Дипломатски добротворен базар в сабота во Скопје


Во Скопје, в сабота, ќе се одржи Дипломатски добротворен базар  во  Хотел Мериот,  во период од 11:00 – 16:00 часот, организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и “Dobredojde” Macedonia Welcome Centre. Настанот се одржува по повод Светскиот ден на детето под почесно претседателство на Н.Е. Г-дин Грегор Прескер, Амбасадор на Република Словенија. Со […]

ДУИ: Полицијата реагираше несоодветно и како реакција беше запалено македонското знаме


  Заедно со речиси сите парти и Демократската унија за интеграција го осуди палењето на македонското знаме, но во исто време имаше остри зборови за наводната полициска интервенција за време на прославата на Денот на албанското знаме. „Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го […]

Отстранети повеќе диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар


Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирале низа активности за отстранување диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар. Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците „Невена Георгиева-Дуња“ и „Димо Хаџи Димов“, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градежен и кабаст отпад. ЈП […]

Обвинителството го истражува настанот со сквернавењето на македонското знаме


 Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ.  -Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ. Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството […]

Без вода делови од Припор и Аеродром


Корисници од трета зона Припор денеска од 9.30 часот ќе немаат вода  поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Христо Татарчев“ крак 37/бб (во близина на резервоарот) во општина Кисела Вода.  Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. Од 10 часот денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и […]

Во Берово измерени нула степени, најтопло во Демир Капија, Охрид, Претор и Гевгелија


Утрово во Берово со измерени нула степени Целзиусови е најстудено, додека со 9 степени најтопло е во 9 Демир Капија, Охрид, Претор, Гевгелија. На Попова Шапка и Крива Паланка се измерени 3 степени, 4 во Струмица, Тетово и Битола, 5 Прилеп и Лазарополе, 6 степени во Крушево, Маврови Анови, Штип, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес […]

Меѓународна научна конференција за митот и драмата во Скопје


„Мит и драма: современи интерпретации“ е меѓународна научна конференција која денеска и утре ќе се одржува во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Институтот за македонска литература и Факултетот за драмски уметности. […]

Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на советот на Град Скопје


Приватните превозници денеска нема да возат низ скопските улици, но се надеваат дека од понеделник ќе се вклучат во сообраќај. По вчерашната средба со советниците на ВМРО-ДПМНЕ на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека […]

Наутро магла и облачност, попладне дожд


 Времето денеска наутро ќе биде со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот ќе провладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а […]

Градоначалниците на Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат Меморандум за соработка за Преспанскиот басен


Меморандум за соработка за Преспанскиот басен, но и за формирање Европска групација за територијална соработка во прекуграничниот регион на Преспа меѓу општините Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат во Лемос, Грција четворицата градоначалници, а целта е општините од трите земји да се заложат за заедничката визија за одржлив развој, заштита на животната средина и […]

Постигнат времен договор со приватните превозници – но, ќе возат од понеделник!


Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Мартин Стојановски, вечерва по завршување на средбата со приватните превозници информираше дека дале предлог да се зголеми цената по километар од 70 на 100 денари во период од први декември до мај следната година. Тој побара што е можно побрзо да се свика вонредна […]

Приватните превозници на средба со советниците на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе се договорат?


Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, вечерва пред средбата со претставници на приватните превозници што се одржува во Град Скопје, изјави дека целта е да дадат предлог за решавање на проблемот со автобускиот приватен превоз. Тој посочи дека ќе дискутираат за нивните проблеми и порача оти се надева дека за еден час по средбата ќе имаат […]

Без струја утре делови од општините Ѓорче Петров и Карпош


Без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Карпош, соопшти попладнево Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.  Од 10 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Исаија Мажовски бр.26 во општина Ѓорче Петров, а од 12 до 14 часот дел […]

Препорачани мерки за намалување на загадувањето во Куманово


Кумановци да користат јавен градски превоз, да го редуцираат користењето на возилата, да не користат несоодветни материи за затоплување, строго се забранува горење на отворено, побараа денеска надлежните од Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина и природата. Оттаму велат дека поради поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички […]

Советниците од СДСМ во Град Скопје бараат вонредна седница заради проблемот со приватните превозници


Советниците на Град Скопје од редовите на СДСМ денеска побарале од претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, да свика вонредна седница заради сериозноста на проблемот со приватните превозници. Во партиското соопштение се наведува дека граѓаните се соочуваат со недостиг на јавен превоз, поради префрлање на одговорноста за тоа кој е виновен и кој […]

Минчев: Управувањето со квалитет е клучно за модерна и одговорна јавна администрација


Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обратил на иницијалниот состанок на Координативното тело за управување со квалитет, каде што учествувале претставници од SIGMA, Европскиот институт за јавна администрација (EIPA), Регионалното училиште за јавна администрација (РЕСПА), како и членови на Координативното тело. Како што информираат од Министерството за јавна администрација, Минчев ја истакнал важноста […]

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, вели Мицкоски


 Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот се до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање од пратеничката Сања Лукаревска до каде е набавката за електрични автобуси. Мицкоски на седницата за пратенички прашања посочи дека парите за набавка […]

Прилепски ученици со прва награда од УЈП


Учениците од струката за графички уредник – дизајнер при прилепското средно електромашинско училиште „Ристе Ристески Ричко“ се добитници на првата награда за изработено видео во рамките на кампањата на УЈП за фискална едукација на младите. Тие изработија видео под мотото „Данок плати, во иднина да ти се врати“. Претставници од УЈП денеска во просториите на […]

Славески вели со булдожери може да се расчистуваат блокирани крстосници


  Градоначалничката Данела Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз, порача денеска Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје, кој два дена е прозиван од Арсовска, за состојбите со градскиот превоз во Скопје. „По оној кикс што беше направен со ЈСП, кадешто […]

Да помогнеме македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава, се бараат дизајнери, волонтери и донации


Група информатичари и волонтери ги вложуваат сите свои знаења и капацитети да го подготват македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава и да стане автентичен и препознатливо самостоен јазик кој ќе си го најде своето место во плимата на придобивки од вештачката интелингинција во полза на корисниците кои доаѓаат од „малите“ културни и јазични заедници […]