Дваесет и пет нови случаи на голема кашлица, петмина хоспитализирани, вкупно 1.074 заболени
Дваесет и пет нови случаи на голема кашлица се евидентирани од 30 август до 5 септември, со што вкупниот број заболени во државава се зголеми на 1.074, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Најголем дел од новите случаи се пријавени во Скопје – 14, а петмина заболени се …