До 2050 година населението во Македонија ќе се намали за 17 отсто


Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители. Според процените на ОН населението во Република Северна Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е …

До 2050 година населението во Македонија ќе се намали за 17 отсто Read More »

Идната среда неработна за граѓаните од православна вероисповед


Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица – 28 август (среда) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјава, соопшти денеска Министерството за социјална политика, демографија и млади. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот. 

Отсега имотната состојба на функционерите ќе може да се проверува и во странство


Министерството за правда објави денес дека стапуваат на сила меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба и Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи.  Меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба  овозможува  директна административна размена на податоци и информации за …

Отсега имотната состојба на функционерите ќе може да се проверува и во странство Read More »

ОДАС бара од Град Скопје да обезбеди достапен и навремен јавен превоз за учениците и студентите


Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите – ОДАС од Град Скопје бара до почетокот на учебната година да обезбеди автобуси кои ќе сообраќаат навремено и ќе бидат достапни за учениците и студентите да може непречено да одат на настава. Во допис до медиумите ОДАС укажува дека „нефункционалниот и несигурен јавен превоз може …

ОДАС бара од Град Скопје да обезбеди достапен и навремен јавен превоз за учениците и студентите Read More »

Струмица пред Скопје добива електричен јавен превоз


Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз. По тој повод во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси. На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“. Инаку, …

Струмица пред Скопје добива електричен јавен превоз Read More »

Левица: Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците


„Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа денеска ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје! Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз …

Левица: Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците Read More »

Без струја делови од Гази Баба, Сарај, Арачиново и Илинден


 Дел од корисниците од населба Железара во општина Гази Баба и  објектите околу градинката, од 8 до 12 часот денеска ќе немаат електрична енергија.  Како што информира РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 8 до 9 часот утрово струја ќе немаат дел од корисници од село Крушопек во општина Сарај, од 9:30 …

Без струја делови од Гази Баба, Сарај, Арачиново и Илинден Read More »

Сончево и топло со слаб северен ветер


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до …

Сончево и топло со слаб северен ветер Read More »

Астрономски календар


Денеска е петок, 23 август 2024 година, 236-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 130 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 50 минути, а ќе зајде во 19 часот и 22 минути. Денов трае 13 часа и 31 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани


Врховниот суд денеска донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани со кое се укинува Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување и постапување. -Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил …

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани Read More »

Поставен камен темелник на спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец


Во дворот на основното подрачно училиште „Кочо Рацин“ во населеното место Огњанци во Општина Петровец, денеска беше поставен камен темелник на нова спортска сала. Спортската сала е со површина од 470 метри квадратни, а средствата во вредност од 12.000.000 денари се обезбедени од Министерството за образование и наука,  како и 6.000.000 денари од општинскиот буџет. …

Поставен камен темелник на спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец Read More »

Владата ќе даде пари да се „крпат“ неисправни автобуси, за БТР системот и за долгот ќе се почека


Да се изгласа програмата за вработување 120 сезонски работници за ЈП „Комунална хигиена“ за да може да со собира подобро сметот, да се изгласа програмата за набавка на нови автобуси, да се врати долгот од 8 милиони евра за бесплатниот превоз за студентите што испадна дека го плаќа ЈСП а не тие што го утврдија …

Владата ќе даде пари да се „крпат“ неисправни автобуси, за БТР системот и за долгот ќе се почека Read More »

Валидаторите кои сега се инсталираат во возилата на ЈСП не се наши, велат од „Маргенто“


Словенечката компанија „Маргенто“ реагираше по повод фотографии објавени во македонските медиуми:  Во вчерашните објави во медиумите актуелните проблеми со системот за електронска наплата на билети и нефункционалните валидатори во возилата на ЈСП неоправдано се поврзуваат со компанијата Маргенто од Словенија, преку објавување фотографии од валидаторите од наше производство. Како општествено одговорна компанија сакаме да ја …

Валидаторите кои сега се инсталираат во возилата на ЈСП не се наши, велат од „Маргенто“ Read More »

Мицкоски виде политичка заднина во барањето на ССМ за минималната плата, го оспори и легитимитетот на Трендафилов


  Премиерот Христијан Мицкоски смета дека во барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците. Тој денеска одговарајќи на прашања на новинарите по поставувањето камен темелник на изградба на спортска сала во населено место Огњанци, во Општина Петровец, рече дека имало …

Мицкоски виде политичка заднина во барањето на ССМ за минималната плата, го оспори и легитимитетот на Трендафилов Read More »

Покачување на платите на наставниците ќе има кога државата ќе може, вели министерката Јаневска


Ако некој сака наставниците да имаат подобар стандард тоа сме јас како министер и нашата Влада. Меѓутоа, јас не сакам да им се зголеми платата 3 отсто, јас сакам да им се зголеми за 30 отсто уште утре кога тоа би било можно, рече денеска министерката за образоване и наука Весна Јаневска во одговор на …

Покачување на платите на наставниците ќе има кога државата ќе може, вели министерката Јаневска Read More »

„Лајка“ ги повикува граѓаните да пријавуваат носење кучиња во Скопје од други локации


„Лајка“ ги повикува граѓаните да пријавуваат носење кучиња во Скопје од други локации. „Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња на одредени локации, локации каде имаме прецизен увид на постоечката популација на улица која е стерилизирана, и повеќе од очигледно е дека станува збор за организирано дислоцирање на кучиња. Неретко станува збор за …

„Лајка“ ги повикува граѓаните да пријавуваат носење кучиња во Скопје од други локации Read More »

Три бронзени медали за македонските информатичари на Европската јуниорска олимпијада во Молдавија


Македонските ученици Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Марко Кренков од Струмица освоија три бронзени медали на осмата Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2024), која од 16 август до 22 август 2024 година се одржува во Кишињев, Молдавија.  Како што информира денеска Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), се работи за …

Три бронзени медали за македонските информатичари на Европската јуниорска олимпијада во Молдавија Read More »

Сите велат дека гласале, програмите неизгласани во Град Скопје


 Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје, пред почетокот на средбата на координаторите на советничките групи рече дека очекува  да биде предложен определен план што  треба понатаму да се изгласа. Според него СДСМ биле конструктивни и гласале и поддржувале предлози на градоначалничката, а за тие што не гласале имале став и образложенија. Но, генерално …

Сите велат дека гласале, програмите неизгласани во Град Скопје Read More »