Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда МL2.3. е регистриран рано изутринара во 01 часот и 36 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил на 47 километри југозападно од Скопје, а е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година


Северна Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот со усогласување на стратешките документи со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди, зајакнување на капацитетите за истрага и гонење кривични дела поврзани со тероризам, како и размена на информации за спречување на радикализација на насилството и напредок во реинтеграцијата на повратници од воените зони, […]

Започнува Винодонија 2024 – избор на вина и деликатеси од земјата и странство


Уште само неколку часа остануваат од почетокот на Винодонија 2024,  вински настан во Македонија, кој и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Салонот ќе се одржи во хотел Мериот, во Скопје, а ќе биде отворен за посетители денес (петок) и утре (сабота) од 15 до 21 часот. Со повеќе од 70 вински […]

АХВ: Од „тобако“ во Скопје уништени околу два тони небезбедна храна


По доставена иницијатива од граѓани за спроведување вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спровела контрола кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок. За утврдениот прекршок, соопштија денеска од АХВ, инспекциските служби на Агенцијата издале решение за уништување на […]

Се бара забрана за увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО 5“ стандард


Барање за забрана на увоз на користени возила постари од 10 години и под „ЕУРО 5“ стандард, и ограничување на увоз на нови возила со минимален „ЕУРО 6“ стандард упатија 10 граѓански организации, до Владата и нејзиниот претседател. Појаснуваат дека барањето е во насока на намалување на високото и живото-загрозувачко аерозагадување во земјава, причина за […]

Избор за „Жена на годината“


По 5-ти пат денеска ќе се одржи националниот избор за „Жена на годината“ во Македонија (www.zenanagodinata.mk), во кој со свои номинации годинава учествуваа дури 437 интернет корисници. За финалистките од секоја категорија потоа гласаше жири комисија составена од претставници од медиуми, образовни институции и истражувачки агенции. Организаторите на националниот избор, Маркетинг365 и Касиа Евентс, најавија […]

Едукативни работилници за сите љубители на виното на Винодонија 2024


Винскиот салон „Винодонија 2024“, кој ќе се одржи денеска и утре во Скопје, и оваа година нуди извонредна можност за сите љубители на виното да учествуваат во едукативни активности што ќе го збогатат нивното знаење и љубов кон виното. Програмата вклучува седум ексклузивни мастер класи и работилници, водени од реномирани домашни и светски експерти, кои […]

Без струја дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба


Без струја денеска ќе бидат дел од општините Центар и Карпош, додека без вода дел од Центар и Гази Баба. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел […]

Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност


Времето претпладнево ќе биде облачно со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени. Во […]

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазиците во март, уставните судии трпат закани и притисоци


Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски изјави дека е исклучително корисно одржувањето на подготвителни седници и дека тоа е еден од начините на кои тие ја градат довербата и ги уверуваат граѓаните во нивната непристрасност и независност. Најави дека подготвителната седница за Законот за употребата на јазиците најверојатно ќе се одржи во март откако Уставниот […]

МВР врши претреси во Судскиот совет, се бараат записници поврзани со мандатот на Дамева


Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, потврдија МВР и Јавното обвинителство. Претресот се врши за да се обезбедат два записници за проверка на евентуални елементи на кривично дело, како што појаснуваат од Обвинителството, во врска со мандатот на поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева.  -Полициски службеници по наредба на […]

Објавени добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“


  Иван Антоновски и Делвина Крлуку се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката. Атанас Костовски и Љупчо Јолевски се добитници на оваа награда за остварувања во областа на новинарството. Како што информира Министерството за култура и туризам, одлуките ги донел Одборот за доделување на […]

Штипски „Стипион“ за наредната година ќе набавува нови автобуси за градскиот превоз


Зголемен број на термини, линии до приградските населби, меѓуопштински превоз на патници до карбинските села и задоволни граѓани е исходот од функционирањето на градскиот линиски превоз во Штип, истакна денеска директорот на Јавното претпријатие „Стипион“-Штип, Панче Стефановски. Тој посочи дека за повеќе од една година набавени се нови возила, со кои граѓаните полесно и побрзо […]

ЈСП во катастрофална ситуација, триесетина автобуси денес останаа паркирани поради немање метан


Продолжува катстрофалната ситуација во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Потпретседателот на синдикалната организација при ЈСП, генерален секретар на „Спајс“, Меџит Идризи за МИА вели дека триесетина автобуси денеска не сообраќаат поради немање метан. Идризи, кој работи во ЈСП, појасни дека разбрал од колегите дека се повлекуваат во гаража, бидејќи немале метан. Според неговите информации проблемот […]

 Ќе се реконструира дворот и игралиштето во ООУ „Кочо Рацин“


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на одбележувањето на 80 години од постоењето на ООУ „Кочо Рацин“ најави низа реконструктивни зафати за училиштата, планирани за 2025 година, според нацрт-програмата усвоена на 42. Седница на Советот на Општина Центар. „Во текот на наредната година, во ООУ ,,Кочо Рацин” се предвидува партерно и хортикултурно уредување на дворот, […]

Се гради објект за старите автомобили на колекционерот Пашлаков за кој беше снимен и филм


 Се гради објект за педесетина стари автомобили на колекционерот Дионис Пашлаков за кој беше снимен и филм. Оваа информација ја потврди денеска за МИА, неговата сопруга Грозданка. Таа појасни дека по четири години од неговата смрт, семејството Пашлакови го исполнува неговиот аманет и гради современ музејски простор од околу 450 квадратни метри. – На едно […]

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски нема прецизна информација дали Владата планира да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.  -Знам дека претседателот на Владата го изјави тоа. Знам дека размислуваат сериозно на таа тема затоа што ги засега сите скопјани и тоа не […]

ЕУ одобри две регулативи за собирање и доставување информации за авиопатниците


Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ денеска одобри две регулативи за воспоставување и примена на рамката за собирање и предвремено доставување на информации за авионските патници (АПИ), со која се очекува да биде подобрена граничната безбедност на блокот и зајакната борбата против тероризмот и сериозниот криминал.  Според унгарски министер за внатрешни работи Шандор […]

СДСМ бара Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ


СДСМ ги повика Јавното обвинителство ДКСК да излезат пред јавноста и да соопштат што досега е преземено и до каде е случајот за скандалот со Бојан Христовски. -Додека гледаме како партиски инсталираниот директор на киднапирана Агенција за национална безбедност, Бојан Христовски е назначен и за асистент на факултет, а за скандалот околу неговиот избор молчат […]

Радомир Макеларски кум на „Бадник 2025“, здравичар Атанас Петров


Кум за Бадник 2025 година е Радомир Макеларски, стар скопјанец, економист по професија кој кариерата ја завршува во семејната фирма на неговиот брат „Макпримат“, а здравичар е Атанас Петров, дипломиран архитект и сопственик на фирмата „Торус инженеринг“. Од Одборот за традиционална прослава на Бадник денеска најавија дека традиционалното собирање на бадниковите гранчиња ќе се одржи […]