Етиката и вештачката интелигенција: Предавање на проф. д-р Најџел Крук од Универзитетот Оксфорд Брукс во МАНУ


 Во Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне предавање ќе одржи проф. д-р Најџел Крук од Универзитетот Оксфорд Брукс, на тема за етиката и вештачката интелигенција: „Moral machines: a virtue ethics approach to eАcal robot behaviour?“ Предавањето е во организација на Одделението за природно-математички и биотехнички науки на МАНУ во соработка со Балканскиот институт […]

Јавна дебата по повод Неделата на пешаците


На Факултетот за безбедност во Скопје денеска ќе се одржи јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“,  по повод Неделата на пешаците. Дебатата ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност. Најавено е учество на експерти од областа […]

Без вода дел од Карпош


Поради уличен дефект на водоводната мрежа на крстосницата на улиците „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на овие две улици, како и на улиците „Софиска“, „Његошева“, „Гаврил Лесновски“ и „Петар Драганов“ во општина Карпош. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санакција на дефелтот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно […]

Сиљановска го помилува Ѓоко Поповски – осуден за „мерцедесот“


Поранешниот помошник  за јавни набавки на министерот во МВР, Ѓоко Поповски, излегува на слобода по 9 години поминати во затвор. Одлуката за делумно помилување е потпишана од македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, со што Поповски е ослободен од понатамошно издржување на остатокот од казната. Поповски беше осуден во предметите „Триста“ и „Тенк“ на Специјалното јавно […]

Битолчани против депонија во Пелагонија, бараат формирање на координативно тело и организиран настап


БИТОЛА – Формирање на координативно тело на протестите и организиран настап пред институции, побараа граѓани на Битола на вечерашниот протест против депонија во Пелагонија, што се одржа пред Општина Битола. Трета среда по ред, граѓани излегоа на мирен протест против изградба на регионална депонија на територијата на Општина Новаци. На протестот што започна пред зградата […]

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во име на македонските граѓани и во свое лично име изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави што во моментите на национална трагедија и шок, предизвикани од кочанската апокалипса, пружија и сè уште пружаат навремена и несебична помош, водени од принципите на солидарност и хуманост, соопшти Кабинетот на претседателката на државата.  Во […]

Градежната инспекција од Битола удри по дивоградбите во Потпелистерието


БИТОЛА – Градежната инспекција во Општина Битола покрена постапки за три објекти во Потпелистерието, а за уште еден врши контрола врз документацијата. Општина Битола денеска и со фотографии ги објави дивоградбите од кои две се во Нижеполе, а едната во близина на населбата Довлеџик на излезот од Битола од страната на Охрид. Градоначалникот Тони Коњановски објави […]

Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот


 Вардар денеска во Велес ги поплави двете страни од кејот, а под вода се дрвјата покрај реката во Градскиот парк. За опасноста од излевање на Вардар, како што изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, веќе има дојава до кон Општина Велес и е побарано веднаш да излезат на терен и да извршат правилно и видливо […]

„Булмак“ тврди дека има петпати помалку цијанид во Крива Река


Нивото на цијанид во Тораничка река (која се влева во Крива Река) е пониско од граничните вредности за води од трета класа како што е оваа река, тврдат денеска од компанијата „Булмак 2016“ кои одржаа  конференција за медиуми во чии рамки на присутните новинари им беа презентирани лабораториските наоди добиени од земените мостри вода веднаш […]

За Владата не е проблем да ги „спушти“ платите, но тоа немало да им го реши проблемот на работниците


Проблемот на работниците може да се реши системски и со вистински пристап, велат од Владата откако денеска раководството на Сојузот на синдикати на Македонија побара зголемување на минималната плата на 500 евра или избраните и именуваните лица да земат минимална плата.  – Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се […]

Националната галерија го одбележа Меѓународниот ден на лицата со аутизам


Меѓународниот ден на лицата со аутизам, Националната галерија на Македонија традиционално го одбележа со инклузивни креативни работилници. Децата од повеќе училишта ОУ „Невена Георгиева Дуња“, ОУ „Св. Климент Охридски“, ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, сите од Скопје, како и студентите од Машинскиот факултет, отсек индустриски дизајн заедно работеа на изработка на „хотели […]

Наместо канцеларии за фирмата незаконски изградил ексклузивен ресторан во под Пелистерието


БИТОЛА – Познат бизнисмен и угостител од Битола наместо да изгради објект за потребите на фирмата, тој од просторот направил луксузен ресторан за правење на свадби и свечености. Локацијата избрана за свадбените сали е на патот кој води кон Националниот парк Пелистер, под селото Дихово, каде во околината има и други големи сали за свадби и […]

Во гимназијата во Дебар за упис во прва година 204 места, 68 помалку од минатата учебна година


Во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во прва година во учебната 2025/2026 година, можност за упис имаат 272 завршени деветоодделенци. -Според Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година во нашата гимназија ќе може да се запишат 204 завршени основци на двата наставни јазика, што е […]

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција


Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор. Како што наведуваат оттаму, во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција […]

Македонија влегува на светската мапа на планинарски патеки


Проектот Македонска бесконечна трансверзала, познат и под уметничкото име Sammiana, се развива со брзо темпо и веќе оваа година се очекуваат првите странски планинари. Целото источно крило во должина од 1166 км е веќе дигитално мапирано со сите потребни информации за трасата на оваа наша планинарска мегапатека, пренесе Fakulteti.mk. Она што е можеби најважно е […]

Кавадарци доби отсек медицинска сестра во средното образование


Кавадарци доби отсек медицинска сестра во средното образование, информираше денеска претседателот на Совет на Општина Кавадарци, доктор Стојанче Рамов, изразувајќи задоволство и благодарност што добиле верификација од министерката за образование и наука Весна Јаневска и од 1 септември ќе стартувал нов смер медицинска сестра во средното општинско училиште „Ѓорче Петров”.  -Општина Кавадарци континуирано работи на […]

Се подготвува нов Закон за пожарникарска служба


Се изготвува нов Закон за пожарникарска служба, по што веднаш ќе бидат и зајакнати капацитетите на територијалните противпожарни единица во општините, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за долгогодишните проблеми со бројот на пожарникари во ТППЕ-Кочани, кои храбро учествуваа во гаснењето на пожарот во дискотеката „Пулс“, каде што загинаа 59 млади луѓе. -Вработувањето во пожарникарските […]

Државна матура ќе се полага во факултетите за училиштата што немаат услови


Училиштата кои немаат услови за спроведување државна матура, нивните ученици ќе ги спроведат во некој одфакултетите, за да не се соочат со ситуација како лани, кога се носеа клупи и столлчиња во дргуи простории.   – Сите оние училишта коишто ги исполнуваат просторните можности согласно Правилникот за организирање државна матура, што значи метар и половина пред […]

Советот на јавни обвинители не го дава Коцевски


Советот на јавни обвинители не дава да биде сменет Љупчо Коцевски. без присуство на јавноста и со мнозинство гласови на затворената седница даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител.  За прифаќање на предлогот гласаа само тројца, додека шест члена гласа против. За прифаќање на предлогот на Владата за разрешување […]