Коцевски најави конкретни резултати во сложени предмети и од областа на финансискиот криминал


Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека во следниот период пред јавноста ќе бидат презентирани конкретни резултати во повеќе сложени предмети и од областа на финансискиот криминал, но и поврзани со тешки кривични дела против животот и телото, на кои јавните обвинители интензивно работеле изминатите месеци. Новодонесеното упатство со кое се дава приоритет на постапките […]

На Скопје му се заканува блокада – Арсовска не го поднела предлог-буџетот за 2025 година


На Град Скопје му се заканува финансиска блокада, откако скопската градоначалничка, Данела Арсовска, не го поднела предлог-буџетот за 2025 година во законскиот рок, до Советот на Град Скопје. Како што  на прес-конференција обелодени советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, се остварило сцнариото на кое предупредувале за целосна блокада на Град Скопје. – Сега и се случува […]

Осуммина за „Адитив“ во притвор, меѓу кои и Васко Стефанов, другите со одземен пасош


 Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и на уште седум лица осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра во акцијата „Адитив“ на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК).  Судии […]

Сведокот во случајот за убиствата на Вања и на Панче е во бегство, запалил и кафуле


Гоце Трајковски, лицето кое требаше да се појави како сведок на судењето за убиството на Вања и Панче е недостапен за органите на прогон. Осомничен е од 13 ноември во случај за палење на објект – кафуле во Кисела Вода и од тогаш е во бегство. Двајцата негови соучесници се фатени и против нив е […]

Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети по „црната листа“


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформи предмет за поранешниот прв вицепремиер Артан Губи и судијата Енвер Беџети откако завчера беа ставени на „црната листа” на САД поради вмешаност во значителна корупција. Коцевски ова го соопшти денеска на брифинг со новинарите на кој присуствуваат триесетина обвинители од сите обвинителства во државата. Оформениот предмет, како што кажа […]

Еден месец по повторното пуштање во употреба запрен е системот за полнење на Дојранското Езеро


За да функционира Хидросистемот „Ѓавато“ и да се постигнат потребите на вода за Дојранското Езеро треба да се изврши обновување, реконструкција и санирање на истиот, согласно изработен ревидиран основен проект за санација и реконструкција на ХС „Ѓавато“ со кој ќе се утврдат точните финансиски средства за негово враќање во употреба, се вели меѓу другото во мислењето […]

Во Македонија е тешко да имаш дете со аутизам, велат од Македонското научно здружение


Родителите на деца со аутистичен спектар на нарушување се соочуваат со бројни предизвици. Немањето рана дијагностика, недостигот на стручен медицински кадар и иклузијата ги посочуваат како дел од предизвиците. Нудат предлози и решенија, но, како што велат, нема институционални ефекти.  Според Македонското научно здружение за аутизам, во земјава има околу 20.000 лица со широк спектар […]

Реновиран објектот за пациентите во струшка нефрологија


После постоење од речиси четири децении, во ЈЗУ Нефрологија Струга извршени се поголеми градежни зафати, а инвестирано е и во подобрување на условите за третман на пациентите, благодарение на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ преку програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од грантовата шема“ кој го реализираше Министерството за локална самоуправа […]

Привршува истрагата за Онкологија, вештачењето во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување пациенти


Истрагата за случајот Онкологија привршува, а вештачењето спроведено во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување на пациентите, информира Обвинителството. Како што беше речено на брифинг со новинарите, во тек се и вештачењата во Словенија кои треба да бидат готови до крајот на јануари. – Со оглед дека кај нас нема вештак онколог, издадовме наредби […]

Обвинителството ќе води истрага за лицата на црната листа на САД


  Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформил предмет за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД.  Предметот, како што тој информира денеска, е доставен на постапување на надлежно обвинителство кое ќе издаде соодветни наредби до институциите за откривање на кривичните дела. „Со оглед на сериозноста на наводите поради […]

Тошковски без одговор дали се постапува по ставањето на црната листа на Груби и Беџети


Трпение од македонската јавноста побара денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски запрашан од новинарите за тоа дали доказите што ги има Вашингтон ги има и Скопје во врска со поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети кои се на црната листа за корупција на САД.  – Добро е познато на јавноста дека никогаш […]

Балуку: Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со тунел и нов граничен премин


Албанија и Северна Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. – Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат […]

АХВ ги засилува инспекциските контроли пред празниците, пакетчињата за деца под посебен мониторинг


 Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност. -Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на […]

Васко Ковачевски недостапен, но не се откажал од државјанството


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски не е достапен за домашните органи на прогон. Истакна дека полицијата ќе стори се во рамките на надлежности, со цел Ковачевски да биде изведен пред лицето на правдата. -Вчера имаше многу шпекулации во однос на вашето прашање и каде се наоѓа […]

На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор


Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка – 4 степени Целзиусови, најтопло со 7 степени е во Велес, додека најмногу дожд во изминатите 24 часа до 07 часот во Маврови Анови и Претор со 2 литри на метар квадратен. Во Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Маврови Анови, Крушево и Претор, 1 Битола […]

Уставниот суд заседава за Законот за јазиците – членови на ДУИ пред зградата


  Уставниот суд ја почна седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. На седницата не се присутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари, како што беше најавено и претходно. Во текот на седницата, неа  ја напушти и судијата Фатмир Скендер. Пред зградата […]

Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин


Намалена видливост до 50 м. поради појава на магла има на планиските премини Ѓавато и Страцин. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и […]

Променливо облачно, претпладне со магла по котлините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени Целзиусови. Во Скопје изутрина ќе има појава […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 11 декември 2024 година, 346-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 20 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]