Од понеделник ново депо на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје соопшти дека од 17 март ќе биде отворено новото депо на пајак-службата на претпријатието, на новата локација до улица и мост „Беласица“ под Железничката станица. Новото депо ќе биде посветено на поддршка на процесот на управување со паркирање, одржување и чистење на јавните површини, како […]

Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта – пратениците да гласаат за 50 % поевтини патарини


На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините за 50% и нивно законско регулирање, со што Владата повеќе нема да може произволно да ги зголемува цените и бројот на патарините. Македонија има највисоки цени за патарини во регионот, а квалитетот на патиштата останува […]

Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади


Во Собранието денеска ќе има уште еден обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред има само една точка – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. Завчера работата на оваа Комисија остана […]

Почина истакнатиот ортопед Глигор Џолев


На 80-годишна возраст почина истакнатиот ортопед проф. д-р Глигор Џолев, соопшти семејството. Професор д-р Џолев е роден 20.07.1944 година во Струмица и целиот свој живот го посвети на медицината, несебично помагајќи им на своите пациенти со стручност, човечност и искрена грижа. Од 1972 година до 2009 година работеше, и своевремено бил Директор, на Ортопедската клиника […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 14 март 2025 година, 73-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 292 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 17 часот и 39 минути. Денов трае 11 часа и 51 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее […]

Ќе им се случи народ: Мицкоски за петтемината членови на Судскиот совет ако не си поднесат оставки


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија најави дека ќе се случат протести ако корумпираните судии за кои беше изгласана недоверба во Собранието не си дадат оставки, а на тие протести тој ќе биде во првите редови.   „Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на […]

Ѝ Мицкоски се сретна со славниот тенор Доминго


По првата проба од затворен карактер со Оркестарот на Националната опера и балет, веднаш по слетувањето во Скопје, шпанскиот тенор со светска слава Пласидо Доминго, попладнево се сретна во неговиот кабинет и со премиерот Мицкоски и со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Националната опера и балет објави инфо од средбата на својата ФБ […]

ЈКП Гази Баба: Загадена водата во Булачани


Во периодот од 8 до 10 март 2025 година, водата во селото Булачани добила променета боја и миризба, предизвикувајќи загриженост кај локалното население. Јавното комунално претпријатие Гази Баба веднаш реагирало и го пријавило случајот во СВР Скопје, каде што преземаат мерки за расчистување на случајот. Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, на 12.03.2025 во […]

Македонија е четврта во светот по потрошувачка на цигари со 5.000 смртни случаи годишно


Справувањето со здравствените и економските последици од употребата на тутунот, е навистина голем предизвик за сите земји од регионот, вклучително и во мојата земја, во која има поразителни статистики и во однос на процентот на корисници на тутунот, и на бројот на загубени живот како последица на оваа зависност, како и штетите на годишно ниво […]

Со свеченост Специјалната антитерористичка единица ТИГАР одбележа 44 години од формирањето


Во Касарната „Илинден“- Скопје денеска со свечена церемонија беа одбележани 44 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на свеченоста истакна дека во своето петдецениско постоење САЕ Тигар од аспект на професионалност, стручност, обученост на своите припадници, претставува вистинска гордост, како на МВР, така и на цела Македонија. […]

Обвинителите од организиран криминал ги отфрлаат нападите за наводна пристрасност


  Јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет, се вели во реакција објавена од Службата за односи со […]

Со 350 000 долари 11 општини ќе реализираат технички документации за нови проекти


Единаесет општини во Македонија ќе добијат грантови во вкупен износ од 350 000 американски долари од Фондот за техничка документација (ФТД) за изработка на техничка документација за нови проекти. Градоначалниците на Градско, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Студеничани, Теарце, Чашка, Чаир, Охрид и Штип денеска потпишаа договори кои ќе им помогнат во зајакнување на капацитетите […]

Трендафилов: Не ни требаат сеирџии, туку партнери


Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Загрижува што не оставија во арената да се тепаме со работодавачите, знаејќи од претходно дека едниот ќе биде победник. Капиталот е далеку помоќен од работниците кога седиме на маса, нивната одлука тежи далеку повеќе од одлуката на работниците. Но, за да го […]

Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени


 Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен […]

Центар ги казни сите угостители што се „распослале“ на Кеј


Општина Центар денеска спроведе вонреден инспекциски надзор на угостителските објекти на Кеј „13 Ноември“, при што беа изречени казни за сите правни субјекти кои ги узурпираа јавните површини со поставување урбана опрема без соодветно одобрение. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека ваквите инспекциски надзори ќе се интензивираат во наредниот период и дека нема […]

Туристичката населба Беровско Езеро добива улично осветлување


Привршуваат градежните активности од третата фаза за поставување нова линија на  улично осветлување во туристичка населба Беровско Езеро. Како што соопшти денеска градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски поставени се вкупно 26 канделабри, во вкупна должина од 750 метри. -Дел од овие канделабри се поставени на патот кој води кон Клепало и дел околу тиристичките капацитети. […]

Д-р. Пановски во одбрана на директорот на гимназијата „Орце Николов“: Ќе ги поништите и свидетелствата?


  По одлуката за разрешување на директорот на скопската гимназија „Орце Николов“, Митко Димовски, денеска на седницата на Советот на Град Скопје, советникот д-р Никола Пановски, праша како може да се менува директор за неправилност од 2022 година и дали тоа значи дека ќе се поништат сите сведителства издадени од тогаш, а ги потпишувал токму […]

Битолските ученици најмногу страдаат од психичко врсничко насилство


  БИТОЛА – Високи 96 проценти од учениците, испитаници,  од основните и средните училишта во Битола знаат што е тоа врсничко насилство и се детално запознаени кои се дејствија можат да се подведат под овој поим, стои во прелиминарните резултати од истражувањето во кое беа вклучени 609 ученици од сите седум средни и осумнаесет основни […]

Нови 2.347 случаи на грип во државава, уште еден смртен случај


 Од 3 до 9 март во државава се пријавени 2.347 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 8,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истиот период од минатата сезона е зголемен за 5,5 пати, а во споредба со бројот […]