Службен весник одбележува 80 години постоење


 Во Скопје денеска ќе биде одбележан јубилејот – 80 години ЈП Службен весник на Република Северна Македонија. На одбележувањето на јубилејот, како што е најавено, обраќање ќе има и заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски.

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во раните утрински часови се бележат во Страцин, Кочани и Демир Капија, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на планинскиот превој Буково, информираат од […]

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи


Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во здравствените установи, особено во однос на користењето лична заштита – носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца, каде е возможно. Ова се превентивните мерки за спречување на ширење […]

Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата


Градоначалникот Горан Герасимовски, информираше дека на вчерашната заедничка обиколка со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски се отворила темата за поставување камери во општините за да се намали уништувањето на спортските и детските игралишта. „Со министерот разговаравме да се разгледа можноста преку Безбеден град, покрај поставување камери на […]

За 1.000 денари поевтини сметки за струја за две категории семејства


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани. Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Министерството за социјална […]

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада


 Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители. -На утрешната владина седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како […]

Меџити разрешил професор и специјалист по неврологија од раководител и го постави на оддел каде никогаш не работел


Професор доктор Иван Барбов долгогодишен невролог специјалист, денеска е разрешен од раководител на одделението за невромускулни заболувања на државната Клиника за неврологија и поставен за обичен невролог на оддел за паркинсонова болест од страна на директорот и поранешен министер за здравство Фатмир Меџити, пишува Слободен печат. Доктор Барбов одбил да го прими решението за прераспределување после […]

Од среда намалување на облачноста и ниски утрински температури


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени. Во Скопје променливо […]

Левица поднесе кривична пријава против директорот на „Македонија пат“ што уби мечка, а уште седи на функцијата


  Левица поднесе кривична пријава против заменик-директорот на „Македонија pат”, Сашо Дранго, поради сторено кривично дело незаконит лов, казниво по член 238 ст.(4) од Кривичниот законик.   „Пријавениот во декември 2024 год., додека бил на лов, иако како ловец знаел или требало да знае дека согласно Законот за дивечот и ловството трајно е забранет ловот […]

За Галетановски „приказни за мали деца“ се тврдењата дека овците се отруле од Свето дрво


 Ѓорги Галетановски, поранешен директор на Зоолошката градина во Скопре, која во време на неговиот мандат бележеше значителна модернизација и подобрување на животните услови на станарите на градината е затекнат од веста дека берберските овци се отруле од Свето дрво. Тој бара да се запре со шпекулации се додека Агенцијата за храна и ветеринарство не си […]

Битолското обвинителство влезе во домот на Сашо Дранго


  БИТОЛА – Битолското обвинителство направило претрес во домот на Сашо Дранго, заменик- директорот на „Македонијапат“, по истрагата за фотографијата со отепаната мечка. Оваа недела Дранго ќе биде повикан на распит во обвинителството да ја каже намерата за објавата на фотографија со оружје в рака и со мртвата мечка. Што е најдено при претресот кај […]

ЛДП бара одговорност за умрените животни во Зоолошката градина


По последното, којзнае кое по ред угинување на животни во зоолошката градина во Скопје, Градската организација на Либерално-демократската партија (ЛДП) бара одговорност и како директни виновници ги посочува раководството на Зоолошката градина во Скопје и градоначалничката Данела Арсовска. „Во вторникот на 11-ти февруари, при утринска контрола во Зоолошката градина затекнати се угинати животни, берберски овци, […]

Зелен хуман град: Сиљановска да не ги потпишува контроверзните измени на Законот за урбанизам


Зелен хуман град бара претседателката Гордана Сиљановска да не ги потпишува контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои се овозможува уништување на плодно земјоделско земјиште со поставување на фотоволтаични централи и ветерници. -Ве повикуваме да покажете дека навистина сте претседателка на сите граѓани и да постапите во корист на граѓаните. Уништувањето на плодно […]

Шуга се појави во основно училиште во кумановското село Романовце


Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце, соопштија денеска надлежните од училиштето. Денеска, на терен беа присутни и екипи од Центарот за јавно здравје кои извршија увид. Семејството на едниот ученик доставило потврда од лекар до училиштето. Во […]

Ѓорѓиевски: И советниците да можат да бидат отповикани како градоначалникот


Локалната власт мора да биде ефикасна, отчетна и вистински одговорна пред оние кои им го дале мандатот и довербата, порача претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. На четвртиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа што се одржува денеска во Скопје, Ѓорѓиевски заедно со министерот за […]

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење


Полициските службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изминатиот викенд издале вкупно 3.142 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 1.314 платни налози. Како што соопшти денеска МВР, според статистичките показатели прекршоците по […]

Во ЗОО Скопје угинати берберски овци


 ЗОО Скопје денеска информира дека минатиот вторник угинале берберски овци кои немале видливи знаци на повреди и претходно не покажувале знаци на болест.  – Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за […]

‘Сите заедно за почист воздух’ координирана акција на МЖСПП со ЗЕЛС за собирање кабаст отпад и градежен шут


Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со ЗЕЛС и општините, а согласно Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024-2025, иницираше координирана акција за собирање кабаст отпад и градежен шут кој е препознат како еден од изворите на загадување на воздухот, нареченa ‘Сите заедно за почист воздух’. Пилот акцијата на МЖСПП […]

Утре слаб снег во целата држава


Според прогнозата на УХМР, времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег.   Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.   Во Скопје променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот […]

Тетовската библиотека со зголемен книжевен фонд иако функционира во помалку од 150 квадрати


Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово во 2024 година го зголеми книжниот фонд со купување на 470 нови наслови, односно 1420 нови книги и 269 нови книги подарени од тетовските роднокрајни автори.  Бројот ќе се зголемува и во текот на оваа календарска година со оглед дека има одобрен буџет од Министерството за култура, но од друга […]