Активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка


На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци), соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните […]

Сончево и студено, температурата до 13 степени


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од минус 10 до 0 Целзиусови степени, а […]

Без струја денеска дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром и Карпош, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од Горно Лисиче во делот од „биолеб“ до половни Автоделови „VOLKSWAGEN АЛЕК“ во Општина Аеродром. Во периодот од 09:30 […]

Прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата


Во свечената сала на Владата денеска ќе се одржи првата седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата. На настанот поздравни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, кој вооедно раководи со Меѓуресорското тело. Како што соопшти владината прес-служба, обраќања ќе […]

Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода


 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром и Карпош, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од Горно Лисиче во делот од „биолеб“ до половни Автоделови „VOLKSWAGEN АЛЕК“ во Општина Аеродром. Во периодот од 09:30 […]

Битолскиот музеј блесна во нова жолта фасада


БИТОЛА – Во ново руво е зградата на битолскиот Завод и Музеј и ги привлекува сите погледи на минувачите, особено навечер со амбиенталното осветлување. Предниот дел од некогашното воено училиште во Битола каде се школувал и творецот на модерна Турција, Кемал Ататурк во изминатиот период имаше бледа крем нијанса, а сега е во впечатлива жолта […]

Oпштина Велес распиша јавен повик за купување инвертар клима, сончев термален колектор и велосипед


Жителите на Општина Велес, физички лица носители на домаќинства кои ќе купат и монтираат инвертар клима за затоплување на своето домаќинство од 4 април до 6 мај годинава до локалната самоуправа можат да поднесат барање за надоместување на трошоците во висина од 30 проценти од вредноста на уредот, но не повеќе од 15 илјади денари […]

Намален бројот на основци и средношколци во Македонија


На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180.627 ученици, што е намалување за 0,8 проценти во однос на претходната учебна година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, намалување од 0,2 отсто има и на бројот на средношколци во оваа споредено со претходната учебна година. На […]

Александар Карадакоски ќе биде погребан утре во 14 часот на Градските гробишта во Кочани


Погребот на Александар Карадакоски, кој е 60-та жртва во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, ќе биде утре на Градските гробишта во Кочани. Семејството веќе ги извести роднините и пријателите дека неговото тело од 12 часот ќе биде изложено во капелата пред гробиштата, а погребната церемонија ќе се одржи во 14 часот. Претходно од Министерството за […]

Менсур Пајазити осуден на две години затвор за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа


На повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа, денеска во Основен суд Тетово, обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, судијата Елведин Ферати го осуди на казна затвор од две години. Менсур Пајазити, роден 1973 година беше огласен за виновен за кривично делото „Тешки дела […]

Гази Баба субвенционира стерилизација на домашни миленици


Општина Гази Баба годинава субвенционира стерилизација на  домашни миленици. Општина Гази Баба, 100% ги надоместува трошоците на граѓаните, но не повеќе од 6000 денари.  -Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се […]

Сервисирани се и оперативни сите лифтови во зградата на МТВ


Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции. Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и […]

Александар Гавриловски е 61 жртва од Кочани


Александар Гавриловски е 61 жртва на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој беше пратен на лекување во Литванија, потврди попладнево министерот за здравство Арбен Таравари. – Денеска во 11 часот почина и вториот пациент којшто престојуваше во Литванија, се работи за Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, значи 29 години, којшто беше […]

ОЈО Куманово: Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе ОЈО ГОКК


Основното јавно обвинителство Куманово, денеска информираше дека предметот за загадување на Крива Река во Крива Паланка ќе го преземе Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што претходно информираа, кумановското обвинителството формираше предмет, во меѓувреме стигнала и кривичната пријава од градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. -За актуелниот настан за загадување […]

Гореше велешката Градска депонија за комунален смет


Пожар на велешката депонија за комунален смет, лоцирана на Штипско џаде над градот,  во Територијалната Против Пожарна Единица Велес бил пријавен вчера, околу 11,30 часот. Двајца пожарникари на депонијата го гаснеле огнот скоро два часа се ’до 13:20 часот со едно противпожарно возило, информираат денеска од ТППЕ Велес. По интервенцијата пожарот бил локализиран и целосно […]

Уште една жртва на пожарот во дискотеката во Кочани


Пациент кој бил на лекување во Литванија со тешки изгореници по телото е 61 жртва на страшниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Според министерството за здравство во моментов во медицинските центри надвор од Македонија се лекуваат 67 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана. Повеќе детали наскоро се очекува […]

Таравари: Има простор за критика, но најважно е што од 193 пациенти само еден почина


 Има простор за критика, повелете, критикувајте не, но со гордост можам да кажам дека од вкупно 193 пациенти со изгореници успеавме и до денеска имаме само еден починат, рече министерот за здравство Арбен Таравари, одговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Кочани. Според Таравари, исправна е одлуката дел од пациентите да се пратат […]

По повеќегодишен бојкот конституиран Советот за соработка меѓу владата и граѓанското општество


Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска учествуваше на првата седница на новиот состав на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Со ова, формално заврши повеќегодишниот бојкот на Советот од страна на граѓанските организации, започнат како реакција на непринципиелното распределување на јавните средства од страна на претходната […]

Примарното здравство ќе се подобрува со пет протоколи – фокус на кардиоваскуларни болести


Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, по повод Светскиот ден на здравјето, најави значителни реформи за примарната здравствена заштита. Тој соопшти дека се воведени пет нови протоколи за примарното здравство, вклучувајќи кардиоваскуларни и слични болести. – Следните мерки се за подобрување на здравствена заштита и МЗ веќе донесе 5 протоколи за примарното […]