско зголемување од 10% во споредба со досегашниот раст на платите.   Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 […]

Независниот синдикат за здравство задоволен од постигнатиот договор со Владата за покачување на платите за вработените


Претседателот на Независниот синдикат на здравствени работници Боби Бојчевски, денеска во име на членството јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за постигнатиот договор со синдикатите во здравствениот сектор за измени во колективниот договор што овозможува зголемување на платите за вработените во здравствениот систем. Според Бојчевски, станува збор за едно од најголемите […]

И жителите на Шуто Оризари на протест, чекале по три часа автобуси


Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, за петок најави протест пред Град Скопје поради проблемите со јавниот превоз. Проблемот се состои во долгото чекање на автобуските станици, што особено ги погодува децата, жените и пензионерите. „Луѓето чекаат по два до три часа на минусни температури и не можат да стигнат до своите дестинации. Не можеме […]