Без вода Ново Село, Волково, Кисела Јабука, Орман и Никиштани


„Водовод и канализација“ известува дека денеска, поради дефект на улична цевка од ф 400мм на ул.2 „Ново Село“ бб, без вода ке останат корисниците од Ново Село, Волково, Кисела Јабука, Орман и Никиштани. Водоснабдувањето ке биде прекинато од 9 часот до завршување на интервенцијата.

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка


Утрово е најстудено во Берово, -3 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 39 сантиметри.  Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени и -1 степен во Битола, 0 Попова Шапка, Лазарополе, 1 Крива Паланка, Штип, 2 Скопје-Петровец, Струмица, Куманово, Кавадарци, Прилеп, Претор, 3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Тетово, Охрид, 4 Крушево, Велес, Виница, […]

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата


Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80м. на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 – […]

Сончево и релативно топло, по котлините магла и ниски облаци


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 6 […]

Почина кучето Феликс кое што крвнички беше претепано со метална шипка


Почина кучето Феликс кое кон крајот на ноември 2024 година беше крвнички претепано со метална шипка. Оваа информација денеска ја споделија од ЈП „Лајка“. Оттаму појаснија дека кучето имало бројни подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови, добило напад кој за него бил фатален како резултат од многу здравствени […]

Од денеска штрајк на вработените во Државното правобранителство


Вработените во Државното правобранителство од денеска стапија во штрајк барајќи потпишување на колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти.  Од Синдикатот на УПОЗ велат дека се штрајкува во сите правобранителства во државата и дека штајкот ќе трае до исполнување на барањата.  Следниот вторник, на 14 јануари, се […]

Мијалков излегува од „ферари“ во Монако пред славниот ресторан „Луј 15“


  Додека во Македонија се водат дебати за тоа како избега Артан Груби,  а САД го ставија на црна листа него и апелацискиот судија Енвер Беџети поради корупција поврзана со случаите на Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е снимен како излегува од луксузно црвено „ферари“ во Монте Карло, Монако. „Ферарито“ […]

Ќе се мијат улици во Скопје и ќе се отстрануваат дизел возила од улиците за да се намали аерозагадувањето


Во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички  со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на метар кубен и неповолни временски услови што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)  ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно […]

Куманово повторно со високо аерозагадување, општината со препораки


За осум дена, втор пат надлежните институции издадоа предупредување и препорачаа мерки за намалување на аерозагадувањето во Куманово. Денеска од општината, повикаа да се почитуваат повеќе мерки поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10, измерени на 6 и 7 јануари, годинава, со среднодневни концентрации над 100 μg/m3. […]

Мехмедовиќ: Засега нема најава за заседавање на Комисијата за заразни болести


Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, изјави попладнево за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ. Тој нагласи дека нема простор за паника ниту кај нас, ниту каде било. – Вирусот е стар. Вообичаено циркулира во зимските месеци. Не треба да се очекува дека ова […]

Кривична за поранешен началник на воздухопловство кој го оштетил Буџетот на МВР за над 926.000 денари


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење […]

Скопје најзагадено во свет, за Владата недоволно за прогласување алармантна состојба


Скопје е најзагаден град во свет, но за министерот Изет Mеџити тоа не е доволно. Според соопштението од неговото Министерството за животна средина, се уште не е исполнет условот за прогласување на аларманта состојба поради загаден воздух. „Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е дефиниран со „Уредбата за изменување и […]

ВМРО-ДПМНЕ го решава загадувањето – плукајќи по СДСМ!


Додека Скопје со денови урива рекорди во загадување и тоа во светски рамки, а граѓаните не можат да дишат и ги полнат болниците, од Владата и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема никакви најави што ќе се преземе како мерка и место тоа се раскажуваат теории како би требало да се решава проблемот и кој бил крив, […]

Утре стабилно време, викендот снег


 Утре ќе се задржи стабилно време со слаб до умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе продолжи постепено топење на снежната покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а […]

Струмица повторно алармантно загадена – на сила мерки за заштита на населението


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е […]

(Фото) Пожар во ресторан кај руската амбасада


Во центарот на Скопје, во близина на руската амбасада, утрово избил пожар во еден ресторан.  Според фотографиите од местото, може да се забележи присуство на противпожарно возило, но и зголемен број полициски службеници.   

Без струја од село Пакошево, кон Ново Село во општина Зелениково


 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од село Пакошево, кон Ново Село (општина Зелениково). Како што информираат од РЦУК, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 10.00 до 15.00 часот. 

Груби ќе добие отказ од работното место на Тетовскиот универзитет


Тетовскиот универзитет ја започнал законската постапка за разрешување на Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство. Според Сафет Емрули – декан на Правниот факултет, Груби, поради вршењето јавна функција до август 2024 кога се вратил на работа, го ставил во прекин работното место на Универзитетот, но неколкудневното отсуство без да даде објаснување […]

Утринските температури насекаде над нулата, освен во Берово со -1 степен


 Температура под нулата утрово е измерена само во Берово, -1 степен. Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 2 степена на Попова Шапка, во Крива Паланка и  Штип, 3 степени во Струмица, Кавадарци, Велес, Куманово, Лазарополе и Виница, 4 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп и Маврови Анови, 5 во Битола и […]

Сообраќајот тековно, во зимски услови


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Мостот на рекаta Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен […]