Во Битола почна новогодишното украсување на градот


Во Битола почна новогодишното украсување на градот со кое ќе бидат опфатени Офицерскиот дом, Широк сокак, плоштадот Магнолија и Старата битолска чаршија. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека украсувањето содржи многу нови елементи со кои се очекува низ битолските улици да се создаде посебна новогодишна атмосфера. -Комплетното украсување на градот […]

Просветниот инспекторат утре ќе соопшти за мерките што ќе се преземат за ОУ „7 Март“ во Челопек


Утре ќе се знае какви мерки ќе се преземат за ОУ „7 Март“ во тетовски Челопек, каде од Државен просветен инспекторат денеска направија вонреден надзор, барајќи одговорност за организирањето училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.  Овој настан се случил на 28 ноември […]

Нови 23 општини се вклучуваат во процесот на оптимизација на училишната мрежа


Нови 23 општини се вклучуваат во процесот на оптимизација на училишната мрежа, кој треба да обезбеди поквалитетно образование за сите ученици. Со раководствата на дел од овие општини, односно на Босилово, Делчево, Кавадарци, Струмица, Штип, Свети Николе, Старо Нагоричане и Чашка, денеска средба имаа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претставничката […]

ЕУ ѝ забележува на Македонија дека доцни со транзицијата од јаглен


  Многу забелешки на ЕУ за Македонија за екологијата, климатските активности и транзицијата од јаглен беа дадени на седницата на Поткомитетот ЕУ-Северна Македонија за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој што се одржа онлјан на 28 ноември 2024 година. Во сите сектори за кои се расправало Македонија бележи ограничен напредок, одложување и назадување. Како заклучок на состанокот, […]

Специјално возило испратено да ги извлече возилата заглавени кај Леуново и Никифорово


Специјално возило со плуг било пратено веднаш штом била побарана помош и веќе е стигнато до заглавените патници во општина Маврово – Ростуше, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по информациите во јавноста дека возила со патници, меѓу кои и трудници и деца, тргнале од селата Леуново и Никифорово и биле заглавени на […]

Дамјан Давков победник на најголемиот математички натпревар UltiMATH


По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија го доби шампионот на најголемиот натпревар по математика за средношколци – UltiMATH. Првата награда, 10.000 евра, 100% стипендија за студирање на факултетот Бреинстер НЕКСТ и бројни сертификати, му припадна на средношколецот Дамјан Давков. Дамјан не е непознат во светот на математиката. Со своето […]

Верските поглавари повикаа на мирен соживот и почит на едни кон други


  Поглаварите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската зедница ги повикаа сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот во државата.  Во соопштението упатено по денешната средба во Скопската епархија се наведува дека треба да се продолжи со продлабочување на меѓусебната […]

Бајрами се надева дека за скоро време ќе бидат откриени оние што му го запалија автомобилот


  Едно од опожарените возила во Куманово е сопственост на јавниот обвинител Џелал Бајрами, кој во изјава за МИА, нагласи дека очекува во најскоро време да бидат пронајдени сторителот/те на настанот. Приватното возило е целосно оштетено. „Пријавено е уште кога се случи настанот, од страна на соседите на кои во оваа прилика им се заблагодарам. […]

„Макпетрол“ организира работилница за врсничко насилство за родителите од Кисела Вода


Родителите од Општина Кисела Вода утре (3 декември) со почеток од 18 часот ќе имаат можност да разговараат и подетално да се запознаат со проблемот со врсничкото насилство. Работилницата организирана од „Макпетрол“ ќе се одржи во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Ова е шестта едукативна средба наменета за родители во рамки на општествено одговорната кампања „Крени […]

ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило


Центарот за управување со кризи информира дека гостите од хотелот „Радика“ во Маврово, кои беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вчеравечер се извлечени со помош на специјално возило на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. -Од последниот контакт во 20 часот со дежурниот во ПС Маврово […]

(Во живо) Јавно обраќање на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева


 Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска во 11 часот ќе има јавно обраќање.   Дамева минатата недела во изјава за јавноста рече дека имала право да остане уште осум месеци на чело институцијата. -Со оглед дека во два наврата беа донесени Одлуки за разрешување на претседателот на Советот, на 26.04.2023 година и на 04.05.2023 година, […]

Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година


 Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите […]

Почина генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев поранешен Началник на Генералштабот на Армијата


По кратко и тешко боледување во текот на вчерашниот ден на 74- годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата. Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица. Завршил гимназија во 1969 година, а потоа своето образование го продолжил на Воената академија на Копненатавојска на ЈНА и […]

Приватните превозници се враќаат на скопските улици


Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје. На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар.  Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски во изјава […]

Сообраќајот се одвива во зимски услови,забрана за камиони има на Маврово на патот Тетово – Попова Шапка


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот […]

Кампања „ВТОР ДЕН МИ Е“ за подигнување на свеста за менструалното здравје


 Во „Јавна соба“ во Скопје, денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи панел-дискусија како дел од кампањата „ВТОР ДЕН МИ Е“ која има за цел да ја подигне свеста за предизвиците на вториот ден од менструалниот циклус и да ја разбие стигмата поврзана со менструалното здравје на жените. На панел дискусијата ќе учествуваат […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 2 декември 2024 година, 337-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 29 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 44 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 19 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина ќе изгрее во […]

Се расчистува патот кон одморалиштето Михајлово – има метар снег


Се расчистува патот кон одморалиштето Михајлово, Кавадаречко, информираа вечерва од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.  -Зимската служба на јавното претпријатие ,,Комуналец” и пожарникари од територијалната противпожарна единица Кавадарци работат на расчистување на патот кон Михајлово од паднати дрвја и наноси снег во висина од еден метар. Ќе се интервенира на терен до целосно […]

Просветна инспекција ќе оди во училиштето во Челопек каде имаше приредба со пластични пушки и униформи на ОВК


  Државниот просветен инспекторат ќе го проверува каква приредба се случувала во основното училиште „7 март“ во селото Челопек, каде учениците носеле пластични пушки и биле облечени во униформи на ОВК. Во изјава за Канал 5, министерката за образование кажа дека доколку се утврди прекршување на Законот за основно образование, како и на принципите на […]

Десетици возила заглавени во снегот во Маврово и на Попова Шапка


  Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријави од заглавени возила во Маврово и на Попова Шапка. Меѓу хотелот „Радика“ и Бунец се заглавени дваесетина возила од рано утрото. Во моментов се чека поголема машина-фреза од „Македонија пат“ за расчистување на снегот. Блокирани возила има и пред влезот на Попова Шапка на раскрсницата […]