Бадник одбележан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје


  Верскиот празник Бадник, ден пред Христовото раѓање, Божик, беше одбележан денеска во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Традиционалниот настан започна со химна и подигнување на бадникарско знаме. Свештени лица извршија осветување на бадникови гранчиња, но и на кумовата погача, што подоцна беше поделена помеѓу присутните. Беше примопредаден и бадникарскиот ќуп. Пред присутните […]

Запалено возилото на дописничка на „Сдк“, ЗНМ бара итна истрага


  Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на порталот „Сдк“, Сузана Вренцовска, од Охрид. Возилото било запалено на 5 јануари 2025 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. […]

Скопје и денеска најзагаден град во Европа


Скопје и денеска е најзагаден град во Европа. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, главниот град се наоѓа на петто место во светот со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 172 единици измерени во 12 часот. Со овие вредности воздухот во градот е категпоризиран како „нездрав“. Веднаш зад […]

Малите дечиња ја пренесоа Божикната радост во Прилеп


Оваа година, под мотото: “Пренеси ја Божикната радост до секое срце!”, беше продолжена традицијата на „Бадникови поворки“ во Прилеп. Низ улиците на градот, насекаде се слушаа звуците на детски гласови кои пееја песни исполнети со надеж и благодарност, најавувајќи го раѓањето на Исус Христос и носејќи пораки за љубов и мир. – Со срце исполнето […]

Бадникова поворка во Кавадарци


Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот бог“, денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци. Поворката, што по осми пат се организираше во градот, тргна од црквата “Света Петка“, помина преку централното градско подрачје и стигна до градскиот плоштад. Пред зградата на општината, децата со подароци ги пречека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Бадник […]

Граѓани масовно се приклучија на Бадниковите поворки во Кисела Вода


Граѓани масовно се приклучија на Бадниковите поворки што тргнаа од пред општината Кисела Вода. Меѓу нив има и возрасни и деца, а целта е да се приклучат на останатите верници кои ќе го одбележуваат празникот пред главниот соборен храм во Скопје. Бадниковите поворки денес ќе се одржат во 80 населни места вклучувајќи ја и дијаспората. […]

Скопје утрово најзагаден град во Европа, петти најзагаден во свет


  Скопјани утрово го дишат најзагадениот воздух во Европа. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово се наоѓа на петто место во светот по загаденост. Фото: Принтскрин, IQAir Најзагаден град во светот е Лахор, потоа следуваат Делхи, Ханои и Чонгкинг. Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во […]

Синдикатот бара измена на Законот за мобинг, од 2013 година досега 25 обраќања до ССМ по овој основ


Измените на Законот за заштита од вознемирување на работното место или носењето на нов закон останува отворено прашање иако иницијативата за измени е започната уште пред три години. Од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА велат дека постапката за анализа на потребата од изготвување на нов закон е почната и е формирана […]

Без вода дел од Студеничани


Поради уличен дефект денеска без вода се корисниците од улиците 1 и 2 во село Студеничани. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека водоснабдувањето е  прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.

Прилепчанката Јакелиќ со безгранична љубов за своите и за згрижените деца


За празниците е најрадосна. И за католички, и за православен Божик. И за Нова Година. Прилепчанката Соња Јакелиќ го „светна“ домот. За своите четири деца, за четирите внуци и за двете деца згрижени во нејзиниот дом. А низ годините ги имала барем десетина згрижени. Соња Јакелиќ веќе 20 години згрижува деца без родителска грижа. Досега, […]

За Бадник студено утро, сончево преку ден


Времето денеска наутро ќе биде студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку ден се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност, да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 6 до 12 степени. […]

Синоќа почувствуван земјотрес


Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во Скопје и северозападните делови од државата.  Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 23:12 часот со епицентар на 24 километри северозападно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени.

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок


Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември бил покриен со околу 30 000 контроли кај оператори во рамки на редовните, вонредните и реализирани надзори. Како небезбедни се уништени педесеттина тони храна, за отстранување поради утврдени недоследности се издадени околу 2 000 решенија, а изречени се […]

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации


 Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник  ќе се одржат повеќе манифестации. Свечен собир на Кумовите бадникари ќе се одржи на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадниковите поворки од пред Оштина Кисела Вода, по ул.„Петар […]

Салата „Работнички“ по 50 години целосно се реновира


Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на неговиот Фејсбук профил информираше дека салата Работнички се реконструира во пон ек и според највисоки стандарди. „Култната сала Работнички ќе блесне во ново руво! Реконструкцијата се одвива во полн ек и според највисоки стандарди. Го прошируваме теренот, наместо бетонски клупи поставуваме нови седишта, соблекувални, туш кабини, подно греење, кров […]

Сообраќајот околу Мавровското езеро нормализиран, од Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила


Метежот и колоните од автомобили кои попладнево се сосзадоа по локалниот пат околу Мавровското езеро се расчистени и сообраќајот се одвива во зимски услови. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи за МИА потврди дека вакви состојби се појавуваат во период кога има зголемен број на туристи. – Вообичаено во зимскиот период сообраќајот се регулира со […]

Итната помош со зголемен број повици


Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на […]

И вечерва ќе горат огнови, и покрај загадувањето


И покрај аерозагадувањето, на многу места низ Скопје и ширум Македонија вечерва ќе се палат традиционалните коледарски огнови. Од Владата нема никаков апел, а молчат и општините иако изминатите денови Скопје беше најзагаден ден во светот. Се множат прославите надвор од МПЦ и празникот место да биде верски, се повеќе добива други форми.  Официјалното одбележување […]

Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното пред два дена во Скопје


Скопје пред два дена беше најзагаден град во светот, и еве веќе втор ден свети на портокалово, односно табелата покажува дека воздухот е нездрав за хронично болните и децата иако се наоѓа на 29 место во светот според табелата на загаденост на „Ај кју аир“ Како што расте бројот на малигни заболувања во Македонија, делумно […]