„Фокус“: Приведен е Јован Деспотовски, поранешен директор на ТИРЗ


Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, неофицијално дознава „Фокус“. Деспотовски, неофицијално, бил уапсен од страна на Управата за финансиска полиција, се вели во веста на „Фокус“.

„Од смогот не се гледа иднината“: Протест против загадувањето


Во Скопје денеска се одржа вториот протестен марш против аерозагадувањето, организиран од иницијативата „Зелен хуман град“. Граѓаните маршираа од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Собранието и Владата, до бараките на Град Скопје, носејќи транспаренти со пораки како „Сакаме чист воздух“ и „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“. Тие ги повторија […]

Македонските мировници и нивните семејства на предновогодишно дружење преку видео-конференциска врска


Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец преку видео-конференциска врска разговараа со македонските мировници ангажирани во мировни мисии и операции во странство. Во присуство на стотина членови на семејствата на мировниците, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека […]

Македонски активисти ги израдуваа децата од Голо Брдо со новогодишни пакетчиња


 Поранешниот градоначалник на општина Пустец и голем поборник за правата на Македонците, Едмонд Темелко, заедно со македонските активисти, Елена Симоновски од Тирана и Бесник Хасани од Голо Брдо, денеска го посетија Требиште, најголемо село во областа и ги израдуваа најмладите со новогодишни пакетчиња. Темелко не го крие задоволството од, како што вели, реализираната заедничка цел […]

Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето


Втор протестен марш против аерозагадувањето се одржува во моментов во Скопје на иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува кон Собранието на Република Северна Македонија и кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје. Од „Зелен Хуман Град“ имаат имаат четири конкретни […]

Општина Дојран ги ослободи сите деца од плаќање за престој во градинка


На предлог на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, Советот на Општината донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка за сите дечиња, односно Дојран за првпат обезбедува таква социјална услуга за сите дечиња согласно капацитетот на градинката. Според градоначалникот Ангов, ова е социјална мерка со која во време на голема инфлација […]

Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти


 Советот на Општина Центар на 43. седница со 18 гласа „за“,  два „воздржани“ и ниеден „против“, го усвои буџетот за 2025 година. Проектираниот основен буџет е рекорден, со вкупна сума од 1.086.250.000 денари. Од овој износ, дури 45 проценти се наменети за капитални проекти, додека преостанатите 55 проценти ќе се користат за тековно и оперативно […]

„Вино и винил“ денеска на Сараиште во Охрид


На месноста Сараиште во стариот дел на Охрид за денеска е закажано третото издание на Новогодишниот базар „Вино и винил“, во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“. Настанот е од хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе бидат донирани за акцијата „Пакетчиња за сите дечиња”. Покрај останатото, за посетителите се обезбедени греано вино и […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови


Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 километри на час. Изутринава времето е сончево со мала до умерена локална облачност. Најстудено беше на Попова Шапка кае е измерена температура од – 7 степени Целзиусови по што следат Крушево со […]

Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен и превоз од Кавадарци


 Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен е и превоз од Кавадарци, од страна на  јавното претпријатие „Градски превоз”, по официјален возен ред што ќе биде објавен деновиве.  Градоначалникот Митко Јанчев вели дека од оваа зимска сезона, овде ќе може да се ужива во зимските спортови, покрај во убавините на природата на Кожуф планина. […]

Прекинато водоснабдувањето за корисниците на ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“


 Корисниците од ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект од Ф-60мм на ул. „Атанас Бабата“ 10 во населба Чаир, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до санирање на дефектот.

Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје


Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, денеска ќе одржи протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Република Северна Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје. – Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор […]

Собраќајното решение за крстосницата на булеварот „Васко Карангелевски“ заглавено во лавиринтите на институциите


Поради институционалниот ќорсокак на локалната самоуправа, Град Скопје и Секторот за внатрешни работи (СВР), крстосницата на булеварот „Васко Карангелевски“ и улицата „Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром е без вертикална сообраќајна сигнализација и претставува опасност за сите учесници во сообраќајот, особено загрозувајќи ја безбедноста на 1.400 ученици од ООУ „Љубен Лапе“ кои секојдневно ја поминуваат.  Од […]

Видео-конференциска врска со македонските мировници


Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видео конференциска врска со македонските мировници во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата. Претседателката и врховен командант на Армијата Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана […]

Наутро студено и магливо, преку ден сончево


Времето денеска изутрина ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година на авторите Методи Хаџи-Андов, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев и Димитар Стефановски, од проектантското биро „Параметар студио“, за проектот Мултинаменски комплекс во општина Петровец, Скопје. Големата годишна награда традиционално ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на претседателот […]

Обвинителството контра Тошковски: Немаме известување дека Васко Ковачевски е недостапен


  До Обвинителството и предметните обвинители до денеска нема доставно документ дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, реагираат од Основото јавно обвинителство на изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој претходно денеска рече дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, кој е […]

Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка


Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Pаланка во атарot на Младо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово. Седуммина биле повредени, петмина полесно, двајца биле задржани во Oпшта болница Куманово, соопштија од итна помош Куманово. Сообраќајната несреќа во полицијата била пријавена во 12:15 часот. – На магистралниот […]

Изборот на Националната комисија за учебници што треба да го врши Владата отвора простор за политизација и манипулација


  Собранието попладнево во рамки на 28-та седница го донесе Законот за престанување на важењето на Законот за основање национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија. За некои точки од дневниот ред немаше претрес и произнесување зашто се уште течат комисиските расправи, а за некои, како што истакна потпретседателот на Парламентот Антонио Милошоски, дополнително […]

Врне снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот


 Врнежи од снег со послаб интензитет вечерва има во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информира АМСМ. Се уште важи забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по […]