На Попова Шапка има 70 сантиметри снег


Утрово е најстудено на Попова Папка, -5 степени, каде има и најмногу снег, 70 сантиметри. Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -4 степени во Маврови Анови и Крушево, -2 во Берово, -1 во Битола, Тетово, 0 во Куманово, Крива Паланка и Кавадарци, 1 во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Претор и Прилеп, 2 во […]

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка, непрооден дел од патот кон ГП Голема Црцорија – Голеш


Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија – Голеш“ на околу 600 метри пред преминот, односно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, не е прооден од снежни наноси и навеви од снег, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните […]

Презентација на постер насловен „Зборуе Радио Скопје“ за 80-годишнината на Македонското радио


По повод 80-годишнината од почетокот на работата на Македонското Радио денеска во Скопје ќе биде презентиран пригоден свечен постер насловен „Зборуе Радио Скопје“. -На 27 декември, во предвечерјето на овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура, Канал 103 во соработка со Партизанска штампа, 5060 и Фликер студио, го претставува пригодниот свечен постер во […]

Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства


Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава за МИА, пред новогодишните и божикните празници.   – Редовно земање на терапија кај хроничните болни, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, велат […]

„Зоки Поки“, „Сказна за детето Вилен“ и „Белото циганче“ на Брајово писмо


  Во Спомен-собата на Миладиновци ‒ „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе бидат промовирани на книгите на Брајово писмо „Приказни за Зоки Поки“ од Оливера Николова, „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „Белото циганче“ од Видое Подгорец, како дел од одбележувањето на 200 години од Брајовото писмо […]

„Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ – музичко-сценска изведба во „Литература“


Во продукција на „Музичка кутија“, денеска во Скопје ќе биде изведена музичката претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“. „Музичка кутија“ е нова продукција којашто се занимава со музичко-сценски изведби наменети за деца од 5 до 13 годишна возраст. Станува збор за едукативни проекти со автентични, оригинални приказни (сценарија) и избор од класична […]

Предновогодишна забава на Боемска во општина Центар


Општина Центар денеска на Боемска 1 организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани. Како што информираат од Општината, во 11:00 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е обраќање на градоначалникот на […]

Променливо облачно и студено со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви […]

Затворени пет приватни научни институти, соопшти Јаневска


 Затворени се пет приватни научни институти, а кај 15-тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, за што, информираше вечерва министерката за образование и наука Весна Јаневска во емисијата „За или […]

Електронско издавање на уверение за државјанство во секое време, достапно преку uslugi.gov.mk


Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk „Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална […]

Конститутивна седница на Советот за социјална сигурност


Конститутивна седница на Советот за социјална сигурност се одржала денеска, на која за негов претседател бил избран Фиданчо Стоев од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека целта за формирање на Советот е заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и […]

Македонска музика за дочекот на Новата година на скопскиот плоштад


Друштвото за организирање на забавни манифестации „Спектаклум” , заедно со Град Скопје, во пет до 12, кани на прославата на најлудата ноќ на градскиот плоштад ,,Македонија” во Скопје, од 19, 30 часот. За добрата Новогодишна забава ќе се погрижат ,,Sarah Mace & The Girlzz”, ,,Љубојна”,  ,,Ареа” и ,,Нокаут”.   Музичките уметници кои лани за Нова Година […]

„Волшебна елка на желби“ во Скопје


Во рамки на предновогодишниот настан „Волшебна елка на желба“, денеска околу 160 деца без родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства добија подароци и новогодишни пакетчиња.  Црвениот крст на Град Скопје и годинава ја организираше „Волшебна елка на желба“, а посакуваните подароци – новогодишни желби беа поделени во Трговскиот центар „Рамстор“. – На почетокот на декември, […]

Битола: Обвинителството ја отфрли кривичната пријава за градоначалникот за „Битфест 2024“


  БИТОЛА – Основното јавно обвинителство од Битола ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот Тони Коњановски за отворањето на годинешното издание на битолското културно лето „Битфест“. Кривичната пријава беше поднесена анонимно од граѓанин со цел да се испитаат наводите дали имало незаконитости  во организацијата околу отворањето на битолското културно лето со музичкиот спектакл „Ѕвездена симфонија“. […]

ДКСК се правда, немала надлежност да спроведува истрага


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) при разгледување на предметите фактите ги утврдува преку информации кои ги прибавува од други надлежни институции и при носењето на одлуките постапува исклучиво во рамките на законските надлежности, информираат од Антикорупциска, посочувајќи дека во однос на предметот за директорот на АНБ, што се однесува на оспорената факултетска диплома, […]

Концерт што не смее да се пропушти – Нокаут и диџеј Александар Јорданов утре на „Боемска 1“


Општина Центар, во петок 27 декември организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на „Боемска 1“. Во петок, во 11 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е […]

Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2025


Пријавувањето за 21. издание на Виз Ер Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година почна денес. Заинтересираните можат да се пријават преку официјалната веб-страница на маратонот на линкот http://skopskimaraton.com.mk.  Повторно ќе има четири трки: маратон, полумаратон, трка на 5 километри и штафетен маратон. Првиот рок за пријавување по најповолна цена е […]

Струга и годинава без организиран пречек на Нова година


 Струга и годинава нема да има организиран пречек за Нова година. Во пресрет на новогодишните празници градот е украсен онака како што доликува на една туристичка дестинација. Светилки и новогодишни реквизити блескаат низ централното градско подрачје, Чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим. На Чаршискиот мост, традицинално е поставена новогодишната елка. За најмладите […]

Валентин Мирчески претседател на комисијата за одликувања на Сиљановска


  Професорот на Инситутот за хемија на Природно-математичкиот факултет, Валентин Мирчески, е именуван за претседател на Комисијата за одликувања и признанија на шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. За членови на комисијата се именувани Гзиме Старова, Самуел Садикарио, Андријана Јаневска, Ана Дурловски, Решат Амети, Дејан Георгиевски, Евгенија Теодосиевска, Жарко Башески, Оливера Наковска-Бикова и Весна Петрушевска.

Џез, вино и костени, предновогодишна вечер за скопјани


Градоначалникот Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на настанот „Џез под ламба“ кадешто беа изведени македонските евергрини во џез верзија на Искра Србиновска квартет. „Синоќа, Скопје беше обвиено во звуците на македонските евергрини, мајсторски преработени во џез верзии од Искра Србиновска квартет. Во предновогодишна атмосфера, со убави разговори и многу позитивна енергија, заедно го одбележавме културниот настан […]