Таравари: „Ѓока“ ќе стопанисува со паркингот на Клинички најмногу 7-8 години


Договорот за користење на паркингот на Клинички центар не е потпишан, а министерот за здравство Арбен таравари, вели дека треба да помине и филетор на Влада, но ако и од таму и од јавноста се смета дека договорот не треба да се реализира, тој нема да го потпише.  На денешниот настан на Клиниката за инфективни […]

Изјава на министерот за здравство Арбен Таравари (во живо)


Изјава на министерот за здравство Арбе Таравари кој е во посета на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, по повод промоција на нова медицинска опрема и комплетно реновирање на повеќе оддели на клиниката.  

Крива Паланка ќе гради адреналински парк на Калин Камен (видео)


Крива Паланка ќе добие нова, атрактивна содржина за развој на туризмот, адреналински парк на Калин Камен што ќе се гради во рамки на најновиот проект на општината од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија.     -Потпишан е договорот за најновиот проект „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во […]

Објавена „Амбиент“ – книга шеста (2020–2024) на Зоран Иванов


Од печат излезе „Амбиент“ – книга шеста (2020–2024) (анализи, колумни, коментари, интервјуа…) на Зоран Иванов, еден од бардовите на македонското новинарство. Приредувач, редактор и издавач и на оваа книга, како и на претходните „Амбиент“– 1, 2, 3, 3/1, 4 и 5, е Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат […]

Презентација на прелиминарни наоди од студијата „Родово базирано насилство врз жените и девојките во јавните места во Скопје и Тетово“


 Во Скопје денеска ќе бидат презентирани прелиминарните наоди од студијата „Родово базирано насилство врз жените и девојките во јавните места во Скопје и Тетово“. Студијата ги разгледува степенот и различните димензии на насилство врз жените и девојките на јавните урбани места во Скопје и Тетово, информираат организаторите на настанот. Како што појаснуваат, истражувањето првенствено се […]

Изложба „Убавите жени во мојот народ“ во НУБ „Св. Климент Охридски“


По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе биде отворена традиционалната изложба „Убавите жени во мојот народ“. Авторки на изложбата се Марина Мијаковска, Елени Новаковска и Искра Димитрова. Како што е најавено, на изложбата ќе бидат презентирани материјали од Збирката […]

Советот на јавните обвинители ќе избира 47 нови обвинители


 Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот во просториите на Советот. Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје. […]

Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло


Времето денеска ќе биде ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје претежно сончево и топло со слаб северен ветер. […]

Перински: Репресивната мерка не е омилена, но комунални редари мора да има


Решенијата што ќе се понудат со изборната програма ќе бидат системски издржливи целосни решенија за проблеми како загадување, јавен транспорт, зеленило, одлагање на отпад, паркиралишта…, најавува министерот за локална самоуправа Златко Перински.  Во вечерашното гостување на ТВ Телма, запрашан за можната номинација за градоначалник на Скопје, рече дека веќе јавно ја искажал неговата амбиција, како […]

„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички


„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје, објави Призма. Министерот за здравство Арбен Таравари за БИРН потврдил дека оваа албанската фирма со јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот во наредните 20 години. На огласот, кој беше распишан на 15 ноември се јавила само „Ѓока констракшн“, која е формирана во Тирана […]

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“


 Пехчевските пожарникари – добороволци денеска гаснеа пожар кај место викано „Суви Дол“. Во пожарот, како што информираа, зафатени биле овошни насади, како и сува трева. – Денеска пет членови на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, заедно со вработени од ПШС „Равна Река“ – Пехчево, интервенираа на пожар на место викано „Суви Дол“, каде гореа сува […]

Без вода утре дел од општина Центар


Без вода во текот на утрешниот ден ќе остане дел од општина Центар, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснуваат, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Киро Крстевски Платник“, дел од корисниците на оваа улица ќе бидат со прекинато водоснабдување. Според најавеното, вода за пиење ќе нема од девет […]

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга


 Лицето Албана Жута не ги исполнило условите за поставување вршител на должноста директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, односно не била назначена од редовите на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик, покажал извештајот на Државниот просветен инспекторат направен во август 2024 година. Тоа го кажа Виолетка […]

Логопедите се клучни за поквалитетен живот на лица со патологија во вербална комуникација


Комуникацијата е клучот за човековата интеракција, изјави за МИА логопедот Христина Милчевска од Крива Паланка, која по повод денешниот, Европски ден на логопедијата, 6 Март, апелира на подигнување на свеста за важноста на логопедите и нивното влијание за поквалитетен живот на лицата со патологија во вербалната комуникација. Милчевска е специјалист, клинички логопед, во Здравствениот дом […]

Пожар во стан од зграда во центарот на Скопје, интервенирале две противпожани возила


Пожар избувнал денеска во стан во зграда на петти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Противпожарната бригада. Повредени нема, вели командирот на противпожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски. – Станува збор за пожар во станбена зграда на петти кат, на бул. „Кочо Рацин“, веднаш до Домот на синдикатите. […]

За Најчевска е сомнително големото намалување на казната за Боки 13


  Скопскиот Апелациски суд одлучи да му ја намали казната од девет на пет години на Бојан Јовановски (Кои 13) и со тоа да ефективно да му го прекине извршувањето на затворот цо случајот „Рекет“. По оваа одлука Боки 13 има да одлежи уште неколку месеци затвор, но тој во овој момент е на слободода […]

Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип


Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2.569 нови случаи на грип, што е намалување од 15,4 отсто во споредба со претходната недела. Сепак, бројот на заболени е четирикратно зголемен во споредба со истиот период минатата година и за 38,4 проценти во споредба со последните 14 сезони. […]

Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет од Скопје


Професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со анализи и стручна помош ќе му помагаат на Министерството за финансии во неговиот делокруг од работата. Ова го предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески во просториите на факултетот. […]

Сиљановска стави старешини на генералски позиции


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места предвидени за генерали, соопштија денеска од нејзиниот Кабинет. Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, досегашниот началник на штаб во Командата за операции, е поставен за командант во Командата за операции во Генералштабот на Армијата. Бригадниот генерал Бесник […]