Познат хирург од Битола уапсен како зема поткуп од пациент


  БИТОЛА – Полицијата уапси познат хирург од Битола поради тоа што примил поткуп од пациент. „На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по […]

Мицкоски: Има патриоти ИТ експерти кои ќе работат на сајбер безбедност


Македонија кубури со експерти по информациски технологии, кои се потребни за сајбер безбедноста да се подигне на повисоко ниво и тоа во речиси сите владини и други институции, но премиерот Христијан Mицкоски е убеден дека има патриоти кои би работеле за пониска плата од таа што би ја земале во приватниот сектор.    – Апсолутно […]

Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека утрово, Општина Центар заедно со директорот Душко Коцевски и вработените на јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар – ПОЦ ги исчистија јавните површини во населбата Маџир маало кадешто надлежност има градот Скопје. „Вчера, веднаш се мобилизиравме и еве утрово спроведуваме голема акција за чистење на нашата општина. Ја исчистивме населбата […]

Без вода корисниците на неколку улици во Општина Гази Баба поради уличен дефект


Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје соопштија дека денеска поради уличен дефект на ул. „Париска Комуна“ 29 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од улиците „Жан Жорез“, „Беровска“ и „Пехчевска“. Прекинот со водоснабдување ќе почне од 10.20 часот до завршување на работните обврски.

Струмичани в сабота на протест заради загадениот воздух што го дишат


Граѓаните на Струмица, во сабота на 1 февруари, ќе протестираат заради отровниот воздух што го дишат. Жителите на градот, кој зимава имаше на двапати надминување на прагот на алармирање заради лошиот квалитет на воздухот, ќе маршираат низ струмичките улици како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со загадувањето, заради кое Струмица високо […]

Село Драчево без вода, без струја дел од Кисела Вода, Центар, Карпош и Побожје


Од 09:30 часот утрово без вода ќе бидат корисниците од село Драчево поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на улицата „Речиште“ бб, информира РЦУК – Скопје. Прекинот ќе трае до завршување на зафатот. Според РЦУК – Скопје, во текот на денот ќе има и прекини на струја. Од 09:00 до 15:00 часот електрична енергија […]

Променливо облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до […]

Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре


Намалена е видливоста поради магла од 100 – 150 метри на патните правци околу градот Битола и од 20 – 30 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка до село Гајре, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури […]

По пет години настава без учебници по странски јазици, МОН започна постапка за нивна набавка


По цели пет години настава по странски јазици без учебници во основното образование, новото раководство на Министерството за образование и наука и на Педагошката служба ја започнаа постапката за набавка, со цел истите да бидат обезбедени за следната учебна 2025-2026 година, велат од МОН. На јавниот повик  кој е изработен согласно одредбите од новиот Закон за учебници […]

Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование


 Здружението на социолози на Република Македонија реагира на предложениот текст на новата Нацрт концепција за реформа на гимназиското образование, изработена од Бирото за развој на образованието, укажувајќи дека слични активности и „реформи”  се одвиваат подолг период, а со кои, како што велат „директно се засегнати социолозите и нивниот статус во македонското образование на сите нивоа“. […]

Филипче: Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. – За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо […]

На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години


На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје во текот на 2024 година имало 73 новорегистрирани лица со рак на грло на матка, информираше денеска директорот Игор Стојковски на прес-конференција, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката. Според Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, опфатот со ХПВ вакцинација во последните […]

Мицкоски: Промена на имиња на улици во Тетово не може да се случи еднострано


  Премиерот Христијан Мицкоски за најавата на тетовскиот градоначалник и претседател на Движењето Беса, Билал Касами, за промена на имињата на улиците во Тетово и без консензус, нагласи дека тоа не може да се случи и доколку се случи, како што рече, како претседател на Владата нема да разгледува таква точка. „Прво, не може да […]

Недостигаат лекови за 40 до 60 пациенти на Онкологија


Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски, рече дека повеќето од пациентите што се третираат ја примаат потребаната терапија. „Повеќето ја примаат терапијата и се третирани со хемотерапија, радиотерапија, билолошка терапија. Во моментот недостигаат лекови како дел од третманот за 40 до 60 пациенти. Верувам дека ќе ја обезбедиме во најбрз временски […]

Касами: Некои имиња на улици ќе останат, но што има Тетово со Кавказ?


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами од денешниот брифинг заедно со директорите на претпријатијата и раководителите на сектори одговори на писмото на Сојузот на борци кои му порачаа да не се менуваат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите. Касами рече дека тоа е минато време и систем, а имињата на улиците ќе рефлектираат […]

Судењето за злоупотреба на спортските ваучери почна одново


По промена на судечкиот совет, Во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за кое се обвинети 12 лица меѓу кои поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Сите 12 обвинети, на денешното рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни. Воедно, дел од […]

Повик за бојкот на маркетите и во Македонија – „Попусто попусти!“


Преку социјалните мрежи во последните два дена се шири повик за бојкот на маркетите низ земјава во петок, поради високите цени на храната. На социјалните мрежи се проширија и две илустрации со кои се повикува на бојкот на 31 јануари (петок). Поддршката за идејата за бојкот на маркетите што се рашири низ социјалните мрежи расте […]

Штипскиот хотел „Гарни“ оди на продажба за само 500.000 евра


Хотелот „Гарни“ кој е сопственост на Општина Штип ќе оди на повторна продажба. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова истакна дека направена е нова проценка на вредноста на хотелот „Гарни“. -Согласно методологијата изнесува над 31 милион денари и тоа би било почетната цена за продажба на хотелот „Гарни“. Советот на Општина Штип донесува одлука и […]

Заштита на личните податоци-клуч за правата на поединците и развој на правосудниот систем


Правото на приватност и заштита на личните податоци се фундаментални права на секој поединец, кои мора да бидат заштитени и почитувани во сите сфери на животот, вклучувајќи го и правосудниот систем. Одбележувајќи го Европскиот ден за заштита на лични податоци,  министерот за правда Игор Филков во своето обраќање  на настанот „Правна рамка на ЕУ за […]

Од утре дожд, на некои места пороен


Во среда и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни, соопшти УХМР. Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Во петок и сабота ќе […]